Не пребирам,јадам скоро се. Единствено нештошто не јадам е салама свински џигери...ииии друго не ми текнува Не сакам манџи,посебно летно време,тешки ми се некако.
Кога бев помала едноставно само патос,чипсови и гравче тавче јадев.Друго во уста не сакав да ставам па камо ли да видам.До ден денес се јадам и поправена сум не сум шкорче Иначе освем одредени манџи се јадам
не пребирам јадам скоро се ,само не јадам сирење овчо и козјо исто така и млеко и месо од нивно производство
Не јадам зеленчук НИКАКОВ манџурии и во последно време се одвикнувам од месо.Не дека имам некое посебно поштовање према животните него едноставно не сакам да јадам месо.Исто не јадам салами,зелка и леќа особено мразам а да не зборам за пача и од тој вид пивтиеста храна. Затоа можам да се удвам во секаков вид млеко,јогурд , павлака, сирења и се што е од млечно потекло освен кисело млеко.
Не јадам секакво сирење. Не јадам никакво кисело млеко и не пијам секаков јогурт, само Цацко густ. Не јадам јуфки, зелка манџа, пиперки, сланина или секаква паштета и не ми текнува што друго. Во суштина, се јадам
Кога бев помала моите имаа многу голем проблем со мене. Не можеа никако да ме натераат да јадам. Никако. Сестра ми јадела се. Мајка ми печела еден плех благи работи, еден плех солени дневно/неделно за да биде најадено дебелкото, и со мене, нагла промена. Бев одвратно слаба, секое парче облека висеше како да е закачено на прачка. Не е дека не ми се допаѓаше храната, едноставно не можев да поднесам да конзумирам храна кога не сакам. Скоро и да не бев гладна и со мајка ми се бркавме околу маса за барем еден залак да внесам. Самиот поглед на јадење кога не ми се јаде ми причинуваше нагони да повратам, а не бев гладна во поголем дел од времето. После тоа тргнав на училиште, целодневна конкретно. Е таму одјадов и тоа што сакав да јадам претходно. Станав неверојатно пребирлива кога станува збор за храна, и мајка ми заврши со тоа што готвеше повеќе јадења за четворица затоа што секој јаде сосема различно. Сега полека, но сигурно го надминувам тоа, ама течен грав, грашок и растурена сарма (ова никогаш не сум ни јадела, ниту пак мајка ми спремала) само да помирисам, сум во состојба да се онесвестам.
Срамежливо дигам две прстиња. Пребирам многу, знам дека не е убаво, но таква сум. Посебно не јадам манџи, разни салами и слично.
И јас пребирам ептен многу. Јадам само месо, компир(ама да не е варен), ориз, тестенини и млечни производи.
Мојот прадедо често знаел да рече: Сто гладни ќе наранам, ама еден сит - не можам! Кога ти се јаде, и кисели сливи ќе јадеш Во принцип не сум пребирлива, има многу малку работи кои не ги јадам. Ама никогаш не се случило да речам дека нешто не јадам, а воопшто да го немам пробано на вкус.
Не сум воопшто пребирлива. Јадам скоро се’, велам скоро бидејќи има некои продукти што не ми ги поднесува желудникот и од кои имам мачнини подоцна, па затоа ги избегнувам (мелено месо, кромид, лук) ; но има и некои продукти, можат и на прсти да се избројат, што ми се одбивни од старт и што во никој случај не можам да ги јадам (јагнешко месо, паштета, пивтија). Инаку, секогаш сум подготвена да вкусам нешто ново - дури и задоволство ми е. Немам проблеми со тоа и никогаш не одбивам да пробам нешто затоа што претходно никогаш не сум пробала, па ако ми се допадне - го јадам и друг пат, а ако не - никому ништо. Порано имаше многу работи што не јадев поради тоа што доаѓаа во комбинација со нешто што ми беше одбивно. На пример, не јадев спанаќ бидејќи секогаш го приготвуваа со јагнешко месо, а јагнешкото многу непријатно ми мириса и не можам во никој случај да го јадам, па така не јадев и спанаќ. Сега јадам спанаќ и тоа откако почна да се приготвува без месо и можам да кажам дека ми е и омилено јадење.
И јас со мајка ми стално се карам. Не јадам сирење,урда,маслинки,сланина,чајна,маст,избегнувам свинско...
Јас многу пребирам што јадам ,не од занес туку од што навистина ми се гади од некои јадења. Сирење ,кашкавал ,мајонез ,маргарин ,риба ,мрсно ,не сакам ни да слушнам за ова ,лук ,кромид ,зелка ,марулка исто ,душата им ја имам извадено на моите со ова јадењево.