Како го поминавте првиот преглед, рекции и слично. Јас бев со дечко ми, но дојде и мајка ми зошто се знаеше со докторката па да не земе преку ред. Бев збунета и изгубена,седнав, ми се појави едно мало точкиче, уште пред да ми рече еве ова е...знаев. Ми се појави насмевката, но почнав да плачам и не се смирив до кола. Апсолутно измешани чувства. Сликата ја гледам секој ден И просто сум нестрплива за до следната контрола.
Па слично нешто беше и кај мене.Јас бев со маж ми и мајка ми. Претходно две години неможев да забременам, и баш тој месец ама ич не се надевав. Кога ми каснеше една недела си направив тест и излезе позитивен, а после одма отидов на лекар и имаше една мала црна точка која ни ја сликаа и која сега ми стои во албум,специјално направен за мојата мала Лана. Докотката излезе надвор, па следеа честитки, плачење, емоции до бескрај. После си отидовме на сладолед... Цела бременост н верував дека сум бремена, и сега сеуше не верувам дека имам дете,иако уште малце 4 месеци ќе наполни.Ама тоа е, од пуста среќа неможеш да си поверуваш...
Haha prviot pregled sekogas ni iznuduva nasmevka na liceto na mene i na mm ... I jas kako Silk se obiduvavme poveke vreme i toj mesec koga ne se nadevavme bidna od ednas Prviot test koga go napraviv pisuvav so Silk i so nea go podeliv neveruvanjeto ahhaha smeski bev , potoa cekav da si dojde mm za da go izraduvam no mu velev i nemoj da se raduvas pred vreme se dodeka ne otideme do ginek. No za belja taa nedela mojot ginek.imase odmor pa se utepavme barajki nekoj drug sloboden ginek ...na krajot konecno se pogodi eden sloboden okolu 30km od nasiot grad. Kako i da e da ne dolzam jas poilena cela vleguvame kaj ginek.i ostanav bez tekst zaboraviv da zboruvam germ.hahah i za da me izvlece mm ja objasni situacijata .... bruka ziva Lekarot mi izracuna od poslednata mens.i mi rece ako si bremena bi trebalo da si 3 nedeli i T dena ne veruvam deka ke vidime nesto no kako i da e da proverime I na krajot ni ja pokazaa taa mala tockicka koja sto i den deneska me ostava nenaspiena i bez rebra .....haha i eve ne blisku do celta i do golemiot den koga ke se vidime.... Preterav so pisuvanjeto znam Snow i se izvinuvam no za sote prvata bremenost e najsrekniot moment....
Кај нас беше вака : на 30 јули 2010 ги видовме двете цртички па реков ајде ке се јавам и на гинеколог да закажам. Ми поставија неколку прашања колку ми касни итн и ми закажа да одам за 2 недели. Отидовме со мм , легнав на креветот и почна да ми објаснува докторката работи поврзана со бременоста итн јас незнаев што да зборам и што да мислам бев во шок , не ми се веруваше дека сум бремена Ми правеше вагинално ехо и ми рече дека сум 6 недела и имаше и срцева реакција го слушнавме срценцето на ќерка ми Потоа ми даде сликичка од малецката точка , и така од секој нареден преглед си ги чував сликите , секако Бевме многу возбудено и јас и мм , па докторката ни објасни дека се е во ред ,дека е добро вгнезден плодот, а јас исто така не чувствував лошење,повраќање,ми рече што да јадам што не,кои витамини да ги пијам , ни закажа нареден преглед и така дома си отидовме пресреќни
мојот прв преглед бесе вЧера отидовме со мм и јас бев целата збунета ми направи вагинално ехо и според големината на плодот ми каза дека сум 7 недела,му го слуснавме срценцето тоа бесе најубавта работа сто досега сум ја слуснала ни даде и сликиЧка и сега немозам да се одвојам од неа ни заказаа преглед повторно за две недели,се надевам дека се ке биде во ред
Јас после направениот позитивен тест дома отидов следниот ден на преглед, а мм ме чекаше надвор. Кога се појави точкичето на екран немав никакви конкретни емоции. Само збунетост и го гледав и ќутев, како мутава. Можеби затоа што сеуште немаше срцева акција, а и докторката искоментира дека има бременост но како да сеуште имплатнацијата не е финализирана. Ама и вториот пат кога бев за срцева реакција исто само гледав во екранот и ќутев ама буквално како кретен, а кога го чув срцето некако не ми се веруваше дека од кај мене од стомак доаѓа. Мислам дека бев премногу збунета дека ми се дешава тоа, иако планиравме. Ама стварно како мутава бев. Е после тоа како одам сега секој нареден пат, така ќе ми се забетонира насмевка на лице и останувам така после со саати. Да имам ехо дома би се гледала сама на 5 минути И како проаѓа времето така се повозбудена сум и повозбудена сум. Да го родам и ќе го гризнам од љубов!
отидов со мајками и докторот ми вели има бременост.. а јас не гледав ништо на екранот и велам каде е докторе не ја гледам ... леле ми ја покажа точкичката моја убава како сум само била пресреќна готова бев да рикнам од среќа.. сликичка ми даде си ја гледам секој ден...... со секоја контрола и сликичка си зимам и така си го гледам моето бебенце..
веке имав закажано кај гинеколог,но поради мојата температура од неколку дена идев брза помош,ми зема мокрача и им кажавме дека бремена сум ама не сме правеле прегледи. потоа вагинално ме проверува дали сум ок,бидејки имав температура,потоа вика ајде да гO видиме бебето и ја и мм лелеее ке го видеме и ни кажува гинекологот еве ова точка тука е вашето бебе јас заплакав веднаш а мм очињата солзи ги наполна сега ми е интересно па кажуваше што и како ке биде и така го гледавме гледавме и толку гинекологот исклучи и јас му викам аааа толку Lи?нема уште да гледаме ми дојде малце што го видов
Женски може ли да ми кажете кога прв пат отидовте на преглед откако ви доцнеше менструацијата? Некои ми викаат почекај некој период, не мора да брзаш, а некои ми викаат може и одма да одиш Баш ме интересираат вашите искуства
Мила јас денес си закажав во 19,30h. После работа ќе одам да видам да се осигурам дека се е во ред. Малку трема ме фаќа позитивна секако што ќе биде како ќе биде... Можеш ти да си закажеш не чекај јас еве гледам дека веќе во 5 недела влегувам. Па здравје, ќе видиме после што и како и ќе пишам како сум поминала. Поздрав !
За второво, отидовме со маж ми, ама наместо насмеана излегов потечена со солзи бидејќи ми спомна за излив, да направам крв.слика и да дојдам за една недела. Тогаш веќе се беше во ред, и всушност он ми кажал излив, ама се сомневал на вонматерично. Но испадна дека се е во ред. Е веќе на вториот преглед имаше радост и насмевка.
за првото не знаев дека сум бремена,ми каснеше цел месец и имав јаки болки во десниот јајник. Појдов заради болките инаку никогаш немаше да дознаам дека сум бремена. Сега по резултатов од тестов дома направен не знам кој пат да го фатам и се осеќам како прв пат да сум бремена. Не знам кога да појдам ,што да објаснам....
Зависи од докторот,може да и вагинално затоа што поубаво се гледа, а може и абдоменално ако си веќе 6-7 недела ќе се види убаво.
Јас си побарав абдоменално за првиот преглед, и таткото да биде со мене. Иако беше рана бременост 5та недела се гледаше, втор преглед ми беше слушање на срцето исто