Батали членот, машко е, се глеа, си бара тој да упеца нешо или амин да му се даде дека ќе клецал у кола или у природа на прв дејт. Туку не е дека нема вакви случаеви. И те како има. И пак после друг им е крив.
Kao demek starive porano po nivi ne se onadele i samo na novive im e trend, ne veruvam. Samo razlichno pakovanje e.
Се онаделе де, и нив интересно им било. Туку во денешно време требало дно дна да е ова и на крај на памет да не ти паѓа, тоест многу ама многу да мислиш пред да преземеш некој чекор и да си внимателен. Баш многу примитивно по мене е тоа што се враќаме назад и го прифаќаме за нормално па ќе најдеме сто оправдувања за да го правиме. А за тренд се мисли, дека "јак феаер" бил типот, голем ебач ќе се докаже дека е. Плус ете и на повисоко ниво е, не е по ниви и со трактори туку у кола, уште јака ако е колата, мераци. Без размислување! Па повеќето би сакале тоа незаборавно искуство да го доживеат. Слободно меракот нека си го направат, апсолутно имаат право. Коментираме на што све се сведува дејтингот денес.
Deluvashe ko da se prajme posteni i porano da ne bilo vaka.. zato spomnav, ne deka sum meraklija na vakvi raboti, osobeno na sex bez romanticni emocii i slicno ..
Ти мисли си дека нема да се прави. Ако се согласиш, му даваш зелено светло да се прави. Пошто, нормален човек со нормални и вистински намери излегува со цел да се зближи и да се запознае подобро, значи во кафиќ или ланч бар. Или може да е било кое јавно место, кино, театар итн. Нормален човек со вистински и искрени намери нема да рече Абе да не не' видат во јавност. Напротив, нема проблем да биде виден во јавност оти нема ништо лошо во тоа. Кола не е место за прв состанок, да бегате од сите, сами да бидете, се знае зошто. Освен ако и ти си го сакаш истото.
Да, ама на прв дејт? И порано шо други опции имале за места, ова баш порано порано (ова се мисли пред урбанизацијата поготово)? И потоа шо следело, брак и xy деца? Денес? Ќе да е ова у прашање Општо иначе за секс во ливади, плажи, коли, ... никој не вика ништо, тоа си е друга тема и преференца...
Ич не се чудам, целта на западните вредности е да се уништи се што е нормално, па така можеш да отвориш тикток и сам да видиш дека има видеа каде 23-4 годишни девојки горделиво кажуваат дека имаат легнато со над 70-80 луѓе. Општеството работи на тоа да го деградира мажот на секој можен начин, па дојде време каде просечен маж неможе да извади за основните потреби за него а со тоа и за самиот партнер на овој начин ја губи самодовербата паѓа во депресии го губи егото и потфрлува во тоа да овозможува а тоа е неговата природно вградена особина да овозможи и да се грижи за некој до него. На овој начин кога мажот потфрлува доаѓа до момент каде жената сакала или неќела ќе мора да почне и таа да работи и да придонесува, па поради оваа причина доаѓа до преоптеретување на жените со работни обврски како и со домашни обврски и кога ќе дојде крајот на денот едноставно се преморени од се и не им се живее. На овој начин доаѓа до конфликти помеѓу двајцата и најчесто доаѓа до омаловажување од страна на жената врз машкото поради тоа што неможе да го овозможи посакуваниот живот најчесто ова се причините за кавги, прекин на разговор, разочараност, депресии што води кон барање на утеха кај друг и во најголем случај разводи. Истото се гледа од помладите генерации и тие тоа го апсорбираат како нормално па така уште на млади години почнуваат да гледаат материјално, и најчесто тоа е причината поради која не се ценат самите себеси и прават се за да стигнат до некој замислен таканаречен партнер со кој ќе имаат лесен и богат живот. Дојде време кога жените самите себеси не се ценат и самите себеси си прават да ги гледаат како ништо повеќе од секс објект, и тоа е до толку нормализирано што е исто како да станеш наутро и да пиеш кафе. Не дека во наше време немало секс на прв дејт али тоа обично било го поминуваш дејтот ти се свиѓа паѓаш на се и легнуваш ама во денешно време побитно им е прво да се пробаат сексуално а после тоа да се запознаат карактерно изгледа
@mukusjowk, ако стварно имаш 17се години, иди читај лектирите, еве Септември кај е. Колите нема да ти избегаат.
Совршено ме за*оле како, јас ти го коментирам тој кој си се решил/а да го ставиш од некоја причина. Ај сеа извињавај имам мозочни клетки кои треба да се одржаваат живи.
Од кој век ни пишуваш жити се? Конкретно за цитираново. Мајка ми и татко ми, свекор ми и свекрва ми, баба ми и дедо ми- сите работеле и придонесувале, не знам како поинаку би напраиле куќа и деца би одгледале. Во кој шеик филм само мажот работи и и овозможува на жената, за да живеат среќно, весело и непреморено, па да имаат воља за живот и без развод? Ми иде да земам со папуча да мавам. Инстаграмот работи. И порното.
@Biljarkata немаат сите исти можности. Не се сите доктори, IT или не знам што друго. Има луѓе кои под сплет на околности ете не можат да обезбедат. Виновни сигурно не се од што така им е.
Кој што не може да обезбеди? На кој јазик пишувам, што не се разбираме? Никој во моја фамилија не бил доктор ни ИТ, и сигурно не пред 50 или 80 години. Во кој свет жена не работела, чекала само од мажот платата а во слободно време одела по бјути салони и бутици, за да му биде убава, јер тоа и било животна улога? Кој што филмови продава овде, не разбирам ич.
@Biljarkata па не работеле порано толку, колку што сега работат жените. Сега и поизмачени с(м)е неголи порано. Ама дека се чека од мажите повеќе - се чека.
Баба ми работеше на нива, барабар со дедо ми, до нивни 70. Мајка ми и татко ми по 8 саати работеа, ко и сите останати. Сега, ако работите по 12 саати, шо да речам- жал ми е. Па уште и ако треба леб на паштета да му мачкаш на дечкото, да, поизмачени сте. Што се чека повеќе од мажите, не знам. Јас ако чекам од некого, го обравме бостанот @Adidas888 ти ќути, ти од новото време си, од шеик филмот
Ако имаш 17 години и ако те фати полиција за возење без возачка, возење после дозволено време, сигурно и колата ќе е над дозволеното за возач почетник, отсуство на возрасно лице, погрешно паркирање, немање полномошно за колата, нарушување на јавниот ред и мир има да скапете по судови со татко ти... Од секс - татко ти има да те преебе од ќотек, буквално!
@Biljarkata ама не знам што водиш инает, ко вистина жените денес повеќе работат (и не мислев конкретно на времето како работни часови). Работат од што било која жена кога највеќе ѝ требало останала без пари во себе - се борат против тоа гадно чувство да зависат од било кој, работат од што мора секојдневно да потврдуваат работи кои порано мажите не ги барале од жените. Замина тоа време каде жената беше помирна од аспект на гледање само деца. А ако мислиш дека само работата и децата се нешто каде жена треба да се докажува, тогаш имаш погрешна перцепција.
Не водам инат, прашувам во кое време жена само деца гледала? Пошто хронолошки, во моја фамилија, 70 години наназад, жени не гледале само деца, ноуп. Што бараат денес мажите од жените, што порано не барале?
Тогашното и сегашното време немаат иста тежина. Денес е поинтензивен психолошкиот момент каде жена треба стално да е во чекор уште повеќе во било која сфера.