Епа овој тип најверојатно на тоа тера, сигурно нема да играте табла или шах. Не најсериозно излезете во кафич негде отколку вака, не верувам да е толку интелигентен и да те однеси негде на ливада и да разговарате за астрономоија или квантна физика.
Сестре ти земи си шах со тебе па кога ќе застанете некаде отвори го и речи му да играте шах и додека играте да си разговарате на тема: недостатокот на нафта во светот и причини за зголемување на цената на нафтените деривати и шеќерот.
Најдобро зборни со тато или мама, они те познаваат најдобро и ќе ти дадат најдобар совет. Ние овде најчесто сме го скокале првиот состанок и одма на втор сме иделе. Така што не знаеме.
Може е трол, може не, ама ќе се зачудиш(те) дека денес за младите е пракса да не одат јавно. Ретко кои одма ги носат во кафич/ресторан. Се е скриено, недефинирано, само за еднаш, два пати. Жално е девојчињата што на ова гледаат како нормално, наместо да постават црвени линии и да се ценат себе си. Се знае каде се оди на дејт, и што значи дејт во кола позади грмушките.
Во право си скроз. Договор е меѓу двете страни. Ама пак ние што сме постара генерација ни е необично таквото "дејтање".
Дали сериозно има некоја што сака прв дејт у кола или у грмушки? До толку да не се цениш.... До каде дојдоа дејтовиве, или ние мн стари сме. . .
Не верувам стари да сте. Туку во денешно време тренд стана да се натпреваруваат меѓу себе кој поголем глупак и идиот ќе биде. Гордост и самопочит, што беше тоа? После кукаат и си ја чукаат главата кога им лепат секакви етикети, ама кој да му ја мисли, тешка работа е тоа. И не мислам дека младоста и неискуството е само во прашање, си сакаат авантури тие намерно, мислат прејако и ново искуство ќе доживеат, притоа свесно одбираат да се впуштат во ризици кои може скапо да ги коштаат. Е после се каат, но касно е, нема назад. Требало да се мисли претходно. Во ова никакво време во кое живееме, ти да не размислуваш до толку, што да се каже. Ако вака размислуваме, за некои сме биле старомодни, без авантуристички дух можеби, луѓе кои се плашат од ризици и предизвици, мирни, досадни.. Штом така и јас сум стара, прифаќам. Секој сепак си е самиот одговорен за своите постапки. Можат што сакаат да си прават со нивниот живот, нивното тело. Туку кога плачат и се лигават, притоа самите знаат во што се впуштаат, не можам да ги жалам.