Пребирање

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Karamella, 31 август 2012.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    26.055
    Пребирање класифицирам на: "ми се повраќа од тоа", "не ми се допаѓа, ама можам да го изедам" и "не го јадам зошто сметам дека е нездраво".

    Вистински ми се гади од 3 работи (само на тие се сеќавам, толку ми биле гадни што ми се врежани у меморија како траума): алва, модар домат и сардини.
    Не ми се допаѓаат: морска храна, мелено месо (не ми се допаѓа ни вкусот, но ми создава проблеми во стомакот, ме боли некако, ми се враќа), кобасици (поготово оние со бели гнасотии, некои рскавици и што ти знам што не)(поштувам бредфурст), чајна/кулен, еден куп сувомеснати (поштувам печеница, посува the better) ама ќе ја издвојам онаа болони саламана што личи на паштета, паштета, виршли, сирење (ми се допаѓа само козјо, ама и тоа ретко го јадам, со салатка, мали количини), лук, лубеница, грав, не се сеќавам на друго.
    Не јадам бел леб (ретко било каков, а бел исклучиво ако некад изедам нешто надвор, па нема избор), кобасици, чајна/кулен, паштета, виршли, не се сеќавам на други работи.

    П.С. Во последните 2-3 години пројадов туна и ослич, тиква (језда во мали количини), круши (ми стана и меѓу поомилените овошја), смоква (буквално минатава сезона кога имаше пројадов), не сеќавам на други работи.

    Во принцип, јадам се' и сешто, има ете некои работи кои не ми се допаѓаат, но понекогаш ги јадам. Но, првите 3 никогаш никаде повторно.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lolo5

    Lolo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    796
    Пол:
    Женски
    Јас припаѓам во оваа група. Пребирџика сум. Манџи никакви не јадам. Ретко седнувам на маса со моето семејство, бидејќи манџа се готви секој втор ден во нашата куќа. Дури и салата јадам од посебна чинија, бидејќи тие во нивната ставаат кромид. Постојано се карам со моите за ова, се чувствувам како да ме обвинуваат за моето пребирање бидејќи фрлаат пари на ,,специјална" храна за мене. Јас сум била размазена, разлигавена, дури и имаат пробувано да не ми даваат да јадам за да се научам на ред. Од овошје и зеленчук јадам речиси се, освен кромид, лук, праз, и таа зелката од расолница (свежа јадам), бидејќи не ми се допаѓа како мирисаат, и не го јадам секое јадење во кое ги има. Кога ќе замириса на овие зеленчуци дома, буквално губам апетит. Од млечни производи јадам се, а месо јадам само чисто, не преферирам салами, колбаси, ќебапи, плескавици, мелено месо,... А најмногу сакам благо :lol:, грицки исто така, ама не некои со јаки зачини (односно да не мирисаат на кромид и лук).
     
    Последна измена: 27 септември 2017
    На Queen8 и crazylady им се допаѓа ова.
  3. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.720
    Пол:
    Женски
    И јас сум си голема пребирџика. Не јадам сувомеснато, салами, паштети, јадења со запршка, кисела зелка, праз, жив кромид, боранија, пача, изнутрици, сланини и др.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Пола ја пребирам, а пола сум алергична8-|
     
  5. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Јас многу се нервирам кога некој пребира храна искрено. Не ми е културно пребирањето. Точно сега секој не може да јаде сѐ поради здравствени проблеми некој има тегоби во желудникот после јадење пита или зелник и не ми се верува како јас сум толку јака во тој дел. А и искрена да бидам ги избегнувам таквите луѓе а, не знам можеби сум и грешка но, ми се чини со носот облаци сечат. Стои како далеку од реалноста. А и го избегнувам оти го немаме истиот проблем за среќа. Среќна сум поради тоа. Така ме нервира пребирањето зашто кога видам некое дете што не пребира јасно ми е постои и такво нешто дете кое не пребира убаво научено и така ми се допаѓа.
     
    На Buttermilk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Buttermilk

    Buttermilk Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    552
    Пол:
    Женски

    Кога спомна за деца ми текна за децата на јатрвата. Особено најголемата уште кога била мала свеки цело време зборувала ова да се испасирало, она да се испасирало и детето така се научи сѐ пасирано да јаде. Е, отпосле уште поголема мака што ем не сакаше да џвака, ем прибираше. И ден денес уште прибира иако некоја храна ја нема вкусено.
    Јас не прибирам. :D