Каква еуфорија, батали, мене еднаш желудник ме стегна пред прв состанок, никогаш нема да заборавам, си направив толкав стрес сега ми е смешно уште се смеам , ама тогаш цимолејки се вратив дома Па кога и кажав на мајка ми, жената не знаеше дали да плаче или да се смее што дете има
Na prv dejt ne, ama pokasno sekogas koga ke izlezevme mi kupvase kroasana i sokce. Sega omileno jadenje mi e kroasana. Mi fali budalceto
На почетокот му купував чоколади на дечко ми скоро на секое видување, Милки, ама еднаш најверојатно веќе му скисна и не знаеше како да ми каже да не му купувам веќе и пред да искачам од врата од кај него само ми ја бутна чоколадата во раце и ми рече еве носи си ја дома, и тогаш сфатив дека сум претерала малку со Милки купување, не јаде многу благо, а јас само купував.
Па не е генијално, ама огромен дел од луѓето (мажи, жени) глумат нешто што не се, како би оставиле демек WOW прв впечаток ..
Здраво. Ако може совет... Си пишувавме со еден дечко скоро 3 месеци, тој во тоа време не беше во нашата држава, се беше супер и муабетот супер ни одеше. Се допишувавме некогаш и по цел ден, и јас и тој знаевме што правиме по цел ден. Јас некогаш бев повеќе страмежлива ама тој знаеше и ме закачаше малку. И неколку пати ми имаше речено дека сум забавна и интересна. После неколку договарања за да излезиме, бидејќи тој не беше во Македонија, конечно се договоривме да се видиме, но се видовме касно некаде 3h сабајле затоа што тој тогаш доаѓаше од пат бидејќи не е од Скопје и немаше кога и затоа се согласив, требаше да продолжи потоа да си оди дома, но првото гледање не излезе баш како што очекувавме, јас потполно се згрчив, не личев на себеси, бев уморна целиот ден исто и тој.. Тој сакаше да направи целата атмосфера да не е толку згрчена, така мислам дека делував како да не сум заинтересирана, мислам дека бев тапа и скроз различна од допишувањето, желудникот ми се згрчи Паднаа неколку бакнежи и на крајот ми рече како демек го скршивме мразот во смисла дека ќе има и следен пат.. и само да му пишам кога ќе стигнам дома и ме бакна.. после тоа неколку пати си пишавме општо кратко нешто, дали стигнал дома, но ништо поврзано со вечерта ама одговорите му беа после долго време и кратки, не ни ги отвораше пораките и ајде си викам можда дома е и има обврски и пробав пак да му пишам да знае дека не е дека сум незаинтересирана, само дека сакав да знам како е и што прави, но само на seen ми остави на пораката.. И сега го нема никаде, веќе две недели.. Ве молам за совет, не знам што да правам Мислам дека ја зафркнав целата работа и тешко ми е бидејќи мислам дека проблемот е во мене..
Не си му се допаднала на тој прв состанок и затоа сега го нема никаде и те одбегнува .. Во глобала има доста такви машки па и женски кои не сакат секогаш директно да пишат дека не им се свиѓа туку оставаат само на seen или те одбегнуваат , така им е полесно ..
Нека не ти биде воопшто криво што така излегло. Знам дека сега ти е тешко и секому би било кога нешто не излегло онака како што си очекувала, но, си го направила најдоброто што можеш, си излегла, сте се виделе, си го побарала потоа... Лошо е што наместо да ти одговори кога си му пишала, те оставил на seen. Доста кукавички од негова страна. Што треба да ти биде уште една причина да не размислуваш за него. После таков гест, треба да го заборавиш комплетно.
На сите им се случува да бидат срамежливи на прво видување. Според мене, мислам дека треба да му пишеш уште еднаш, воедно да му се извиниш за тоа што се случило првиот пат, да му дадеш уште една шанса да ти пише и ако ти врати да го прашаш дали ќе има следен пат. Ако пак те остави на seen или воопшто не ја отвори пораката, ќе знаеш дека не е заинтересиран.
Фала ви за советите. можда ќе му пишам пак да знам барем на што сум, за заборавање, го заборавам дефинитивно