Мојот после 2.5г престана да јаде... сега, на скоро 4г после повеќе од една година нејадење, проба и јаде пак месо. Манџа не се става у уста никаде, во градинка само сув леб и пире јаде. Да го видиш ќе речеш детево нема мака со јадење, ама очигледно има.. Све е пробано да пројаде манџи и зеленчук. Буквално се.
А бе мајка, сите тука мислам дека се у состојба секој ден од сендвичара да му купат на детето само да касне нешто. Не станува збор за здрава/нездрава храна. Едноставно нејќе да проба. 2 години има одбива да проба сладолед. Не е дека не му давам, не сака не ни знае каков вкус има. Ама за сметка на тоа одбива да јаде и било какво овошје. Едноставно поинтересно му е се друго, од храната. Бега од маса кога се руча. Како сакаш зготви, ако сакаш цел ден јади пред него, во кафана остај го, џабе.
И подметнувам и тоа, 5 лажички ни е максимумот и тоа како и давам присилно, мм вика ќе ја задавиш полна уста јас давам нова додека не избегала. Ќе и се јадело гладна кога ќе била, не можеме да се објасниме дека она веќе е гладна. @Mom's_life не е ни мајка советничкава.
Повеќе деца од тебе имам израснато, и имам дипломирано на тема родителство уште пред да родам дете.. Да ме прашаш, знам се, од чаеви за бебиња, цуцли, ад млеко, гасови, запек кај бебе, до вируси, блуцкање, растење на деца/бебиња, исхрана, скокови во развој, моторика и развој кај тодлери.. И тоа не е се, со малиот од тетка ми работам и дефектолошки, секогаш кога можам, и од тоа имам познавање, си купив книги..
Не сум мајка ама мислам дека попребирливо дете за храна од мене немало. Ниту една храна не ми беше вкусна ниту па сакав да пробам, од се ми се гадеше. Се и сешто правеа за да изедам барем неколку залаци, околу маса се бркавме со јадењето или со тањири и вилушки се шетавме надвор за да јадам. И мислам дека нема нешто потешко од тоа да имаш дете нејадач.
Абе не е битно колку ги имаш израснато, туку како. Ние деца ради реда не раѓаме за да им дадеме на 1 година телефонче, тик токче, сувомеснати и чипсови, ама еве кај тебе може различно е.
Па добро скоро сите имаме искуство со чување деца, ама апсолутно не е исто да одгледаш твое и туѓо дете. Туѓото дете го чуваш неколку саати и на крајот го предаваш на родителот, јадело не јадело не го мислиш ти туку си има родител, а твоето дете е твоја одговорност 24/7. И има деца што едноставно не ги интересира храната па колку сакаш јади пред нив. И гладни да се нема ни да пробаат од јадењето, така што советиве не ти се од помош.
Браво за темата.Мислев дека попроблематично дете за јадење од моето нема.2 години и 2 месеци е, и сеуште мака мачиме со јадење.Цел живот сум внимавала на здрава исхрана и мислев дека исто ќе биде и кога ќе имам дете, ама сега гледам само да јаде нешто, не е важно што.Срам ми е што ќе кажам, ама секој оброк ни е со цртани на телефон.Ако не и пуштам да гледа во состојба е ништо да не јаде цел ден.Сега со второво, откако ќе почне со храна ќе гледам да биде без телефон, па колку јаде, толку.
Поголемото синче додека цицаше и јадеше каши, јадеше здрави оброци, овошје и зеленчук.После проба кечап, пица, тост и крај, престана да јаде овошје и зеленчук.Сега јаде житарици со млеко, тост, пица, пица кифлички, нудли,пецива,мн ретко јајце варено или пржено со 300 молби, јадеше зденки абц сир или павлака на лебче сега неможе да ги смисли, јадеше пржено лебче со јајце и јогурт сега не сака, од готвени манџи јаде ако е на пример како крем чорба, или мусака со кечап, ориз не сака, месо нејке му се пикало во забчиња, салата не јаде.Овошје никакво, едно време пиеше цеден портокал сега нејке, ако види на бебето да му давам овошје или каша, бега се гади.Мн е слаб, 20 кг има а околу 120 е висок, коски му се бројат, активен е турбо.
Да кажам, ама не иде да кажам, дека ми е мило што не сме сами . Мислам дека после година ипол - две како почнуваат повеќе да разбираат ќе ни биде се потешко. Осеќам многу разлика од пред неколку месеци кога беше 15-16, многу повеќе ме слушаше, многу полесно се „залажувавме“ да јадеме, не беше тоа со цртани и телефони, туку и правев интересен да е моментот, ја ранев јас, па она мене, па и дававме на куклата па после ние јадевме, грицкавме краставички да видиме како крцкаат, или пиевме супи и чорби од различни цевки. Цело време ја оставам сама да јаде, и се шлакаше и во шлакањето и јадеше, е кога не ја чувам јас само се надевам дека исто ја оставаат сама да јаде. И веќе ништо од ова не ми функционира, ни една тактика, зборување, објаснување, послужување. Ич не сакам да обвинувам други, ама пусто си барам само причина. Иако инсистирам секогаш кога можеме да јадеме заедно (апсолутно тврдам дека тогаш најмногу јаде) и тоа е најчесто викенд, маж ми се не е гладен на сабајле, па он не доручкувал, ајде ќе ручаме заедно, ама па за вечера он пак не е гладен и така. Преку недела исто, јас си доаѓам покасно за ручек или ако дојдам порано, е он пак не е гладен пошто касно доручкувал, за вечера ако правам тостови правам за сите и место да јадеме заедно, ние јадеме откако ќе легне пред тв. Друг можеби проблем, а гледам и другите го прават и ве охрабрувам да престанете и да не се плашите, баба и е запната да ја храни додека игра. Она ја чува веќе година и факт е дека со нејзе најмногу време поминува, мал милион пати и јас и маж ми сме и кажале, да ја остава сама да јаде, да не и дава меѓу оброци нешто колку да и даде, да не трча по нејзе со лажицата, ама упорно не не слуша. Пред некоја вечер јадевме пица, детево си изеде едно мало парче сосем доволно за нејзе сепак беше пица, е после дошла до тањирчето и сакала уште и баба и не да ја седне за да јаде, станува и и' носи она дур играше и трчаше низ соба. Сабајлево имаше палента со сирење за доручек и ај реков тешко ќе и биде сама да јаде, па да и дава баба и. И даде една лажичка, после она сакаше сама нормално, е арно ама сакаше само да буричка, а не да јаде и луѓе пола саат седев, закаснив на работа, една лажичка плус не изеде и реков стани ја нема да јаде, ја собрав чинијата и ги оставив. И што ќе прават сега не знам. Најверојатно ќе седи до ручек со едно смути само што ќе и го даде пред спиење. Сакам да ги прашам возрасниве нејадачи @marsilia и @fbaby дали имало нешто што памтат зошто им се направила аверзија (ако може да ја наречам) на храна, прифаќам да си селективен во јадење, да не ти се допаѓа све, ама зошто да не пробаш и да видиш дали ќе ти е можда вкусно. Имало ли нешто што многу ви сметало во рано детство и посакувате да не го правеле вашите родители во врска со јадењето, дали можеби ако не ве терале со сила, сепак ќе сте јаделе или ќе сте седеле гладни. Што мислите дека би можеле ние како родители да направиме и како да постапиме, за да не си кинеме живци со секој оброк, а да ги научиме децата да имаат здрав контакт со храна. Да напоменам дека јас сум јадач, обожавам храна, да има можност да не се дебелеам ќе јадам нонстоп, само тоа ме спречува да не изедам цел слон, а исто така не сум голем фан на фаст фуд, па може и да не ве разберам тотално зошто не уживате во храната . И уште едно прашање за мајките на поголеми дечиња, не ги најдов да ги тагнам. Ако можете да се вратите, што би смениле, како да се справиме со овој тип на проблем во рана возраст? @macalavica јас познавам детенце еден период беше 120цм 16кг, да ти е страв да го гушнеш, многу често дискутирам со мајката на темава. Сега е мислам 2кг+, секој грам го мериме. (Ова не е поврзано со твоето мислење.) Истава мајка ме охрабрува постојано, да не се стресувам, ми дава поддршка да не пуштам цртани и да не ја ранам во играње или со играчки и анимирање на маса и по цена да не јаде во моментот. Малку беше скептик кога почнавме со блв и парчиња од 6 месеци, ама после ми кажуваше дека кај нив и тоа имало голема улога што долго време се ранеле блендирано, не пасирано, туку мазно блендирано, една трошка да имало во оброкот, мала текстура, веднаш се јавувал гаг рефлексот и тоа до кај 3 години. Кажува дека нејзиното дете не знае сеуште за глад и ситост, го јаде тоа што е во чинијата и не посветува внимание, гледа дека го изело и тоа е тоа, не знае дали сака уште или не сака. Сега е 8 години. На тие што ме исчитавте до тука.
браво мама на трпението за ова и до крај те прочитав. Немам многу што да додадам, ја знаете мојата нејадачка сите од раѓање. еве 2 години направи, нема промени. Во градинка јадела и барала репете . Дома со тв може ќе отвори уста да касне нешто. сум пробала и без тв, колку касне толку, и до следен оброк пример не давам ништо. и следниот оброк е исто. ништо нема да изеде. Затоа спомни и торта, сладолед, уста до небо отвара. Немам веќе енергија да пишувам на темава
Тачно срц, тачно. Колку повеќе разбира, толку потешко е Не е нешо голема мојава ама јас од старт би почнала со парчиња, и тоа по малку. Не би се плашела толку дали е најадена, затоа што реално ја "форсирав" да јаде за да биде најадена. А сега мислам дека е поважно да има пробано се отколку да изеде количински колку што "треба". Година и 8 месеци е, некои работи не сака да ги проба оти не и изгледаат убаво. На пример патлиџан Устата лепенка.
Тоа си заборавив во постот Јас и давав парчиња, ама не бев многу опуштена, конкретно заради алергии, пошто од бебе имаше реакции и цело време одолговлекував намирници. Искрено да се вратам пак не знам дали би била храбра , ама мислам дека има голем удел изложеноста на различна храна.
Искрено, не знам што точно предизвикало да имам толкава аверзија кон храната, ама мислам дека кога пробав манџи (боранија и спанаќ) престанав со пробување на друга храна и до ден денешен не ги јадам манџите. Скептична сум да испробувам, си се држам до тоа што ми е вкусно. Јас мислам дека е само период тоа со нејадењето зошто гледам има многу деца нејадачи, па после им се јавил апетитот. Можете да им го декорирате јадењето во тањирот чисто да им изгледа поинтересно да ги намами да пробаат. Кај мене некогаш тоа палеше. Само се надевам дека моето дете нема да биде нејадач како мене инаку го обрав бостанот.
И кај нас е нешто слично. Би рекла селективност дека е повеќе. Од бебе и дете што се јадеше и по цел ден нешто буташе, сега имам пребирлив тодлер што само ми ја бутка раката и ја врти главата на се и сешто. Беше болен во пред 2-3 месеци и од тогаш навака е хорор. Овошје и зеленчук свежи? Боже ме зачувај! Патлиџан, краставица, лубеница, диња, праска, шанса нема да отвори уста ни да проба. Смути му правам сабајлечки за да внесе овошје, зеленчук маскирам колку можам ама мислам дека повеќе има проблем со конзистенција и структура на храна. И со боја можда. Црвено нешто нема шанси да проба. Макарони ако се крупни да, ситни не. Овесни ситни да, крупни не. Да е до него цел ден ќе е на леб и кисело млеко. Жими за тоа не прави проблем. Некогаш успевам да му дадам да проба од јадењето и тогаш ќе сфати дека му е убаво и ќе го јаде, некогаш не дозволува да му се доближи храна до уста. Сам да јаде е мисловна именка. Само го бутка тањирот пред него и вика НЕ и се мршти. А во градинка се јаде, без проблем. Тоа ме теши малце. Последниве два дена освен банана нејќе ништо да проба. Ни шмукалче, ни смоки, ни бисквити, ни кисело млеко. Почна да одбива и тоа што до вчера му беше омилено. Ослабен е многу и пак е триста на саат, не разбирам од кај му иде таа енергија. Се нервирав ама тоа е што е, мое е да нудам, негово е да одбива.
Сум пробала палачинки во форми да и правам, ама мала беше не ги изрегистрира некако. Се согласувам и декорација и интересно сервирање може да побуди интерес да се проба нешто. Едит: Ќе пробам сабајле пред работа зајачево да и го направам. Фала на идеите, овие ич не се комплицирани.