Првото заедничко кафе и првото заедничко јадење инсистираше тој да плати и му дозволив. Иако и жената може да се понуди да плати или да ја поделат сметката, не гледам ништо лошо во тоа мажот да плати на првиот состанок, гледам на тоа како кавалерска постапка. Инаку скоро секогаш кога јадеме некаде ја делиме сметката со дм, а за кафе кога како, некогаш јас некогаш тој плаќа.
Ех, беше многу оддамна Првиот состанок ни беше во дворот на школото... Се размуабетивме за серии и филмови Немаше мување на првиот состанок, зошто почнавме како другари. со тек на време станавме friends whit benefits...и се така со ред
Првиот состанок ни беше пред скоро 6 години во школскиот двор ( предходно се познаваме и бевме " другари " ) се додека не почна да ми се додворува . Го одбив два пати , на крајот се налути и почна да ја " дави " другарка ми ( они веќе се испланирале како да ме убедат да излезам со него , всушност не ја давел , туку се тоа сечено, лепено и монтирано ) , и од жал кон другарка ми , прифатив ( не дека не сакав , ама да не биде од прва ) . Тогаш бевме само на кафе и шпринт дома . Затоа утредента прескокнавме два часа , ги преседовме во еден од школските тоалети . Па кратко бевме friends with benefits , па потајно дечко и девојка , па јавно дечко и девојка , па верени и сега сопруг и сопруга сме
Доколку се познавате од претходно, зошто да не. Ако прв пат се гледате, лично според мене, чекам до следен состанок. Првиот кежуал, доволно да видете дали двајцата сакате да продолжите со гледањето.
Зависи. Сепак прв состанок треба да поразговараш со личноста и ќе видиш со кого всушност си фатил работа. Ако е ок , зошто да не.
Зависи, јас прв го гледам како запознавање само и да видиме дали оди муабет, па од втор или трет веќе може и прв бакнеж да падне... Ма да ја сум олдскул така да колку ми е меродавно ова немам поим, ако сакаш и на прв може, нема врска.
Мислам дека е нормално. Сепак зависи и до личноста. Мене либе ме бакна на најпрвата средба, иако не очекував одма да го направи тоа но на крај супер испадна.
Нормално е Ако помине убаво состанокот може да се заврши со бакнеж Ние прво се бакнавме, а после договоривме прв состанок