Hahahaha Нема јас да ги кренам акциите , не сум таква личност.Напротив ќе ми биде мило да ме покани повторно да излеземе. А до тогаш останувам во неизвесност (што ме убива затоа што дечково навистина ми се допаѓа) и би сакала да излезе нешто убаво од сево ова. Но...... како што ми беше намерата , ако некој имал слично искуство, би сакала да сподели или да советува .
Јас уште на првиот состанок со дечко ми знаев дека ќе има втор, сам кажа дека сака повторно да се видиме. Според реакциите негови би требало до некаде да знаеш дали е заинтересиран. Те побара ли повторно? Ако контактирате, можеш и ти да го прашаш како тој размислува за вашето гледање и дали би сакал да се гледате понатака, не мора директно да го поканеш, само види како размислува. Ако е заинтересирам сам ќе го искаже тоа.
ако можее совет со еден дечко се гледавме 5-6 месеци.. не излегувавме заедно, туку тој со други јас со други и кога ќе се разминевме, се гледавме во очи и се смешкаше срамежливо.. некогаш и другарите му правеа мајтап за мене... јас го имав заследено на инста прва и на фб и тој ми ги лајкнуваше сите слики, но никако не ми пишуваше.. а по погледот осетив дека му се свиѓам ама тој е срамежлив.. некогаш се гледаше надолу, се смееше, идеше во моја близина, кога ќе седневме на кафе тој и другарите ќе дојдеа на истото место, или кај некои клупи.. но никако не ми зборна, не ми пиша... сега пред 20тина дена имав ставено нешто и тој врати на то, и почна да ми пишува и пишувавме по цел ден и слики си пуштавме срциња... и ме викна да излеземе.. но тоа се одложи за еден ден.. и пред да излеземе. беше среќен возбуден според то шо го пишуваше.. и кога излеговме беше насмеан цела вечер, малку срамежлив ама сепак зборуваше.. седнавме на кафе јас повеќе од него се срамев и се гледавме во очи, како да му светеа, неможеше да престани да се смее.. стануваме и почна нешто да се брза рече со другарите треба да се најде и прошетавме уште малку, зборувавме се беше убаво, па ме испрати а беше многу ладно.. и кога требаше да се разделиме уште беше насмеан и се гледавме неколку секунди па се гушнавме... потоа си пишевме вечерта уште малку, си пуштивме и срциња.. другиот ден беше ладен, не пишуваше многу, само одговараше на тоа што ќе го прашав.. што се случи незнам, во еден ден.. а веќе една година беше заинтересиран за мене но беше срамежлив и сега кога конечно излеговме, го снема.. не пишув повеќе а помина една недела.. не знам во што е проблемот, не реков ништо за да го навредам, или да се предомисли.. се си беше убаво само што малку се срамевме и двајцата.. но тоа мене не ми пречеше.. и чудно е што вака наеднаш направи без да ми каже зошто, или дека не сака повеќе да пишуваме да излегуваме... само ме остави.. не ме блокна, не ме избриша... што може да е?? тој толку време ако му се свиѓав сигурно почна и нешто да чувствува, како и јас.. и вака наеднаш? а најчудно е што со секое машко истото се случува.. ги снемва, без причина.. го барам проблемот во мене, ама може е во нив..
Пиши му за последен пат. Објаснување ти должи. Ако не врати, бриши го. Не вреди вака да се замараш и да одгатнуваш што мисли тој.
си мислев да му пишам... ама сите ми велат не му пишувај, да се правам како да не ми е гајле, да го игнорирам.. можи ќе му е криво и ќе ми пиши тој пак.. да ме видел среќна, дека нема да плачам по него.. треба да глумам така.. многу го засакав... знаев дека е добар и кога го запознав се уверив уште поќе.. и зато ми е тешко, многу.. само то ми беше нешто најубо, шо ми даваше надеж.. кога ќе го видев само, бев најсреќна.. ама не очекував вака да направи... само сакам да ми пише пак, да кажи зошто така направи, да кажи дека размислуваше, или нешто друго.. почнав да губам доверба во машките.. сите истото ми го прават, и сега можи никогаш нема пак да вервам во некој..
Не се разочарувај можеби и подобро е вака како што е, Според мене не ни мора да му бараш објаснување затоа што е ептен недозреано и плитко. Продолжи си понатаму запознавај, некој друг ќе ти биде интересен и ќе ти се допадне, со среќа.
Затоа ти викам, не се измачувај. Пробај уште еднаш, за последен пат. Не верувам дека нема да врати. Ако сега не дознаеш што е проблемот а по некое време ако пак сака да ти се врати, тогаш не знам дали ќе имаш доверба во него и да продолжиш каде што застанавте, нема да е исто. Доколку има некој проблем, негово е да ти каже ама очигледно не сака поради некоја причина. За да ги немаш тие прашалници, само заради самата пиши уште еднаш па после одлучи што понатака. Сум била во слична ситуација и знам дека откако пишав многу ми беше полесно, без разлика на исходот после тоа.
Првиот мејк аут ми беше рандом..на журка се случи.Другар ми го местеше првиот мувач. А првиот договорен дејт ми беше надвор на минус Господ знае колку.Требаше дечкото да оди на тренинг, јас киднав од курс за да се видиме Седевме надвор си правевме муабет, се смувавме, поседовме уште малце и толку.
Најнормално и најприродно е и ти ќе се понудиш да платиш, значи пола пола, али најверојатно и што е уште поприродно тој ќе плати, ама да се помини оваа фаза.
Ќе се понудиш и ти да платиш. Ако инсистира остави го, не ќе се испотепате тука пред сите кој да плати. Ќе му речеш: Следен пат тогаш јас ќе платам. Инаку, дечко ми конкретно не ме остава никогаш да плаќам. Ама јас не се чувствувам убаво и сакам да плаќаме заедно. Па кога ќе стане во тоалет барам сметка и ја плаќам. Така балансирам.
Може да понудиш да поделите, или пак ако инсистира на тоа тој да плати, спомни му нешто до типот на : ''Добро ама јас ќе частам следниот пат''.
Мразам делење на сметка со партнер и никогаш немам практикувано. Цепидлачење ми е. Еднаш јас, другпат другата страна, ако немам 2 пати тој, ако нема 2 пати по ред јас. Никаков проблем не е.
Прв состанок најнормално е да се понудите и двете страни. Ако ептен ја бендисува, па да ја натераме некако и да бидиме сигурни дека ќе има втор пат состанок, да речеме "сега јас да ја платам сметката, наредната ти".
Сигурно нема да се расправам со него, како што прават некои. Ако се понуди, културно ќе прифатам. Сега, за подолг период, тој ја плаќа, јас плаќам, делиме, итн.