Проблематична бев за јадење како мала, и сега не сум нешто подобра Не јадам кечап и мајонез, печурки, пиперки (живи и потготвени на било кој начин освен ајвар), на сите сарми им ја вадам обвивката (зелка, лозов лист) и ја јадам само средината, на полнети пиперки истото им го правам. Долго време јадев само еден вид сирење, сега јадам ама пак не секое. Мусака и пастрмајлии јадам без јајца одозгора. Секаков дел од животно освен чисто месо не јадам (џигери и слични внатрешни органи). Луто не јадам, павлака, од туршија само морков и карфиол јадам. Боранија не можам да смислам. Компир манџа јадам само откако ќе ги испасирам компирите (ова ми е мала траума од градинка ). Толку ми текна во моментов, сигурно има уште нешто што не јадам Знам дека сум препич на темава, дечко ми стално се жали дека кога ќе треба со мене да живее, ќе си умре од глад пошто нема ништо да му давам да јаде... гревче Со исклучок на пиперката, свежо овошје и зеленчук обожавам. Можам да јадам цел ден и малку да ми е. Ај барем витамини не ми фалат во исхраната.
И јас сум многу проблематична повеќето ми се чудат.Не јадам кечап и мајонез, домати, печурки, пиперки, марула, туршија.Не јадам ни сирење ниту пак пијам јогурт.Порано мајка ми ме тераше да јадам но се откажа.
не јадев месо пред неколку месеци, па пак јадев и пред неполн месец решив не јадам и веке нема предомислување-мајка ми дома какви не замки ми поставува ама овој пат не мислам да се предомислам
Па и не се наоѓам баш тука не пребирам јас ако ми се јаде тоа што е напревено ќе седнам ќе јадам ако не ќе си направам нешто што ми се јаде и завршена работа.Никогаш со сила не ме терале затоа што сум била доволно ухранета.Уште од мала сум почнала да јадам многу работи тоа е изгледа што сум радознала инаку многу ретко знам да јадам грав,батаци(купени)некако почнаа да ми мирисаат последно време и не ми се вкусни,кечап,скоро никогаш не јадам леќа,помрсна храна не јадам ми смета и тоа би било. Останатото може да помине
Има деца кои не јадат кромид..и одма дома ништо не се готви со кромид.. го зедов примерот..или ако еден не јаде некое јадење одма не се дома тоа јадење... Кај нас дома сите има што не јадеме некои јадења па се готват и тие јадење... Ама некој претеруват со пребирањето..има една школска другарка јаде смо тост,пица,смоки стоби флипс,супа,пржени компири,палачинки., и милка чоколадо...и пие само кока кола...е ова ее претеризам...
Никогаш не пребирам јадење одсекогаш се јадам во границите на нормалата има храна што и не ми е баш омилена ама ќе каснам на брзинка , само боранија не јадам и тоа дома не се готви
Не прибирам но избегнувам манџи бидејки ииич неми се вкусни, некогаш ме фати жал за аба готвела цел ден, ме моли но ете не ми сака душата А со татко ми маки си мачеме, има проблеми со желудникот и се за него постојано, риба не јаде сувомесно, печурки, маслинки, кромид и уште триста глуппоости ама ајде
И јас пребирам за јадење. Не јадам риба (ми се повраќа од неа), јаготки (ми се повраќа од нив), лубеница, пиперки, алва, модар патлиџан, печурки, турлитава, летна манџа, сите видови на месо, и др.
Не е пребирање се што едноставно не можеш да јадеш. Има луѓе на кои им се „подига од петици“ од некои јадења. На пример сум сретнала луѓе кои едноставно не можат да бидат во близина на самата миризба на кечап или пиперка, или риба или јогурт - сеедно. Едноставно не го јадат тоа и готово. За мене пребирање е кога ќе отидеш некаде на гости, и дома го јадеш оризот од мајка ти а тука не го јадеш, или пак од сите сокови јас само кока кола пијам друг не сакам да купам и не сакам да ме послужуваат, или не знам, јас во манџата кромид не сакам да има морковчиња ич ќе ме отрујат. Едно е да не поднесуваш нешто - не го пребираш туку едноставно не го јадеш и готово, а друго е да се пренемагаш и да туфкаш на се што ќе ти принесат пред тебе. Јас не јадам тиква, не јадам секакви видови на месо, еве на пример не јадам риба и ме послужиле риба со пире. Ќе си го изедам пирето и рибата ќе ја оставам. Не благодарам, мојот организам не поднесува риба. Ама сега да требам да корнам немој од рибаа да се залепило на пирето, или немој да се допрел лебот до пиперката - не.
Јас не пребирам. Тоа што има ќе си каснам и ми се познава Богами Ама, мразам значи органски не поднасам цревата ми идат нагоре кога некој се претерува во врска со храна. За жал,знам многу примери се стави нешто на маса за јадење, и одма БЉАААК јас не јадам тоа тоа е гадно како можеш да јадеш тоа? БЉАК како смрди. И со тие одвратни фаци. Ауф неможам значи. Ми иде по глава со некоја чинија да ги треснам. На пример,кога бев во Америка и со девојчињата со кои што живеев им сметаше,им мирисаше нашето сирење. Јес да мириса, ама побогу девојко нема потреба да се покажуваш дека ќе повратиш. Ме иритира тоа. Имам одено во неколку земји,различни кујни имам јадено. Ама ако нешто не ми мириса убаво,не изгледа убаво не ни пробувам едноставно. Нема потреба од докажување простотилук. Тоа е храна. Неможе да СМРДИ и да е ГАДНО. Тебе ако ти е гадно, на некој не му е. Според мене тоа е некултура.
не јадам боранија, пиперки, тиквички. Мразам кога некој со сила ме тера да ги јадам, Еднпставно не ми е убав вкусот еднаш да ставам во уста, губам апетит. На боранијата дури мирисот ми е одвратен., ми се превртуваат цревата