Многу ми се допаѓа...во цел период што контактиравме толку многу ми се довери за работи што искрено мене би ми било срам да ги кажам...навистина е прекрасен, се сам се труди да постигни видел мака, јасно ми е дека не е некое размазено..но како да го задржам.. цело време се нервирам...на се помислувам... и мене не ми е лесно помислувам на претходната врска што ми беше..2 години не се малку, но сакам да бидам со некој што вреди и еве сега тој ми е во мислите, страв ми е..
^ И јас така на почетокот, но подоцна се опушив. Убаво ми е со него, не мислам на тоа. Мисли дека ти го имаш сега, а таа го имала и го испуштила од рака. Мисли позитивно. Мене искрено, темата за бившите ми е многу болна. Јас не сум имала долга врска, па незнам што би те советувала, но ако сте почнале убаво, не го испуштај. Чувај го.
лелее девојки супер поминав.. не очекував дека ке биде толку совршено и одлично. си бев своја и нормална, не зборев многу (незнам зашто така) али он знаеше добар муабет да направи. бев пристојна и скромна, не многу провокативна. Пиевме кафе, се видовме и така!! Очекував да ме смува (хахахаха) али ништо не се деси,сега сме другари.. И такаа!! срекна сум затоа што се испадна ок, баш така како што сакав. еве напишав јас како си поминав,ова беше само за hermosa,таа сакаше да знае како поминав (хехе) сега па натака и на другите девојки што се плашат или што не знааат како да се однесуваат на првиот состанок мој совет е да бидам свои и нормални!! (лелее и совети почнав да давам..) хахахаах девојки happy сум, тоа е ! поздрав до сите <33
девојко,значи се било во ред,многу се радувам што си задоволна,но ако добро те разбрав сте останале другари,нели типот те свиѓаше ? како и да е,супер си поминала и фала што сподели
Леее помагајте ве молам, вчера типот со го свиѓам ми пиша и се догг да искочиме вечерва, скаменета сум , не знам што да правам!!! ме убива трема помошшшш!!!!!..... и благодарам од напред
Ако не те совладала тремата сигурно веќе состанокот се случил, никој не ти одоговрил, па сеа после еден ден скоро ти можеш да ни кажеш како си поминала, секако ако сакаш и да ни признаеш дека немало потреба од толкава трема, нели?
Аман бе тој прв состанок ! Јас убави импресии немам ! Си излегов со детето и потоа и вторпат си излегов и ништо не бидна бе...не ги мислев вакви денешниве машки... хххх
Здраво девојки! Имам 15 години, и сеуште не сум излегла со некој .Вечерва треба да излезам со еден ..Тој знае дека јас го сакам и тој мене ме сака.Како да се однесувам,Што да правам?? Што ако појде да ме бакне? Во благодарам,однапред
Опуштено само ( знам дека не можеш ) леле јас кога ќе се сетам абе смешки, ништо бе јанг лејди биди своја не се фолирај збори , вади убави теми , ако ти пријде да те бакне и ако сакаш да те бакне дозволи му ајде со среќа
ахх кога ќе ми текне на мојот прв дејт ќе ви раскажам да се посмеете излеговме со другарка ми, таа имаше дечко а јас вљубена во другар му као демек случајно... треба да не остават сами - колку е само стара финтава. арно ама јас до тогаш дечко немав фатено... другарка ми и дечко и викаат ај почекајте ќе одиме до продавница... и тогаш узбуна ја викам настрана другарка ми и ја прашав еј а кај треба да ја чувам мастиката? луѓе таа ко зеде да се смеј сите не разбраа и ајде се досмеа и ми вика ќе ја чуваш од страна. се разбравме заминаа... и така јас и дарче си стоиме зад бизнис со некој бош мубети и еве иде да ме залапа... јас припреми позор сат мстиката горе и во поход арно се ќе беше убаво ако не се засркнев ќе се удавев. дарко ме чука ме чука грбот не си го осеќав. си ја вратив некако мастиката и тој ми вика ај плукнија да не се удавиш и така си ја плукнав мастиката и конечно си се бакнавме
Отсекогаш сум ги сакала овие први состаноци. Има нешто посебно во нив. Неизвесноста, мислата како ќе помине, ќе има ли втор, (не)пријатните изненадувања мислам дека навистина ги прават интересни. Да се вратам на темава. Ќе споделам еден прв состанок кој го паметам. Пред повеќе години излегов со еден дечко со кој случајно се најдовме на фб. Не ми се допаѓаше нешто посебно но ајде си реков нема што да изгубам ако го запознаам. И да, колку е интересно кога ќе ви се измешаат самодовербата, неискуството и лошиот ден. Се најдовме со типов и ајде седнуваме на кафе. 1 ситуација - Јас порачувам кафе а келнеров велел нема такво. Јас упорно барам и не го слушам што одговара... Едвај се разбравме 2 ситуација - Дечково разврза муабет за тоа како ко ќе имал семејство ќе чистел, па колку деца сакал, па како замислувал брак... Јас, незрелата средношколка останав ваква 3 ситуација - На одење да ме испраќа, ме прегрнува силно а јас стојам скаменета ко дрво и си мислам само да не му текне да ме бакне оти ќе бегам 200км. И најтрагичното незнам со што сум му оставила впечаток но ме замараше неколку месеци после тоа со јавувања, пораки и сл. Заклучок - Јас бев ужас тој бетер од мене а беше постар цели 4 години
аии не се сеќавам баш ама според сликите што ги направивме.го паметам состаноков како срамежлив зашо пред тоа само излегувавме по кафичи и ништо не правевме,прво ми беше срам да се бакнувам па после сакав иницијатива да превземам,па ладно ми беше... од се по нешто... а најтрагично е шо не се сеќавам на ниеден друг состанок па затоа последниот прв состанок го наведов како прв.
Правило бр. 1:- Биди своја. Правило бр. 2:- Не покажувај многу чувства. Правило бр. 3:- Смеј се. Правило бр. 4:- Биди опуштена, немој да бидеш нервозна бидејки се осеќа. Правило бр. 5:- Носи си мастика, за секој случај
Сакам да споделам нешто што го видов во Саботата како пример што НЕТРЕБА и НЕСМЕЕ да се трпи на состанок. Прво, девојката дојде бар 10 минути пред типот и седна сама на маса. Ај бар да имаше уште некој у кафичов освен ние двајца суруши, конобарот и ДЈ-от. Кога и дојде фраеров, на точак бај д веј, уста не затвори, мафта со раце, препун себе, па што да ти кажам. Девојчето дали две-три реченици дали успеа да склопи за цела вечер. Едно време стана девојчево да иде у тоалет, а ја по неа. Да и кажам шо го трпи куртонов. Незнам што ќе и кажев, со нас да седне, сеир да му глеаме заедно, незнам ама дејтов ќе им го растурев гарант. Ама се разминавме. Штета И така, примети она дека загледувам и дека коментиравме па и падна уште понезгодно. Момето лепотица во однос на него, овој трол. На крај и невидов кој плати ама мислам дека секој своето, типот си го собра кусурот вклучувајки ги и металните. Па му падна една на идење, па го отклучи точакот, па се врати да ја бара кај му паднала земјо отвори се и голтни ме. Ми дојде да му бапнам една жими се. Хорор.
А, може да се иде на состанок со некој што не го свиѓаш и не сакаш ништо само да го тргнеш од глава? Спојлер А, ако те бакне...?
Бетер ќе направиш , ќе си помисли дека сакаш нешто со него , и бетер ќе се засили , поарно кажи ја вистината дека не те интересира и мирна глава , и да продолжи да досаѓа ќе види нема ефект , ќе си се повлече
Ау,како порано не сум ја видела темава Еве ме мене,експертот за дејтови.. Со дечкото се запознавме преку другар и така некое време бевме само на едно „здраво“.Еден ден типчето ми ѕвони и ми вика „ај да излеземе на само некој ден“ и јас си мислев во себе WTF шо му е на овај ама му кажав дека може и дека ке се договориме.Ајде и тоа бидна,се договоривме и дојде Денот Д.Се спрема Примадона саат ипол пред договореното време знаете да се средам се како шо треба,да не се обрукам.И ете ти го дојде времето за видување..Примадона излава од дома и доаѓа на договореното место како 500 фазна да ја мавнало се тресе а од другата страна иде типчето.И после знаете иде гушкање и тако даље ама јас од гоооооооооолема возбуда го гушкам и да се свртам на другата страна се залапав со знакот за паркинг наместо со типацот.Да да,добро прочитавте..како се плеснав уффф .. он ми се кикоти и ме прашува дали сум добро а јас в земја пропаѓам од срам.Како и да е после си седнавме си правевме муабет,се бакнавме и така се добро помина.Ама ова со знакот никогаш нема да го заборавам И еден мал совет за оние што се спремаат за прв состанок : Не се срамете,никако.Тоа само ви смета..ослободете се и бидете она што сте
Епа вака јас имам 15 години и немам имано ни муватор ни дечко, тоа во денешно време на некои личности им е многу смешно па вака требаше да одам со едно дете на состанок ама од тој страм не појдов. А двајцата се сакаме но незнам јас како да постапам и сакам да појдам ама ми е срам ќе ве молам за совет!
^Душо мила, логично е да имаш трема. Сме имале сите. Нема за тоа некој посебен лек. Треба да собереш храброст и да излезеш со детето, па после тука ќе ни кажуваш како било