Девојче имаш 14 години а он 21...само мене ми е крипи ова или? Да си полнолетна па да е толкава разлика ај, ама ова на ништо не иде. Толку постар а и не го знаеш воопшто. Од кај знаеш дека не е манијак некој чим на 21 брка 14 годишни?
Какви се тие машки на 21 година што се интересираат за 14 годишни деца. Јас мислам ни дома, ни во селото, нигде со таков.
Другарка ми ке биде со мене секако а и не е лош 1год го знам на фб конечно да се видиме во живо Се заколна
@Glorcheto станува збор за разлика во години која боде око затоа што ти во овој случај си мала. Нормално машко на 21 год. не пројавува интерес за 14 годишни девојчиња. Тебе ти одговара некој кој е блиску со твојата возраст, може 1-2 год. постар. Типов не го познаваш лично, он може да ти се претставил во најдобро светло но реалноста да е сосема поинаква. Сигурна ли си дека сето она што ти го кажал за себе е вистина? Јас да сум на твое место не би лажела дома родители за да се видам со некој на таа возраст кој сум го запознала преку социјална мрежа но сепак како сакаш. Ако си запнала толку и ако неможеме да те премислиме гледај барем да се сретнеш на некое прометно место заедно со другарката. Што си е сигурно сигурно си е. Да не испадне работата од играчка плачка.
Друга тема или не јасно ми е зошто не те пуштаат од дома да мрднеш. Ама изгледа ти и од дома не знаеш да си мирна и да не се впушташ во глупости заради кои после помош бараш .
Повеќето овде ќе дадат критика за твојата ситуација и тоа со најдобра намера бидејќи никој не добива ништо ако те охрабри да направиш глупост. На тие што нема да им биде гајле за твоето добро само ќе прелистат и ништо нема да ти напишат. Што не треба да ги кривиме дека и они не се Мајка Тереза. Тебе ќе ти се рече немој, не е убаво ама нема да ти се каже зошто. Јас ќе одвојам две три минути да ти го напишам рефератот и се надевам ќе бидам удостоена со твоето внимание да го прочиташ и да размислиш за тоа. Те молам не ја негирај вистината. Дечкото од 21 год си се запрашала ли зошто баш тебе те одбрал? Тој да беше достоен и да беше сасвим океј ќе беше со некоја на негова возраст и ќе немаше потреба да "чека". Значи него мора да му фали нешто. Или пак тој е педофил. Секој возрасен т.с. ја поминал старосната граница над 18 год. а е заинтересиран за деца до 14 год. спаѓа во групата на педофили. Тоа е факт. Ти си дете, неможеш да го смениш тоа. Значи имаш ниска самодоверба, се уште никој не ти посветил внимание како тој бидејќи машките од твоја возраст на симпатиите се уште ги навредуваат за да им го привлечат вниманието и собираат пари за газози. Затоа ти сега мислиш тој е совршен бидејќи успеал да те насмее да ти каже два три збора и да те вивне во облаци. Не те кривам и не се обидувам да ти речам дека си глупа бидејќи си мала и не размислуваш баш најбистро, бидејќи немаш искуство. Но јас знам како е и сум била во ситуација на твој години да летам по некоја таква забегана фаца што мене ми личела на идеална. Сега вака си мислам кај ми бил паметот се каам што уопште сум пишала и сум се ставила во ситуација еден таков кога сакав да престанам да комуницирам со него беше спремен дома да ми дојде и да ми направе проблем. А јас тогаш бев сама без друштво и сваќам зошто сум се здружила со него. Да напоменам никогаш не испаднав со него а имав помислено. Затоа и ти го кажувам оваа за да те заштитам, прво мислев во приватна порака да ти пишам ама нека биде јавна бидејќи не си само ти во таква ситуација, многу девојчиња се. А гледам и во мојата околина така девојчиња во момент на слабост подлегнале на вакви манипулации па од општеството се класифицирани како глупи. Тоа им го уништува животот едноставно. Научи да му кажеш не. Речи што било било и отргни се од него, и никако не продолжувај со комуникација ни до него ни со слични како него. Знам дека е тешко и знам колку наивно гледаат очите на едно дете ама мораш да сватиш. Едноставно почекај да порасниш а и да си сингл не е така лошо имаш шанса да запознаеш многу прилики и да ја одбереш најдобрата за тебе. Ако ти треба случајно разговор пиши ми. П.с. И јас а прочитав случката кај што била пријавена ама едноставно се чудам на меморијата на некој форумџики бидејќи никогаш не памтам кој што напишал. Осим ако не ја читам секој ден.
Почнав да се допишувам со еден дечко на fb. Јас него го познавам уште од факултетските денови, и мислев дека и он барем има претстава која сум кога му испратив покана за пријателство. Нема врска, ок, се допишувавме скоро месец дена и као редно е да се видиме .Излеговме на кафе , муабети супер се, Ме врати до дома , ме испрати до врата , ме гушна и толку. Јас сум тоталка бунка, не знам дали му се допаѓам или не, другар што го познава ми вели дека он е таков, срамежлив/мирен. Додуша мене ми изгледаше сосема ОК кога излеговме, а кога си пишуваме , разговорите си течат супер, нормално.Не сакав јас да превземам никакви иницијативи(еднаш направив таква грешка, дечкото се исплаши, го снема буквално), но работата е сега што јас воопшто не знам на што сум.Не сум се нашла до сега во ваква ситуација, обично кај мене се знаело после излегувањето на што сум/сме ... ќе биде или нема да ја биде работава.Затоа ме убива оваа неизвесност , ако некој имал слично искуство ,нека даде некој добронамерен совет,Благодарам
Па тоа е проблемот, што не се знае дали ќе има втор состанок.Не знам дали би ме викнал повторно да излеземе, не сакам јас да го викнам да излеземе.
Не дека ќе ми падне чинот, туку не сакам да добие впечаток дека јас сум ПОзаинтересирана за него, па да си ги крене акциите и слично. Сум имала искуства кога јас сум била таа со инцијативи и ниеднаш не завршило како што треба.Почнале да ме игнорираат откога ќе видат дека сум апла заинтересирана , ги снемувало , ја користеле ситуацијата и слично. That's the point
Па ако тој те покани ќе добиеш впечаток дека тој е позаинтересиран за тебе, па ти може ќе си ги кренеш акциите.. Соууу...д поинт ис ... живеј го животот како сакаш во моментов. Денес е за денес, а ако утре тој си крене акции, клоцата у гз и крај... Уживај во животот денес..