Пребирливи јадачи - picky eaters

Дискусија во 'Дете' започната од Mucika, 20 август 2023.

  1. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    13.047
    Пол:
    Женски
    Е да, зависи колкаво е детето.
    Само трпение, ќе пројадат па ако треба секој ден идеи ќе давам. :D
     
    На LiquidLuna и Mucika им се допаѓа ова.
  2. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.404
    Допаѓања:
    77.648
    Пол:
    Женски
    Имам многу на темава да пишувам како мајка која зеленчук не јаде никаков, млечни производи никакви освен топен кашкавал, со месо секакво сум скарана, морско да не видам, и девојче од 2 ипол години кое јаде се. :D Да се ослободам малце и ќе ви ја кажам мојата приказна.
     
    На Mother of 2boys, sj *O*, Löwenzahn и 6 други им се допаѓа ова.
  3. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓал изглед и мирис на храна (пример пиперки, сарма, лук, кромид, манџи, зачини). Манџи многу мразам, мирисите на запршка секогаш ми биле одбивни. Во градинка не јадев исто ништо од ова, имав обиди, сум пробала, на крај останував гладна и ништо не јадев, не ми се допаѓало. Не сакам лута, зачинета храна, храна што тешко се вари и тешко мириса.

    Единствено солено и благо ми се омилени како вкусови, знам дека ако бев ептен гладна ќе побарав своеволно смоки, некое чоколадце, компирчиња, пица, такви работи само можеле да ме излажат да ги јадам зошто убаво ми мирисале и изгледале. Сепак сум јадела како врапче, неколку залчиња и пак и тоа останувало, не сум била некој јадач, со сила ме потсетувале да јадам.

    И бојата на храната ми значела, повеќе сум сакала интересни бои што дречат и привлекуваат внимание. Мајка ми успевала банана да ми дава мешано со црвени или виолетови овошја (уште сакам вакви работи и како дете сакала да ги јадам заради бојата, интересни ми биле), а зеленчук не сум сакала зошто не ми се допаѓала бојата (зелено, портокалово, не ми биле убави и сум ги одбивала, исто и денес ретко што јадам од зеленчук освен краставици по своја воља и компири приготвени на различни начини).

    И денес не пробувам често различна и нова храна, никогаш немам јадено суши, мексиканска храна на пример. Ми личат одбивно и тешко, не ме привлекуваат да пробам такво јадење и максимално избегнувам такво нешто. Јадам тоа што ми е сигурно вкусно и знам дека нема да ми е тешко од него после.
     
    Последна измена: 24 август 2023
    На JoyJoy и Mucika им се допаѓа ова.
  4. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.973
    Јас лично сум пребирлива, многу работи не јадам. За среќа децата јадат скоро се. Големиот ми е тежок за овошје и риба. Дури и има проблем со столицата, па на секое го потсетувам за овошје, некогаш на глава му се качувам :worried:
    Како мал беше многу тежок за јадење, требаше на глава да застанеш за да јаде. Е сега јаде повеќе од мене, веќе е 13 год.
    Не знам дали се исплати тоа што бев упорна за јадењето, си викам барем јаде се.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.343
    Допаѓања:
    31.245
    Пол:
    Женски
    Ти си ќерка ми и да знаеш дека мајка ти си ја нервирала многу :D
     
    На JoyJoy, marsilia и Mucika им се допаѓа ова.
  6. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.404
    Допаѓања:
    77.648
    Пол:
    Женски
    Кој и да ме запознае вика дека сум најприбирливата личност која ја запознале. Како мала годинка две сум јадела се, ама кога сум пробала дека постои млеко со бисквити, еурокрем и некои такви работи прекинувам да јадам се друго. Тука почнува борбата на моите, но се разбира јас победувам. Со тек на време почнувам да јадам манџи ама не се, полнети пиперки без пиперки, сарма исто без зелката, во манџите да нема лук, пиперка и некои други зеленчуци. Во супата мораше да го извадам магдоносот. Сакам пица, макарони со сос од кашкавал, нутела, компири на секаков начин. Се што е најнездраво тоа го јадам, и да лута сум сама на себе ама не можам да пробам ништо ново. Проблем е кога и да одиме некаде затоа што за мене нема ништо за јадење во ресторани. Полесно ми е да ви набројам што јадам, отколку што не јадам.

    Дојде ред јас да бидам мајка, стравот мој да не биде како мене е се уште тука. Борба водев и со баби иако ги гледавме на месец дена, па они сакаат да дадат нешто слатко. Мојата до 2 години немаше пробано сок, благо, пржено се уште не и давам. Сега веќе знам да и дадам некогаш сладолед, сокче цедено ( или обичен ако нема во моментот цеден таму каде што сме) ама нема претерување. Најмногу ме радува што пробува, ако не и се допаѓа кажува и не ја терам, после месец два може пак да понудам. Дома нема ништо благо, грицки се е кренато така да тоа за неа и не постои. Никогаш не нудам друг оброк, секогаш го нудам истото ако не сакала да го јаде. Единствено што ја научија бабите, а што мене не ми се допаѓа е да јаде лепче. Стравот дека ќе прекине да јаде е секогаш тука, но знам дека не можам да ја заштитам и од околината. Излегуваме надвор деца јадат и нормално е и она да побара. Сега тргнува во градинка, но добрата страна е што градинката се заложува за здрава исхрана, па оброците кои им ги праќаме од дома треба да бидат здрави.
     
    На JoyJoy, Tiny Love, Mucika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    3.318
    Пол:
    Женски
    Се приклучувам во групата возрасни нејадачи :hai: воедно не сум мајка.
    Кај мене повеќе фактори играа улога. Откако мајка ми ме префрли од кашеста на цврста храна, прилично многу работи јадев до кај 5та - 6та година, АРНО АМА под услов храната да е зготвена од мајка ми или од нејзината мајка (едната баба)...кога готвеше другата баба (мајката на татко ми) не јадев ништо бидејќи не знаеше да готви. И храната од неа беше невкусна. И така со тек на време многу јадења ми станаа одбивни, иако некои јадења од никогаш не сум ги јадела - на пр. мелено месо во секоја варијанта отсекогаш ми било одбивно.
    Друга работа. Се случувало да трчаат по мене со храна или да ми речат "нема десерт ако не се изеди јадењето" и ме присилувале да пробувам храна дури и без да сакам. Совет од мене, не ги прајте овие грешки со вашите деца ако сакате да стекнат здрав однос со храната...
    Уште 2 работи-се случувало ако видат еден тип на храна да јадам, да се готви постојано за потоа да го одјадам и воопшто да не сакам таа храна да ја јадам долг период. И ден денес сум таква...
    Исто така, одредени работи ми ги забрануваа (пр. газирани пијалоци).
    Едит (да не заборавам и ова): осесивна сум со чистота и не можам да јадам од неубаво измиени чинии, вилушки, лажици и сл.
    .
    Anyway, сега е ваква ситуацијата:
    Веќе 4 и пол месеци сум вегетаријанец и од месо јадам само риба. Зеленчук воглавно јадам, овошје послабо. И строго интегрален леб. На смокви и ананас сум алергична. Некогаш го јадам истото шо и моите го јадат, само без месото, а некогаш посебно си готвам. Пијам газирано некогаш. Ако премногу често јадам еден тип на храна, ќе ми се одјади и потоа нема ич да го јадам некој период. Успех во денот е ако изедам 3 нормални оброци, среќа па сум здрава и не сум преслаба + вежбам. И така...и ден денес се бориме со храната дома :D

    Ако ме прашате мене...многу се очекува од децата. Општо зборам.
     
    Последна измена: 24 август 2023
    На sani99, FridaodaMk и Mucika им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    13.583
    Пол:
    Женски
    На дечко ми како мал не му давале чипс да јаде и газирано да пие, сега да може по цел ден да јаде тоа, само тоа ќе јаде и пие.. Едно време влегуваше само во маркетот што го знае, за да знае каде е чипсот на кој рафт, да не го види чипсот и да не го купи.. Ама останал стрвен за чипс и газирано и ден денес, ништо друго вика не ми предизвикува сатисфакција да јадам, само тоа, дека многу му бранеле дома.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.018
    Допаѓања:
    4.829
    Да почнам брокули и банани да бранам? Викаш може ќе се разјаде :?:
     
    На H.VAGA, Mother of 2boys, ladydy13 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.343
    Допаѓања:
    31.245
    Пол:
    Женски
    Хахахах гарант ќе почне да се крие за да јаде
     
    На H.VAGA, Mother of 2boys, ladydy13 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.410
    Допаѓања:
    27.470
    Пол:
    Женски
    Овие вашите деца не се ништо. Да го видите маж ми колку е picky eater.
     
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.659
    Пол:
    Женски
    Ми текна да се дополнам- некогаш пали кога ќе го натерам да ја мирисни храната да почни да јади.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.525
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Многу работи што како мала не ги јадев, сега веќе ги јадам. Не се сеќавам многу од која причина не сум јадела, дали ретко се купувало нешто и нудело дома ама во секој случај се сеќавам дека не јадев киви и на детски роденден, ни беше понудено, јас некаде околу 10 години, кога зедоа сите зедов и јас.

    Од друга страна пак и многу работи што често сум ги јадела, сега ми се здосадени.

    За моево дете не знам како ќе биде, премало е да кажам. Она што ме револтира кај домашните е што секој си кажува за тоа што не го јади. Еее демек глупаво тоа што го даваш или некој таков коментар. Нормално дете на 6 месеци нема да знае дали брокула пример е убаво или не, ама убедена сум дека ако тоа на 3-4 годишна возраст го слуша за многу типови на храна, може да се појави одбивност.

    Инаку често го следам овој канал на YouTube, па еве некое видео со совети.
     
    На Mucika и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  14. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Како picky eater, можам да ви кажам кај мене што било(и е) turn off.
    И овошје и зеленчук јадам само свежо, без сол, без шеќер, без масло.
    Во манџи ми сметаат зачини и кромид/лук. Ден денес јадам манџа без лук и кромид. Може да е тоа проблемот а не манџата како манџа.
    Многу работи јадам на еден начин, а на друг не. Пробајте да истражувате со текстурата на храната, начинот на кој е приготвена една намирница.
    Исто многу работи јадам посебно, а заедно во комбинација-не.
    На крај краева, давајте му тоа што сака, дополнувајте со суплементи и овошје сигурно нешто ќе сака.
    И не очекувајте дете да ви јаде иста храна со возрасен. Гулаши, сарми, презачинети и премиризливи оброци ретко кое дете јаде..
    И ако ви е за утеха, манџи со запршки и зејтини, па и не се толку здрави:D
     
    На LiquidLuna, sj *O*, Bubamaricka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    2.851
    Пол:
    Женски
    Еве денес да ви кажам што е јаден цел ден. Сабајле 5 лажички млеко со бисквити, ужинка едно шмукалче, за ручек пилешка чорба нит ја проба нит ништо. Бевме кај моите за ручек имаше пржени компирчиња ни тоа не сакаше, а седнати сите на маса заедно да јадеме. Од се што имаше понудив ништо живо не сакаше. После јадеше 2 залачиња кифла и вечера пола порција чоколино.

    Да, се израдував се пофалив дека сладолед сефте јадеше пред некој ден толку беше радоста му понудив пак ама џабе. Некогаш не знам дали да се радувам или да се нервирам. Значи сладолед не сака. Лебче со нутела нема шанса, пица ауу што е тоа кога проба направи гримаса мислиш кисела зелка му дадов, сок!? Ма јок. Додуша за сок и нека не пие не се лутам можда и поарно, ама бар овошно смути да го пиеше, кога како и тоа. Кога е болен освен вода друга течност нема опција.
     
    На Mucika, LiquidLuna и Malesia им се допаѓа ова.
  16. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    3.318
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам:
    Е ова. :bow:
    Децата имаат почувствителен нервен систем од возрасните, почувствителни се на дразби, мириси, вкусови, бои итн...следствено на тоа и почувствителен желудник и црева имаат, полесно фаќаат стомачни вируси и сл.
    И додека кај некое дете, поставената маса со многу храна може да го отвори апетитот, а гледајќи како другите јадат да добие поттик и тоа да јаде-кај друго дете исто поставената маса може да предизвика анксиозност поради мешавината на дразби одеднаш, да се здобие со чувство дека возрасните очекуваат од него да јаде бидејќи и тие јадат (па дури и мачнини да се јават ако храната е многу зачинета и има силен мирис). И така
     
    На Directioner005, Mucika и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Како за син ми да читам. Храна што е тоа? Незаинтересиран за ништо. Нешто да проба нема шанси, сам да се пружи по нешто нема шанси. И јас и маж ми 5-10 ручеци вртиме во круг.. ама јадачи сме. А малиот апетит нема после 2рагодина. И тоа ајде чоколино зашто јадел па несака ништо друго. И тоа не давав со надеж дека ќе јаде, не и тоа го откажа. Почнувам со алое вера кидс (па ќе видиме).
    Сега сваќам на мајка ми како и било со мене
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.018
    Допаѓања:
    4.829
    А реков да не се жалам. Ама ај кога веќе почна да си кажам и јас. :D
    Нели сабајле не ја пипна палентата, овошно смути испила:sweat:, ручек не пипнала, цел ден на смути, се испотресов од работа излегов ајде сите да јадеме, јок! Замена попара со кисело млеко, јок. Ај реков ќе правиме заедно овошна салата, ја качив на столче со мене во кујна и дадов пластичен нож и даска и сецкаме заедно банани, јаболка, праски и јас и земам од јаболчето и грицкам крцкам, се излажа касна две лентички тенко исечени, овошната салата во ѓубре заврши оти повеќе си играше и на ништо не личеше на крај.
    Излеговме и што ќе јадеме, во бившо вили отидов и купив тост! И што изеде? Лушпата од пола тост, тоа закоравеното, си лупеше и си јадеше трошки поштено. ;(
     
    На Mother of 2boys и Bubamaricka им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.525
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Дали дозволувате да им се нуди храна на детето, било каква по гости?

    Имав случај пред некој ден, братучеди со 4 годишно дете кое не јади скоро ништо. На се понудено од моја страна, нивни одговор Х не сака.

    Јас: Да извадам грицки за Х?
    Тие: Џабе е, Х не јаде.

    Јас: Смеам да понудам чоколадо на Х?
    Тие: Не сака Х, благо.

    Јас: Да донесам овошје за Х?
    Тие: Нема потреба и дома не јаде.

    И така си седи детето цело попладне на страна.
    Со моево не сме стасале до пребирање може и јас истото ќе го правам. Ама во секој случај нели и на 4+ годишно дете може и негативно да влијае во желбите и изборот на храна ако постојано пред него викаш ова не, она не.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.343
    Допаѓања:
    31.245
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш ме прашуваат, само за смоки на Витаминка сум рекла не. Онака оставам да ја понудат нејзе, сака не сака. Ама работи дома што не ги јаде, ги сака на гости. Затоа не ми е проблем ама ич, или да спречувам да и се понуди овошје пример. Глупости