Зошто ако е над 17 год сето ова е во ред ? Не дека е тешка грешка ова,меѓутоа јас лично мислам дека бакнеж на прв дејт е брзо,затоа што уште личноста убаво не ја знаеме. (Ако не е стар познаник.) На прв дејт би оставила исклучиво простор за комуникакација и распознавање на навиките и карактерно. Чак нивниот дејт повеќе одговара на 10.годишњаци него ли на 25. Се е супер и испраќање до дома и се. Ама бакнежот би го оставила...нека се мачи малце
Никогаш не сум бакнал девојка на прв состанок , сметам дека е глупаво бидејки првиот е секогаш за запознавање и кафе. Со секоја што сум искочил имало и втор состанок па секако имало бакнеж ..
Не знам дали и други така, но ми се чини дека сите глупости ги праам на прв дејт. То малер нешто. И секогаш си викам Боже дај ми и second chance, за да се претставам онаква каква што сум. Затоа што : Пред неколку години се запознав со еден дечко на свадба, па по неколку допишувања и претходно прибавени мислења ( обострано ) типот ме покани на дејт. Вика во 21ч. Ќе те земам од пред зграда таман на поминување си ми. Јас не знам зошто така ми текна му реков : кога ќе си доле титни само ќе се симнам. Јас возбудена, еуфорична се спремив уште од 18ч И дојде тој час. Ми титка дечково и трк низ врата,влегувам во лифт и трема, последна проба пред огледало И лифтот се заглави на втор спрат. Јас упаничена, викам, не ни можам да се јавам нема мрежа, внатре пекол во лифтот, ме фати страв. Ме одглавија....ама касно за дејт Пропадна
Уште го паметам како највозбудлив досега. Не толку поради самиот состанок, колку поради исчекувањето, еуфоријата и спремањето пред тоа. Тоа чувство не може да се повтори понатаму. Непознатото е поинтересно Иако, да бидам искрена, тогаш немав намера за нешто многу сериозно и без доста резервирана и дистанцирана...
Како и на повеќето , ми фали еуфоријата и цело тоа спремање пред првиот дејт . Првиот дејт паметам бев тотален хаос , дечкото го познавав кратко , а уште пократко ни траеше и врската . Искрено , секое излегување со маж ми без децата ми е еуфорично како прв дејт да ни е .
ако може совеет... Со еден дечко си пишувавме 20-тина дена, тој во тоа време не беше во нашата држава, се беше супер, многу блиску се однесуваше, се врати и после 5 дена ме викна на дејт и јас велам ајде ќе се запознаеме бидејќи тој пак требаше да оди во странство утредента. Се договоривме за време и го чекам ја дечково да ми пише, никаде го нема, исклучен на социјалните мрежи (а, броеви не ни разменивме), ајде си викам има обврски се спрема ќе дојде, му пишувам и го прашувам може ли да дојде, дали ќе стигне, не е проблем ако неможе само нека ми пише. Никаде го нема. После 2-3 часа ми пишува и ми се извинува, имал проблеми не можел да стигне да дојде, ми вели кога пак ќе се вратам да се видиме, ми вели сакам да те запознаам. Сега моето прашање е дали да му дадам втора шанса и да продолжам да му пишувам и да му дозволам пак да ме викне на состанок или не? Мене не ми е проблем што не дојде на дејт, можеби навистина имал проблеми со тестови и летови бидејќи требаше да оди, но проблем ми е зошто не ми пиша барем 10 мин порано да ми се извини и да не дозволи да го чекам, а не после 3 часа.
Ако сакал , можел да те извести дека нема да дојде, половина минута работа е тоа, ама во случајов не сакал. Можеби имал навистина неодложна работа ама можел да те удостои со една порака. Твое е дали ќе продолжиш да се допишуваш со него или не. Јас знам дека не би, да сум на твое место. Многу сум навредлива во таа смисла.
Секако дека можел да ти пише ако му било толку важно. Совесна личност го почитува и туѓото време и тебе како личност што во ситуацијава не е случај. Јас не би го не погледнала, а не пак да го чекам.