Руби, фала ти за советите, и не ми пага на памет за прв состанок да облечам фустанче или деколте НЕМА ШАНСИ, а тоа за природна, опуштена, секако
Еве јас вчера испаднав прв пат со некое машко на кафе и си бев најприродна и баш за тоа ми даде комплимент,дека му се свиѓало што сум природна и не сум како некои пренашминкана...јас си се облеков најобично со фармерки црно палто (под него црна скорз обична ролка) и на нозете си ги облеков новите чизми што си ги купив високи 10 цм...и сестра ми ме гледа и ми вика абе многу си ми обично облечена и таму ме натера да се пресоблечам и се пресоблеков ама пак не бев многу дотерана...а на лицето имав малце камено пудро што не се познаваше,креон и маскара и лабело на устата
Mи се има случувано да не се нашминкам воопшто, да се облечам онака - како што одам на факултет, прибрано и кејжуал, да направам милион осврти кон различни теми, да се изнасмеам некогаш дури и кога не треба, опуштено, исто како на кафе со другар/ки. И после секако дека ќе има и секонд дејт
У мојот прв дејт...вака кога ќе се замислам,имаше јака симболика и тек сега станувам бре свесна за нешто.Није могуќе еј! Чекај да се штипнам!
Првиот дечко ми беше од маало и првпат се бакнавме за новогодишната ноќ и утредента ни беше закажан првиот официјален состанок и пред тоа слушам јас музика и онака го гледам од балкон и решив да не одам. Така да, на првиот состанок ескивирав или направив скип го прескокнав бетер од јарче на физичко, како сакате. Објаснување - веројатно ми беше ептен тажно што Борис Новковиќ пееше - „биче рата кажу сви, а ја чу умрети од љубави„ ...плус имав четиринаесетче...може имав и некоја незгодна акна, ама кој ќе памети толку детално де... Инаку не дека ви е гајле, ама ај да се доизјаснам тој се лутеше некое време па реши да ми се смири, едно, немаше кај да бега во иста маала , друго ептен бев неодолива и покрај покажаната блага налудничавост .
Абре јас сум заборавила што е тоа прв состанок Се ми се чини дека денес првиот состанок паѓа на 5тото гледање (на пример)...се гледате, се среќавате и дури отпосле ти вели, денес облечи се поубаво, ќе искачаме, ти си велиш е добро де, те собира и стварно те носи на „дејт“ - и тука се препотуваш, ти се тресат нозете, те фаќа трема, пеперутките играат блесаво и брзо романско оро во желудникот. Се среќавате, сеуште си растреперена и во моментот кога ќе го видиш сета трема или минимална нервоза опаѓа - природна си, се смеете, зборувате за се и сешто и дознаваш речиси се за неговиот живот пред тебе и зборувајќи за себеси сфаќаш што се си преживеала пред него. Несмасни допири, сексоповикувачки скокоткања. Интересно е, баш се магични првите состаноци - ако можат да се наречат први. Штета што магијата трае како во бајка. Што би рекла другарка ми - relationships are so overrated. I want nothing but the first dates...then everything becomes crappy and boring. А сосема првиот состанок ми беше оригинален. Мислам дека имам зборувано некаде за него кога пишував за првиот бакнеж. Имав 12 годинки. Бевме на летување. Тој - една глава помал од мене, ми тропна во собата и ме покани на сладолед. Секако дека прифатив. Се шетавме на плажа и ете ти го чичкото со сладолед од автомат, го знаете де оној најубавиот, највкусниот, најбрановидниот. Ми го купи омилениот - ф’стаци и јагоди и со румени обравчиња и срамежливи очи ми го подаде. Најдовме стар заринкан чамец на кој што седнавме и на зајдисонце лапавме....сладолед Абе ми иде да му дадам оскар за храброста и за најслаткиот состанок ever! А еден ден ќе му го доделам, сеуште сме си блиски другари
Мојот прв состанок беше кога имав 13 години. Тогаш времињата беа други, јас на пример отидов со точак А он дошол пешки и не се ни понуди да ми го бутка точакот! Дејството се одвиваше во едно паркче, правевме муабети за животот, пустиот ептен си беше паметен од мал, затоа сега докторче ќе биде Мене на пример ми беше досадно и сакав да се бацнеме и да помине фамата околу првиот бакнеж, ама тоа се случи на вториот „состанок“ ако не се лажам. Е после тоа состаноците беа во кафиЌ, McDonald's не беше веќе модерно во паркче. Пред секој состанок ми се јавуваа некои гастроинтестинални пореметувања така наречени „пеперутки“ во стомакот. Сега веќе го нема тоа, за жал! Дури ни на првиот состанок со сегашниот дечко не бев толку видно возбудена, може баш затоа што и не беше некој прв состанок, како што пишала Пирамида За жал изгледа се повеќе изумираат овие first dates
Јас сум јарец во хороскоп значи пишувај си со него колку што можеш повеќе, пушувајте на најразлични теми, прашувај го за љубовта за врските и тој сам ќе те викни на кафе, а кога ќе излезете прашај го што правел во текот на денот па тој ќе те праша па ќе те бакне ееех убавината на првиот состанок
Еве ме и мене Се сеќавате за дечкото кој што го гледав во клубот?Ете,го најдов на фејсбук,ми лајкна неколку слики и јас него ,ми пиша,зборувавме и испадна дека уствари и он мене ме засвиѓал таму,ама се плашел од корпа или како и да е и ме викна на кафе негде..Ок,ми кажа некое место таму спроти Рамстор,кај што застанал тој саатот,право да ви кажам не знам јас кај е тоа ама другарките ми рекоа дека било малце темно,па сеа би сакала да го смениме местово,ама не знам како да му кажам? И ова ќе ми биде first date,ама баш first date,во живот. Мислам,се иам мувано али беше грозно,прегрозно а и беше одамна,па тоа не ни го сметам како нешто.Плус не беше вака планирано,и не беше состанок.Ме фаќа и страв а и многу срам,многу,мнгоу.Страв бидејки дечкото не ни го знам,онака од гледање нели и од Фејс... Не знам како да се однесувам,што да правам,многу ми е срам... Совети плис
И мене првиот,првиот состанок ми беше со ваков дечко,сакам да кажам што го знам од гледање и малце пишување на фејсбук..и се чекавме на едно место и отидовме во кафич и успат додека одевме накај кафичот ме праша како сум,што има ново,како на школо,па тука се отворија некои теми за смешни случки нашколо,па дали го знаеш овој професор,ама е забеган па после ќе се префрлите на други смешни случки кои не се поврзани со школото и уште на многу други теми...ќе имате за што да си правите муабет,не се секирај,освен ако не сте срамежливи. За однесување,си бев онаква каква што сум,инаетчика,тврдоглава,не се правев којзнае што,и си добив неколку пофалби за карактерот и за моите принципи..само не се срами и прави му муабет,ама остави го и он да ти каже тебе нешто и со среќа
Епа јас сум многу срамежлива ,ама мислам дека он не е.Мислам јас сум срамежлива додека не се опуштам,после тоа многу сум опуштена...Ама додека да дојде тоа Не знам,не знам што да очекувам ич,се праам дека сакам да дојде петок а јас уствари нејкам од што ми е срам
Добро ќе помине,не се секирај,само пробај да бидеш опуштена,да не се срамиш,да не си помисли детево дека си испаднала со него,а важна глумиш,нејќеш да правиш муабет ...инаку мислам дека би можела да му кажеш дека си срамежлива,па ваљда ќе знае дечково како да постапи за да те опушти
јас сакам мало советче значи се знаеме од пред година можда и више онака сме на здраво кај си што си и секакви обични поздрави, али незнам у последно време многу сумљиво ми се понаша онака неколку пати во последно време "не спојуваат патиштата" и си правиме убави муабети, изгледа како да ме свиѓа така, а и плус убав е многуу, а на фб ретко се уклучува што значи чет исфрлам од список, ретко искача по дискотеки на спорт си е посветен немам, ама сакам да стигнам во поблизок контакт со него, што да му кажам кога ќе го видам, по кои симптоми да дознаам дали ме свиѓа ?!?! ми врти муабети нешто као еј денес 7 часа (индиректно дознај дека во понеделник во 7 и 15 завршувам), јас го фаќам хх автобус, а ти со тој си одиш? и такви некои работи и муабети ама никако директно да ми каже.. иначе дефинитивно има цврст карактер, и е паметен
Мојот прв состанок се случи на 14 години. Тоа беше време кога кино Вардар уште функционираше, а автобускиот билет чинеше 15 денари. Изборот падна меѓу два филма: Ноќта на вештерките-20 години подоцна и еден романтичен, а ние го одбравме првиот. На средината на филмот срамежливо си пуштивме рачиња и ни останаа залепени до крајот на проекцијата. После момакот гнетеше сендвич од чичко Стоилко, а јас молчеливо си зјапав. Он ми понуди гриз, ама јас одбив, зашто не сакав да ми се расипе сјајчето на усни (мислам дека го имав третото по ред). Спојлер Се бакнавме набрзинка, а мене ми се вртеше низ глава - леле, само да не помисли дека не знам да се лапам. Чекај бе, што се секирам, а он што ќе мириса на плескавица и зелка? Се качив со последната 3ка накај дома, во 23.15 на Рекорд, ама свежо доселени, немав поим дека проклетата врти од кај салата МЗТ. Одеднаш темници, мрак ме голтна, а автобусов вози во непознат правец. Ми се завртеа 10 хорор филмови и сакав да заплачам. Кога ја видов последна 5ка, им се заблагодарив на сите светци. Години подоцна... Мојот прв состанок со сегашниов дечко се случи после неколкудневно тегавење на ФБ. Тргнав свежо исончана од одмор, секси и окезена, во комбинација која никогаш не е утка - кратки црни панталончиња и обична бела маичка. Мојот дечко си е смирен, зен и кул. Јас сум драматична, полу-хистерична, ѕверка. Така си дрндав, т.е. го шармирав де, а откако ми кажа дека работи на проект за некоја зграда, откачив дека се надевам дека ќе е поуспешен во работата од Драшко Каровски (Парадоксот на Диоген). Ме погледна чудно, и не сакам да знам што си помислил во тој момент за мене. Инсистираше да ме врати дома, а јас се запнав да си одам со такси. Hint - кога инсистираат да ве вратат дома, сакаат да ве лапаат. Јас си мислев дека е само воспитан и сака да ми уштеди пари за такси. Hint бр. 2 Кога стигнавме пред зграда, он го извадил појасот и го исклучил автомобилот. Тоа било знак дека сака да си позборуваме и да се бациме де. Јас не се сеќавам на тоа. Мислев дека едвај чека да излезам од кола, и си киднав со брзина на светлината. Ден-денес го обвинувам како не ме бакнал на првиот состанок.
"Првиот" состанок ми беше во шесто одделение и беше мноооогу романтичен, на детски начин, хаа! Прво бевме на роденден кај едно девојче од генерација, а потоа откако се разотидоа сите, тогашната мета ме покани да се прошетаме и забегавме накај луна паркот - се возевме во оние лудите колички бре, и се испобутка типов во сите можни колички, за да покаже нели, дека јак е. Се вратив дома во 10, а на мајка ми кутрата, дури и притисокот и' паднал од што ја фатило паника кај сум, со кој сум и тако даље. Мојот вистински прв состанок се случи на 15 годинки, због заради тоа што бев пресрамежлива и морам да кажам, имав доста нелогично мислење за спротивниот ни пол, ама не е ни чудо, имајќи го во предвид моето тогашно ниво на зрелост. Бевме да јадеме пица, се испокаравме кој ќе ја плати сметката, бидејќи јарецот во мене го победи ракот и му ср`жав, а овој бик, си ги поднаостри роговите и таратур - каша - попара ситуација имавме, и ајде на крај се разубедивме да делиме, па морав да го слушам како ми брбореше цела вечер дека вакво нешто не видел, нит очекувал да види, па он да ти биде најјачи фраер у маало, учтив до немајкаде - а мене ми се плачеше, верувајте. Сакаше да ме бакне типчево, ама јас пусти инает, ништо не дозволив - доволно ме наостри со дешавката пред тоа и ми стана одбивен. Ниту му се јавив наредните денови (а ветив), ниту бутур. Сменив мислење за господинов под итна постапка и го пречкртав од листата на wannabeдечко. True story, ух.
Смешки ем романтики... Вино, прво танго, допири, и неговото - аман не доминирај, не терај инает, опушти го телото... А јас го гледав во уши (очите му се толку сини што срам ми беше да го гледам, од пуст мерак) и сум се закачила ко медуза за камче, не сакам да попуштам. Пиевме вино на месечина, ме бацна, онака, смешно ем пријателски, и му ја здувна две недели надвор од градов. Кога се врати, ми донесе шешир за подарок и знаев дека тој е Тој.
Ми треба совет.... Се гледаме речиси секој ден освен во недела....сега сме тазе вљубени еден во друг...но имам претчуство дека ке ме покани наскоро на состанок....ке прифатам но незнам што ке правам...како 1 многу ми е страм како 2 незнам што и како да зборувам со него....дајте некој предлог...
Зборувањето само по себе ќе си дојде. Ти треба само да бидеш опуштена и да бидеш тоа што си, не да се преправаш друга личност. На почетокот секако е тешко, во сите има малку срам па сигурно и во него. Но, ти треба само да бидеш опуштена па ќе видиш со текот на времето срамот ќе ти биде минато. Поздрав и се најубаво.