1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв однос

Дискусија во 'Интимни прашања и проблеми' започната од najs, 26 јануари 2012.

  1. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    + 18 треба да се направи форумов , за овие месец дена колку што сум зачленета толку луѓе желни за внимание ма нема нигде ....
    Во 21 век да не бидеш информирана значи ептен треба да си родена негде во џунгла .И да после
    ебење
    нема каење ..На 14 години ластик игравме на улица , ццц каде оди светов ...треба пак да се воведе појас на невиност па малце во ред да се доведе промускуитетнава младина од 13-14 годинки ...
     
  2. lovely-jublee

    lovely-jublee Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6

    срамота е за гинеколог а не е срамота да се е*еш? каде бе мала со тој памет? ај иди доцицај млеко па после ке праиме муабет цццц
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Искрено, јас на форумов сум давала совети дека е рано за секс уште на 15 години, а еве јас се најдов во таква ситуација да сакам да имам и не се премислувам во врска со тоа. Најблиските другарки што слушнаа нормално дека беа против ова, ама ништо не би ме разубедило во моментов, не терам никаков инат и цврсто сум решена да го направам тоа со него, го сакам, му верувам, знам дека ќе биде преубаво и совршено. И не сум неедуцирана во врска со оваа тема, ги знам сите ризици, и нормално дека се плашам нешто да не се случи не дај боже, ама се чувствувам спремна и неколку караници и некои работи не ме спречија во ова, и не го менувам мислењето во смисол денес сакам, утре не сум сигурна, задутре не сакам веќе.. Не дека ги бодрам девојките што се на моја или отприлика на моја возраст веднаш да имаат секс, зашто некои го прават тоа од погрешни причини како колку само да видат како е, да се скинат, од што ги интересира.. или куп други причини. И пред да го направат тоа треба дообро да размислат, не е важно дали имаат 15 или 18, најважно е да се чувствуваат спремни за тоа и да го направат тоа од љубов и секако да земат во предвид некои други важни фактори. Можеби ќе бидам нападната по овој пост, ама не ми е ни важно, зашто јас сум веќе одлучена на овој чекор и ништо не би ми го сменило мислењето. :)
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.981
    Пол:
    Женски
    Блу ти верувам дека си спремна,ама лично мислам дека ти е рано.Цел живот ќе бидеш жена,а ако го направиш тоа никогаш нема да бидеш девојче.Уживај во тоа,зошто брзаш.Сепак ти си знаеш.Твое тело,твој избор.
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    И те како е битно дали имаат 15 или 18. Со 15 години ти си уште девојче, само што си згазила во адолесценцијата, телото уште ти се развива. Разбирам хормоните ти вријат, ама почекај уште неколку години. Лесно е да го направиш тоа, одговорноста е потешка. Лунчка убаво ти кажа, остани си девојче уште некое време, цел живот ќе бидеш жена.
    Мислиш дека знаеш да се носиш со целата одговорност околу сексот, ама додека не искусиш тоа се празни зборови.
    Јас кога почнав со односи имав 18 години, па бев прилично потресена (а и ден денес сум) кога ќе ми касни. Кога ќе осетев и најмала болка, неповрзана со сексот, таму доле, кревав паника. А на 18 се сметав поприлично зрела за таков чекор.
    Пример, не дај Боже останеш бремена, фатиш некоја инфекција, бактерија, што и да е, како побогу ќе и кажеш на мајка ти. Не верувам дека некој родител би оправдал неговото дете да има односи на 15 години.
    Почекај некоја година, пак ќе кажам. Денес нема да се каеш, ама за 1-2 години ти гарантирам. Сега леташ со паметот, мислиш се што ќе кажеш е точно, дека ти си само во право.
    Разбирам јас дека вие денес се сметате за напредни генерации, ама ова ми е несфатливо. Многу.
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Девојки, ви благодарам многу на мислењата и ете можеби сте во право, и не е дека терам инат ама едноставно веќе сум решила да го направам тоа, а одлукава не ми е баш од вчера па сега да се премислувам. Инаку Тинкербел, тоа што ми спомна за бременоста, знам, нормално и мене дека ми е страв, искрено за тоа ми е најмногу страв, секогаш постои она ШТО АКО.. Ама ако е така, сите ќе останеме невини до брак што се вика, од што ни е страв да имаме односи. А за делот што си го цитирала, тоа повеќе го мислев во смисол дека независно дали ти имаш 15, 18 па и 20 не треба некој да те наговара или присилува на тоа, или да го направиш тоа зашто сметаш дека тоа го прават твоите врсници па ти да испаднеш јака фраерка како нив (тоа зборувам за моите врсници) или пак кога ќе имаш 18 или 20 да го направиш тоа зашто мислиш дека веќе ти е касно, а твоите другарки одамна имаат стапено во сексуални односи. Ете, има некои што се осеќаат спремни на 15, 16 како мене иако можеби вас ви изгледа несфатливо, а има некои што не се осеќаат спремно па на 18.

    Нормално било да се осеќаш потресена и се тоа, прв пат ти било, сигурно и мене ќе ми биде така, а тоа не мора да значи дека сме биле неспремни, туку зашто е прв пат а после првиот пат сите девојки се збркани што е и нормално.

    Поздрави. :*
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Не знам Блу, колку ти се чувствуваш спремна за секс, ама сепак мислам дека избрзуваш и тоа многу.
    А те следам редовно, те сметам за прилично зрело девојче, ама ова однесување некако и не ми е баш својствено за тебе. Твое право си е, ама јас сум сигурна дека како што кажаа Луна и Ѕвончичка - еден ден ќе се каеш, не денес, не утре, ами кога потполно ќе созрееш и ќе сфатиш каква грешка си направила.
    А и колку што знам, не сте во врска со дечкото сè уште, освен ако нешто не се сменило до сега, што се сомневам, ама во секој случај лошо е што си дозволила толкава слобода па да стигне дури и до таа „фаза“.
    Ако дечкото стварно сакал да биде со тебе и сите тие работи по ред, ќе се согласел да си бидете официјални, па потоа сите работи по ред, па после да ти влијае во тие води.Мене искрено, сомнителен ми е, ама ти си го знаеш најдобро - јас само си го кажав моето мислење најдобронамерно.

    И да, сите мислиме дека сме супер-информирано во врска со сексот и си одиме по некоја си шема, а кога ќе се случат сите тие работи после си ја акаме главата од ѕид - тука ништо не оди по шема, секој пар си е приказна за себе и не верувам дека колку и да внимавате, ако дојде до некое така да кажам „отстапување од шемата“ дека ќе си свиркате опуштено со рацете в џеб. Ќе паничите мајке ми, и тоа како. Секој би.
    Јас уште не би се осудила да започнам со односи. Барем не уште некое време, иако се осеќам потполно спремна и иако имам 19 полни. Страв ми е од можните последици, иако знам дека до мене имам човек што апсолутно внимава на сè, ама тоа е тоа.

    Сигурна сум дека и сега не ти е сеедно и си имаш некои дилеми, затоа што невозможно е да бидеш психички спремен на 15. Преиспитај се убаво, ама сепак знам дека ниту едно наше мислење не би го променило твојот став. Јас се осеќав должна да ги пишам овие десетина реда, а финалното останува на тебе, сепак ти најдобро си се познаваш. :)
     
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Нормално е да си потресена пред односот, но после тоа секоја созреана девојка ќе се осеќа потполно исто како и пред тоа, затоа што знае се за сексот и затоа што го прифаќа како работа која е нормална за нејзината одредена возраст. Телото на девојките физички за однос е созреано на 16 години. Ти сега се сметаш дека си доволно созреана да размислуваш и за сериозни теми, ама не си ни малце. Ти си толку радознала девојка каква што немам сретнато одамна. Сакаш да пробаш дрога, ете ти доказ дека не си созреана туку си во ек на пубертет и се те интересира. Исто е и со сексот. Слободно прави што сакаш, ако ти утре имаш секс мене тоа ништо во животов не ми мења. Ама некако многу погрешно се развиваш, мислиш дека тераш по добар пат али многу скршнуваш искрено. Ќе ти помине и ова за некоја година ама што се ќе се деси до тогаш е прашањето? Се си има своја граница, ако сега не научиш нема никогаш. Ова ти е добронамерно иако знам дека нема да го сфатиш, едноставно таков ти е пубертетот.
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Па и не е баш така, зашто сестра на моја најдобра другарка првпат имаше однос на 22 години, па била потресена малку по односот, секако на позитивен начин. Сега, кај секого е различно. А тоа со дрогата, едноставно минував низ таков период, ептен бедови ме маваа па сакав да пробам и да не испадне сега дека се порекнувам, БИ пробала, ама не сега. И те сватив за се, знам дека е најдобронамерно а верувај не ми е до пубертетот јас што сакам да имам секс, ако е така и пред тоа ќе имав со кој било колку да се рече, а дечково ми значи. А тоа дека сум радознала, па и не сум дотолку, има сто пати порадознали од мене и што прават дупло поголеми глупости ама без да размислуваат пред тоа или после тоа, и ги прават за да бидат поинтересни. Па и брат ми, а и мојов сакале и пробале дрога и што сега, значи тоа дека се несозреани и дека се во пубертет? Сепак ти благодарам на мислењето. :)
     
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Блу, сите ти кажуваме дека избрзуваш, ама ти упорно одиш со главата во ѕид. Нас ништо нема да ни смени ако ти легнеш со некој сега, или за неколку години. За нијанса сме поискусни од тебе, верувај полесно е друг да послушаш отколку од свои грешки да извлекуваш поуки.
    Ти веќе си решена. Тогаш направи го тоа. Само јас сум сигурна дека ќе се каеш. И дека ти е прерано.
    И стварно не можам бре и не можам да ви го сфатам денешниов пубертет. Дрога, таков период? Каков период, ти се молам? Трпиш, си изгубила не дај Боже близок, немаш за леб, мораш да работиш уште од 15 години? Или за невозвратена љубов се работи |( ?
    Разликата меѓу нас е само 6 години, а се чини како децении.
    Бес, јас ова бес го нарекувам.
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Ајде, уште овој пат ќе реплицирам, не за друго туку зашто не сакам да правам оф-топици. Најпрво, не се работи за никаков бес, зашто одлукава ја донесов со мирна глава и бев потполно сигурна, баш бев среќна во тој момент. Така што не одам со главата во ѕид, само сакав да си го искажам мислењето на форумов, ама знаев дека ќе наиде на вакви реакции (иако знам дека се најдобронамерни) А верувам дека и ти кога си била тинејџерка си минувала низ такви периоди, можеби не си посакала да пробаш дрога ама секој има различен карактер и темперамент. И да, поминував низ тежок период, најпрво со него, потоа дома имав проблеми (а и кога немам, тотално дисфункционално семејство сме, почнувајќи од татко ми кој ги прави сите проблеми, ама ајде тоа е веќе друга тема) и сакав само да се опуштам за момент, ама ете не пробав, иако би пробала како што реков, ама понатаму. Јас велам дека нема да се каам, па и по две недели да прекинеме, мене ќе ми биде мило што ми било со него првпат.

    :)
     
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Проанализирај ги малце и минатите љубови (да ги наречам) и ќе сфатиш дека секој значел на одреден начин и верувај дека секој нареден ќе ти значи повеќе од претходниот. Јас верувам дека нема да се каеш за одлуката, но што менува доколку се случи малку подоцна со истиот дечко? Премногу е рано за да влезеш во посериозни односи, сеуште не си го изживеала тинејџерските денови како што треба.

    За секс има време, ехеее... цел живот ќе бидеш жена, а тинејџер си многу малку.

    Не ми е целта да те разубедувам, само ете размисли уште еднаш.
    Твојот став за дрогата искористи го и за ова.
     
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Блу, целта со постот не ми е воопшто да ти солам памет туку мислам дека ќе ти биде корисно ова.

    Зошто не го замолиш дечкото да дојде со тебе( пред да имате однос) на гинеколог? Така ќе видиш колку тој (а, и ти ) е спремен да поднесе одговорност и да се грижи за тебе. Во тоа сте заедно, без разлика на возраста. Претпоставувам дека е и постар и треба да биде поодговорен.

    Речи му дека сакаш да дознаеш детално се од прва рака,од стручно лице. На крај краева треба да решите каков тип на контрацепција ќе употребувате.

    Така ќе видиш колку те почитува,сака и се грижи за тебе. Ако те посоветува да одиш сама,треба да знаеш дека за се останато понатаму ќе бидеш сама( не дај боже инфекции,бременост..).

    Бидете одговорни,зрели и направете ризикот да биде сведен на минимум.

    П.С. Освен тоа, на 15 години хормонски твоето тело уште не е стабилизирано , не редовни менструации и така натаму, затоа една од главните причини покрај емотивната зрелост, да се чека до 18 е и физичката подготвеност на телото.
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    ^ Jас пак не ни мислам дека дечкото воопшто ќе сака да одат заедно на гинеколог. Aма ајде, тоа се веројатно мои халуцинации, и дечкото те третира како кралица. ;)


    Oва е мое гледање, ти сакаш лути се или не.
    3боруваме за тебе, а не за Петко, Cтанко ојле дојле па да споредуваш како другите врсници правеле ова-она, зашто не и јас, ама јас подобра бев, само 2-3 пати имам пробано дрога за разлика од други. Cфаќам дека ти се години, и јас се бунев како тебе зошто не ме пуштиле тој викенд во Левел, а детето на Cтојна оди секој викенд. Безвезни се тие муабети да споредуваш како ти правиш помало зло од толпата и сл., па има некои што немале односи на твои години, не пробале дрога и сл., не ги мавало бедови и? 3ашто некои такви не ти се пример за да се споредиш, или тие не се тотално модерни као вас?

    Cкоро 5 години сме разлика, и еве те советувам онака како што би ја советувала комшивката моја што е на иста возраст ко тебе.
    Tвојот однос со дечково е несериозен, не сте ни официјално во врска, ми изгледа на шалабајзер по твоиве мислења и не мислам дека ти е време да влезеш во тие води макар ти и томови за сексот да читаш.

    A и плус, ми изгледаш дека си крајно одлучна да го сториш тоа, тогаш congratulations, ние џабе ломотиме на темава.
    Дај боже да не сум во право, во што се сомневам.
     
  15. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Се согласувам со ЛилБејби, а и со сите други погоре.

    Прво, глупаво е да ги споредуваш своите постапки со оние на другите. Ако некоја другарка твоја го направила тоа, значи да е нормално и дека и ти треба да го направиш? Не.
    И јас имам другарка на приближна возраст која имаше секс со нејзиниот дечко. Таа си сакала, нејзино право. Плус, тие се заедно повеќе од година и пол. Но сепак, тоа е нејзина одлука, јас не се огледувам на неа.

    На иста возраст сме и знам како ти е. И јас имав дечко со кој одев скоро една година, сме имале убави моменти, го сакав и се чувствував сигурна со него ама сепак не го направив тоа. Мали сме, не знаеме се‘ што може да се деси. Недај Боже да закачиш инфекција некоја, или најлош случај да останеш бремена, што тогаш? Ќе абортираш или ќе бидеш мајка на 16-17 години?

    Џабе мелиме ние овдека .. но мислам дека треба да почекаш некоја година. Тој ако те сака ќе имате нешто повеќе од мување и задоволување на страстите, а и ќе почека некое време. Ти можеби се чувствуваш спремна, не го негирам тоа .. ама сепак мислам дека е подобро да почекаш, нема да штети тоа. Плус, ако се сомневаш во неговите намери, ќе го видиш во вистинско светло - дали е за тебе само поради тоа што знае дека и ти сакаш тоа да се случи, или пак има нешто повеќе.

    Поздрав, и се надевам дека ќе се премислиш.
    Попаметно е. :)
     
  16. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    Девојки го напнавте девојчето.Она одлучила така,и нема како да ја предомислиме.а и незнам зашто сте толку сигурни дека дечкото нема да оди со неа на гинеколог? МОјон со мене с евлечка СЕКОГАШ,а до сеа сум била 5-6 пати минимум.Само еднаш нема дојдено дека беше многу рано сабајле.Дури и по аптеки има доагано со мене.Не мора да значи дека нема и он да ја подржува.Не го бранам детето ни го знам ни ништо,ама не мора да е се така црно како што тврдите.ОСтајте ја нека ужива на крај краева ..и мој совет е да почекаш уште мал период..
    Ама па некој може на 20 години да се скине СО ПОГРЕШЕН,немора да значидека тоаш ке биде безгрешна.тоа никогаш не се знае..како е пишано така. :)
    И сигурна сум,дека знае дека треба да користи заштита и да внимааваат.
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Реков дека нема да реплицирам, ама ајде. Не сакам да звучам грубо, ама искрено не го знаете односот што го имам јас со него, да, не ми е дечко, ама не е ни дека сме само на обично мување. И не е воопшто некој што откако ќе го добие тоа што го сака - ќе ме остави. Впрочем, тој НИЕДНАШ мене не ме притискал за секс, а сто пати сме зборувале, јас сама му реков дека сакам. Ете, сто пати сум била нерасположена или сум имала некои проблеми и сум изгледала дека не сакам да направам некои работи, ама тој не се направил дека не гледа ништо колку да си го истера меракот, туку по 100 пати ќе ме праша што ми е, што е проблемот и слично.

    Најмалку што сакам да докажам со моиве постови дека сакам да имам секс со него, е дека сакам да бидам модерна и да се вклопам во толпата на девојчиња кои имаат секс уште од 13 години. Не. Не ми е тоа воопшто целта, туку го правам ова зашто ЈАС сакам, а не поради нечие друго влијание. Јас да, сум одлучена, ама и ветив на другарка ми како и на себе си дека во текот на овие две недели уште сто пати ќе се преиспитам себе си за оваа работа, па дури после ќе ја донесам конечната одлука.

    Уште еднаш ви благодарам на сите мислења. :)
     
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Не сакам да се правам нешто многу паметна или со тон искуство, ама имам неколку години повеќе од тебе па ќе си земам за право да те посоветувам како што би ја советувала братучедка ми која е на твоја возраст.
    Како прво - ете, можеби сега навистина го сакаш дечкото, и да ти мислиш дека имате некоја совршена врска, совршен однос но ВЕРУВАЈ дека за една-две години нема да размислуваш како што размислуваш сега. Од мое лично искуство ти кажувам. Јас на 15 години врските ги доживував на многу подруг начин од сега. Сега веќе размислувам позрело и сфаќам дека некои работи и не се така како што изгледале. Да не должам многу, сакав да кажам дека сега ни двајцата не сте спремни на тој чекор иако ти си убедена дека си спремна. Почекај БАРЕМ уште две години. Еве јас со дечко ми направивме и повеќе од година и иако веќе имаме изградено некој однос јас сеуште неможам да се опуштам за тој чекор затоа што размислувам за последиците. Не велам дека ти не размислуваш за тоа, но ете на 15 години можени не ги сфаќаш тие работи така сериозно, верувај дека за година-две ќе се каеш за одлуката.
    Твое право си е што ќе правиш, наше е да те посоветуваме. Најдобронамерно ти велам прифати ги нашите совети :) На тебе останува да решиш сепак, ние неможеме да те набедуваме да не го правиш тоа, но верувај за се си има време. Нема да останеш без да имаш секс, од тоа никој не избегал :D Уживај си во наујубавите години без да се тресеш ако ти касни, ако осетиш болка или чешање... Ова ти е најубави денови и не си ги уништувај со проблеми кои кога тогаш ќе ги имаш. Не брзај да пораснеш, ќе го бараш овој период и тоа како. Се може да се стигне, ама ништо да се врати ;)
     
  19. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    blueeparadise ти веќе си решена на тој чекор. Тебе покрај 20 негативни мислења, доволно ти е само 1 за да те поттикне кон тоа што си го намислила. Точно, никој не го знае твојот однос со него, ниту пак го знаат него, но и многумина тука се постари од тебе ии верувај има некои што зборуваат и од искуство... Јас нема ништо да ти речам, знам дека тоа ќе го направиш и се надевам дека ти си во право :)
     
  20. Angel-Heart

    Angel-Heart Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    9
    ..хмм Како прво не си требала да имаш односи.. :!: пошо рано ти е за тие работи.. Мислам имаш 14 години,, живеј си го животот на раат овие години.. наместо да се замараш сега - дали си бремена ова - она!
    Но да се вратам на прашањето, нема ништо ако не си искрварила се случува тоа... А можно е да си бремена ако свршил во тебе.. Иначе колку е постар тој од тебе?? па мајкаму стара ! што не користите заштита? па позз до тебе се надевам нема да имаш несана бременост.. ;)