1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв состанок

Дискусија во 'Сингл' започната од poppie, 9 мај 2010.

  1. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Денес имав прв состанок со еден тип со кој се договаравме подолго време да се видиме.....јас како јас, решив да облечам чевли кои ги немам носено досега ( со полна пета ). Прва работа, уште кога искочив од дома сфатив дека одам како раштрафена, а тоа е нешто што според мене остава многу, многу лош впечаток и таман ми се уврте во глава мислата да се качам да ги сменам чевлите ете ти го пред мене со колата, со насмевка на лицето :D Седевме што седевме во кафич, беше навистина преубаво, комедијата започна кога станавме и тргнавме по разградениот дел кај кеј.... :| Луѓе, за момент се осетив како да летнав на небо и наеднаш се лансирав на земја, така свиткав нога што типот освен легендарното " оп оп оп ", од кое имам аверзија, типот стварно се потресе.....мораше бе мораше уште од прв состанок да ја откривам мојата трапавост(до душа во овој случај беа криви сандалите). Мој совет до сите девојки : Не носете нови чевли на состанок, испробајте ги пред тоа на некој понебитен настан, за секој случај :D Идам јас изреволтирано да си легнам, поздрав до сите :hai: :D
     
    На kjukli, tanjabela, Golden и 7 други им се допаѓа ова.
  2. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Значи вака, 1 месец си пишувам со еден, постар од мене 3 ипол години, и уште пред една недела требаше да искочиме но ете не испадна онака, планот ми се смени..
    сношти се јави и се договоривме за вечер, после 12 да бидеме заедно и работата е тоа што јас до сега немам испаднато со никого, ни бакнеж, ни ништо... но јас еднаш излажев дека порано сум имала дечко..
    и сега што ќе бидне не знам, се плашам се срамам, не знам што да правам, ако ме бакне, мислам сигурно ќе ме бакне, ако не знам,може да збори на другарите и тогаш?? а и слушам требало со мастика во уста..
    ве молам за совети, било какви совети, само немојте да ми кажувате се ќе биде во ред и спонтано дека оди... фала ви однапред.
     
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Не се преокупирај со такви прашања,само понервозна ќе стануваш.Опушти се,забавувај се,кога ќе дојде он,прај си асален муабет ако сака да те бакне и ти ако сакаш нема што да мислиш,спонтано течат тие работи(морав да ти кажам) :lol: .Инаку за мастика ти препорачувам да немаш,односно да ја фрлиш пред чинот,подобро е така :D
    И не се секирај сите сме поминале низ тие стресови,а ако нешто збори на другарите значи дека е кретен кој не заслужува ништо од тебе :!:
    Ти па јас на мојот прв состанок се сопнав од камен кога шетавме,а кога требаше да ме бакне ќе паднев од клупата и носот ми беше полузатнат :D ,па никому ништо,пак беше преубаво.
    Поздрав и со среќа :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Во право си ама ете таква сум... ама ќе се напијам нешто обавезно и така..
    иначе фала за подршката, ме изнасмеа со она за клупата, како и да е се надевам ќе биде се ок, утре ќе ви пи пишам..
     
  5. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Девојкии, конечно се случии, мн сум среќна, не било толку комплицирано како што мислев, а ми беше мн ладно и целата се тресев, се сеќавам во еден момент ни се судрија забите, може малце и се избрукав ама ок беше..
     
  6. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Што и да правиш само со среќа
     
  7. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Мојот прв состанок беше пред околу 3 години со дечко ми. Пред тоа веќе се знаевме некое време, знаев дека има некои чувства према мене,но јас бев многу срамежлива и ги одолговлекував работите. :$ Конечно, се договоривме да излеземе на кафе. Излегов јас со другарки, а тој веќе седеше во еден кафиќ со неговите другари. Кога се сретнавме, моите другарки се разотидоа на сите страни, а и неговите другари исчезнаа за еден миг. :rofl: Бидејќи се знаевме доволно од порано, немаше многу срам и разговаравме и се смеевме цела вечер и потоа излеговме да прошетаме низ паркот..и таму ми рече дека веќе подолг период не може да ме извади од глава и дека многу сака да ме бакне :inlove: . Бев многу возбудена и кога се бакнавме почна да врне дожд и така стоевме и се бакнувавме...Дома си отидов жива вода, но прекумерно среќна и возбудена. Тоа е во кратки црти мојот прв состанок. :$ :l:
    Мој совет до сите кои допрва ќе го доживеат е да бидат максимално опуштени, да не претеруваат со анализа на некои нешта туку да се препуштат на моментот и да уживаат :)
     
    На Westlife му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
    Го паметам како да беше вчера,воедно тоа е мојот најужасен состанок.
    Се запознавме преку една игра,и си се аднавме на фејсбук.Се допишувавме нешто бла бла и поле 2 недели ми пиша дека се расчуло дека сум имала дечка-оно нема врска,тоа му е начинот да дознае дали сум сингл.И добро ајде нешто удварање имаше од типот „убава си“ бла,бла и на крај ме праша да сме се подобро запознале.И ја одма на другарките да им се пофалам и една од нив ми кажа да и договорам состанок со момчето што и се свиѓа,а тоа беше пријател на мојов.И мене ми беше незгодно ама ајде,ја наивно девојче и со цел памет го прашав.И неможел другар му нешо да дојде и оваа другарка ми запна со уште неколку пријателки да појдат со мене.И јас вака останав :o ама бидејќи несакав да ги изгубам,како и секогаш јас попуштив. |( И така ние го чекаме пред фонтана и таман да си одиме,помисливме дека не заебава,ете ти го тој 15 мин. доцнење иде...и добро знаеш Здраво,јас сум оној,бла,бла.И така појдовме.Збориме и оваа другарка ми почна грешките да ми ги брои.Кој и к*р јас како знам и сакам ке се однесувам на МОЈ состанок.И небитно бла,бла се шеткавме нешто и оваа другарка ми цело време нешто му се удвара.И на крај се смуваа пред мене и уште 2 другарки. :clap: Ама јас ништо не кажав ајде.Сега сме крвни непријатели со дечкото,не поради случката туку тој почна да ме навредува од ништо.Ма сељо |(
    Ама океј,живот иде даље,хаха. :D
     
  9. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Кое е вашето мислење за штикли на прв состанок? Машки мислења се добредојдени :)
     
  10. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Зависи од мн фактори ,на кое место ке се оди,каков тип на состанок ке биде,од возраста ,какви штикли ,дали едноставно знаеш да ги носиш ти доликуваат имаш таков стил и гардероба или само ти е битно да бидеш во штикли за да задскриеш нешто (височина и сл ).. Се разбира доколку се позанвате со дечкото ти веќе знаеш или имаш претстава каква девојка сака да види од тебе :) ,реално сите машки сакаат убави и модерно дотерани девојки со штикли но не за секаде НЕЛИ .. :fubar:
     
  11. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    195
    Мојот прв состанок, беше договор за кафее...
    Ама знете како е хаха како и многумина други, тоа кафето не го испивме :P
    Состанокот помина супер (со неколку пропусти, онака малецки) и беше почеток на врска :D
    Врската траеше неполна година, оддамна прекинавме, но беше интересно и убаво искуство :D
     
  12. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Првиот состанок ни беше малку чуден,иако се запознавме на фб и се знаевме навидум на изглед...барем по сликите ..Ние не се препознавме... :lol: се чекавме на рекорд односно кај краш продавницата и едно добро 10 мин ја чекам,он седнат на клупата се гледаме се ѕвериме...и никако да се препознаеме..... интересно беше :) Убава вечер се изнасмеавме,можам да кажам дека еден од најубавите денови ми беше тој. :)
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Првиот состанок ни беше пријателски,во еден есенски ден во ресторант покрај езерското крајбрежје надвор од градот.Се познававме претходно.
    Идејата за локацијата беше негова,бидејќи јас немав посебна желба.
    Мој избор од менито беше колач со вишни и швепс,а тој порача овошна салата и кисела вода.
    Разговаравме,се смеевме,но не насетував дека на повидок е љубовна врска ;)
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.224
    Допаѓања:
    124.279
    Местото го одреди тој,како добар познавач на убавите местенца низ градов. Се издотерав во кусо фустанче, несвојствено за мене и штикли. Смрзнав. Ми беше супер што ми пружи рака и ме пргрна веднаш. Ми беше многу пријатно, другарско. И кога почнавме муабет...оди па запри не. И после толку време уште не можеме да заќутиме. По неколку месеци дружење, падна и првиот бакнеж, а 2 секунди потоа сфатив дека е човекот на мојот живот. Уште сме заедно, и дај Боже, засекогаш.
     
    На ku4ence, LittlePinky, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  15. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Првата "дружба" да кажам беше на водно со друштва повеќе кога поради калливо време се лизгав и цел пат се држевме за рака за да не паднам. Не ни очекував ваков прекрасен тек на настаните. После 2 месеци се смувавме и се фативме, еве 13 месеци веќе :inlove:
     
  16. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно хахаа.Кога ќе се смувам со некој после тоа во врска сум? :D :$ :tmi:
     
  17. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски

    мм?хахаха
     
  18. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Дечки дајте некоја идеја за прв дејт во Скопјево? :)
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Во врска ќе бидеш ако те праша за тоа.
    Ако премолчи и исчезне, тогаш ти е мувач за една вечер и ништо повеќе :D
    А ако повремено се гледате, има простор и за врска ;)
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Што конкретно те интересира? Облека ? Локација? :)
    После прво мување не, ама ако континуирано подолг период се "мувате" и излегувате заедно, се слушате, доверувате работи, се отварате еден со друг и зближувате, и нормално ако ти сето тоа само со него правиш и он со тебе ( или во превод не се "мувате" и со 2-3 други), тогаш на повидок е врска. :)