Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пребирање

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Karamella, 31 август 2012.

  1. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Прибирам :talk::)
     
  2. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Пребирам премногу
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.794
    Пол:
    Женски
    Охоо, кога ми готвеа душата им ја вадев. Сега си готвам сама и раат сум хаха
    Боранија, грашок и сите останати манџи не ми се на список. Полнети пиперки, сарма, подварок, исто така.
    Во манџиве не спаѓа гравот хаха него го јадам и некогаш компир манџа.
    Пиперки живи не јадам, брокулата ми е одвратна, јаболката ми предизвикуваат мачнина, гадење..
    Кромид освен запржен во нешто, не го јадам (ова значи дека не јадам кромид во салати, похован итн..)
    Праските исто како јаболката ама ми се ептен слатки и најчесто ризикувам, си викам стално-па не можам да умрам од една праска:D
    Ако продолжам да не падне во несвест некоја форумџика:lol:

    Е сега да се разбереме.. ако сум на гости и ми дадат да јадам нешто од погоре споменатото си јадам. Ама со сила..не уживам.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Не пребирам многу, не јадам само грав, боранија, лук(освен во некои јадења), џигери(и такви слични работи ууу) и печурки..:angel:
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Многу сум пребирлива кога е во прашање храната. Не јадам риба (ми се повраќа од нејзиниот мирис), јагоди (исто како и рибата), џигери и останати органи, морски плодови, пивтија, месо (само стек), пиперки, печурки, лубеница, дуња, смокви, суво овошје, модар патлиџан, ананас, киви, круши, житарици, ѓувеч, подварок, тивици, брокула, пашканат, целер, рен, и др.
     
  6. marich

    marich Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Па во домашна атмосвера не сум многу пребирлива јадам се што ќе ми зготви мајка ми , знае што сакам и знае многу убаво да зготви :D, а иначе знам да пребирам.
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Не сум пребирлива во изборот на јадења што се приготвуваат затоа што јадам се освен грав и кисела зелка. Тоа што може да ми пречи е начинот на подготовка. Мирисот е пресуден за да ја вкусам храната.
     
  8. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе ми имаат кажано дека не виделе попребирлив човек од мене.Не само што не јадам милион работи, можам полесно да набројам што јадам, туку пребирам и за начинот на кој е зготвено и како е исечено, која дебелина.Не го правам тоа за инает или да се истакнам и дома така си јадам, плус мајка ми е страшно гадлив и педантен човек и сака храната да и е убаво исецкана, спремена инаку ни таа не сака да јаде свенешто.

    Не можам да набројам се што не јадам ама еве што ми текнува:пиперки во никаква форма, ајвар се подразбира тука, ништо од зимница освен кисели краставички,никакви манџи и чорби(грав/боранија/грашок/компир манџа/леќа),ориз,никакво мељано месо затоа не јадам сарма мусака и ништо мељано од скара, кисела зелка(подварок/вариво),цвекло,спанаќ,џигери,сувемоснато скоро ништо, печеница и пршута понекогаш само јадам, виршли, хамбургери такви сендвичи не јадам, не јадам морски плодови, а морски риби има некои што ми се допаѓаат,луто/зачинето, и уште многу работи кои сега не ми текнуваат...

    Друго во врска со сецкањето и подготовката, јајце варено јадам ама ако е исецкано со машинка само, не ми е слатко онака,патлиџан сакам многу, но ако е истребен од сите семки и излупен, ми се гади од семките тоа мекото, леб не јадам ако не е тенко исечен, кога јадам пилешко во ресторани го сецкам на ситни во случај да не има жилки и за кое парче сметам дека има го оставам на страна, симит погачата ја отварам, ги делам корите на тенки како ливчиња и ако некое не е тенко не го јадам(а тоа е пола симит погача).

    Се на се другарки ми викаат да му се одјаде на човека кога те гледа како јадеш.Се нешто ситнам и требам, некогаш мака ми е.Во градинка бев најслаба од цела градинка, цело основно исто бев најслаба во класот, иако количински си јадев посебно во пубертет, само што јадам само мал број на работи.И не ми се јасни луѓе што не веруваат демек измислува како може да вика гадно ми е, мене стварно некои работи ми се толку гадни што слободно можам да повратам додека се готват или јадат, затоа некогаш кога моите јадат нешто што ми е гадно, јас јадам одделно од нив.Мајка ми и ден денес кога вари млеко или пржи јајца секогаш повраќа или барем ќе добие нагон, едноставно организмот не и ја поднесува миризбата, така и мене .И нема врска демек од дома така те научиле да си на друго место ќе пројадеш,сум живеела и сама и некои работи сум пробала и сум пројала нови, но минимален дел и пак си се држам на истото мислење и за подготовка и за она што не јадам.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не пребирам и по природа сум гурман има само некои 2-3 работи шо не ги јадам како на пр јагнешко месо неможам да помирисам и некои јадења што содржат јагнешко. Друго се си јадам :D
     
  10. Ники.

    Ники. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    Скоро се јадам..
    али затоа мајка ми е терсене.
    Не јаде зденки,кашкавал,сирење,маслинки,печурки..:talk: :shake:
     
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Премногу сум пребирлива и сите се чудат на тоа и ми велат што јадеш ти ова не јадеш она од што
    живеш.

    Ама имам си свои омилени јадења кои си ги јадам. но во последно време пребирливоста ја смалувам,
     
    На Anaxandra му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    О, да и те како. Малце се поправив од пред тоа иначе срам ми беше да отидам некаде па да ми понудат за јадење, во незгодно ќе се најдат. Не јадев никакви тестенини, сега јадам но само убаво зготвени, со мастрав, зачини. Мелено.месо исто и ден денес не јадам во сарма или мусака, едино како некој сос, но добро замаскиран со кромид и доматно пире.Сутлијаш не можев да смислам, сега јадам по малку. Не јадам пиперките воопшто како и се што се прави од нив. Не јадам риба. Јајце само варено и на око, кајгана не доаѓа во предвид. Боранија, диња, морски плодови. Се согласувам дека храната е уживање, нема смисла да јадам нешто на сила што не ми поднесува желудникот. Пиперки, мусака и риба знам дека нема шанси да пројадам.
     
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Епа јас изгледа сум една од ретките што јаде секаков вид на храна. Не пребирам, и постојано сум расположена за јадење :wasntme: среќа што тоа не ми се одразува на фигурата, слабичка сум си :$

    Значи сите видови на месо и сувомеснати, млечни производи, леб, тестенини, пекарски производи, секакви житарки, грав, леќа, боранија, јаткасти плодови, јајца, благо, солено, луто, зачинето...
    Немам проблем со ништо. Единствено зеленчук и овошје не сакам толку многу, ама се трудам да јадам за здравје.
     
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Јас само не јадам месо од типот на јагнешко и телешко и од зеленчук, работи како брокула и сл., се друго јадам :D Пораснав, нема веќе пребирање :D
    :d::drunk:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Не преферирам само боранија, лук и кромид мнооогу ретко јадам и секако пача не доаѓа во предвид :shake: :D Друго горе-долу сѐ јадам, значи не пребирам многу :angel: :lol:
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Пa, не сум мнoгу пo месoтo зa среќa. Единственo oд месa јaдaм рибa (oслич) и пилешкo, мнoгу реткo некoгaш и пo некoјa кременaдлa. Пaчa милиoни дa ми дaвaт тaa пoмијa вo устa не јa стaвaм. :puke: Не јaдaм и мaјoнез. Крoмидoт не гo oбoжaвaм, aмa убaвo ми мирисa дoдекa гo пржaм кoгa гoтвaм.
    Епa мислaм декa тoa е тoa. :?:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.821
    Пол:
    Женски
    Месо не јадам само риба и пилешко. Не јадам боранија, леќа, бамја, кромид ретко и лук мразам.
    Не јадам брокула и некои такви слични зеленчуци. Слабо јадам и сувомеснати пошто не јадам месо не доаѓаат во обзир.
    Млечни производи јадам. А исто така и овошје и зеленчук. Од овошје не јадам банани имам проблем со желудникот од нив.
    Не јадам и варено јајце.
    Не јадам и благо многу ретко.
    Не јадам солена храна мразам сол, мразам когс е пресолено.
    Не сакам и зачинета храна и премногу лута.
    Пача не доаѓа во предвид и да ке заборавев спанаќ мразам.
     
  18. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Пребирам и тоа многууу! На сите му идам на нерви.Ова не, она не.. претеризам сум.
     
  19. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    12.528
    Пол:
    Женски
    Не пребирам,се јадам.Се сакам и да пробам.
     
  20. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Не јадам леќа,мусака,лешници,диња,урми,варен грав,бел леб, од месо освен пилешко и риба друго не доаѓа во предвид, диво посебно.Сланина и чварки никако ми се гади од мирисот, во ептен ретки случаи јадам свинско месо ама печено само. Шампа ми е нешто најгадно, и ореви во торта исто, ако има нешто од ова во тортата културно ја оставам со изговор "не сум гладна" :D Варени и пржени јајца не обожавам, како и паштети. Јаболки и круши со сила јадам,воопшто не ги сакам.