Ако се разубави одете во парк прошетајте. Искрено за прв дејт треба помирно место, кај што моеш да направиш муабет. Дискотека не би препорачала освен ако сте 15/16 годишни
НИКАКО во парк. Јас и двајца мои другари бевме ограбени пред неколку недели. Т.е. не бевме ограбени затоа што немавме ништо со нас, ама они беа физички нападнати. Со дечки во маски. Пазете.
Damn, ама па за дејт баш ради вакви глупости сметам дека кафич е најдобар избор. Не сме во Холивуд филм за да имаме незаборавен прв дејт во национален парк или плажа. Жалам нема баш опции, кино не е опција, не е поентата да се ќути. Водно па ич. Така да.
Нападнат можеш да бидеш и во парк, и во кафич, и во диско, и секаде. Значи не треба од дома да излегуваме.
Колку глуп одговор. 5+ души со маски не одат во кафич да напаѓаат, само во темни места навечер. Во парк сега има цела банда што порано ја немаше.
Градски парк, делот околу Школка е убаво осветлен, Жена парк исто убаво е осветлено, а можете и преку ден да одите на дејт во парк, не мора да е ноќе.. Можете во Сити Мол на бабл чај да одите, или на терасата во Сити мол да земете храна или пијалок и да поседите, не е класика кафич..
На прв дејт се оди најчесто на место со луѓе околу ама кај шо пак можи да имаш малку од малку интима за да се запознаеш и да си дајш фер шанса. Лично, преферирам денско кафе во кул кафуле, има раздвиженост ама е доволно тивко да можиш да искомуницираш и да си посветен еден на друг.
Одете на paintball или во авантуристички парк. Ги има и двете во Скопје како шо гледам (не сум била). Можи и денско кафе во чаршијата, помирни местенца има, плус ќе прошетате.
Зависи дали ја знам личноста од претходно или штотуку сме се запознале. Ако е официјален дејт со позната личност тогаш би можела дс изберам и ручек/вечера, парк, кино и сл.. но ако се гледаме прв пат во живо и треба штотуку да се запознаеме тогаш најдобра опција е кафич. На раат да си направите муабет, па и ако не ти се допадне можеш полесно и побрзо да го завршиш состанокот
Ја не сум од Скопје ама еве еден предлог. Одамна не сум дејтал ај да се потрудам. Имаш еден кафич централ перк се вика карпош два или три, онака пријатно место наместено у стил на серијата френдс, имаш простор за интима да си разговараш да јадеш нешто или да пиеш некој коктел цените ти се 200-300 денари за коктел 200-300 денари за сендвич. Од таму ја носиш на филм у кино у ситимол. Глеаш еден филм и на излагање земаш по еден баблти и си го пиеш во парк одма кај ситимол ( ако не јадела во централ перк инсистираш да јадете и ја носиш на паста во аманти кај храната па после чајот си го пиеш). Ако ова не и се допадне нешто на карактер не и се свиѓаш, не сте за заедно ( ние тиквешани викаме, тури и к.рот некст он плиис). Ова е само предлог пробај да бидеш свој и уникатен на свој начин во иднина. Убав помин
Се зависи од вас. Не постои некое фиксно правило. Некои одав во ресторан, некои се шетаат во парк, некои во кино одат. Незнам за што конкретно ти треба совет