За апетит да покачите само ацерола. Моево ништо ич не јадеше (4г има) значи неколку дена Виста само со бисквитче или едно чоколадно млеко ацеролата му отвори апетит. Ама и двајцата ми се пребирливи. Големиот па некако ќе го седнеш и на крај ќе изеде тоа што сум зготвила со сила ама малово нема шанси (иако "репертоарот" на јадење му е поголем ) не знам што би правеле. Кога ние сме биле деца што ќе се ставало тоа се јадело немаш можност да речеш не јадам. Сега не знам, ние ли сме виновни и сме им дозволиле да јадат само тоа што сакаат и дозволуваме да не манипулираат или стварно не можат да јадат се
https://www.instagram.com/reel/CwqMbrNuGKG/?igshid=MzRlODBiNWFlZA== https://www.instagram.com/reel/CuT__njt8vM/?igshid=MzRlODBiNWFlZA== Идеја за нејадачите
Ова мојата веќе не го јаде, премногу и е специфично, сака колку може по "гола" храна . А толку се трудеше мајка да декорира, да ја учи на зачини, дури и пецива се научив да правам, она секогаш со корката и трошките од сув леб завршува.
ацерола за деца. Моево е 4 г. Не знам искрено од која возраст може да се дава. Дали од 1 год или од 3 год
Кај мојот и тоа не успева. Инаку и порано имало нејадачи. Јас сум била нејадач и брат ми беше нејадач. Јас не јадев ништо (чував во уста), тој јадеше само ограничено мени. Не е нејадењето сега измислено. Јас пројадов на 7 години, брат ми до ден денес е пребирлив.
Како се справувате со нејадачи. Значи прво вика дека му се јади, ај ќе му дадам, после му оставам самиот да си земи ако е таква храната дури и кога е со лажица го учам сам да држи и да стави во уста. И сега иди молењето цело време ајде земи ајде земи, така по еден сат на јадење. И морам да сум до него за да изеде нешто барем нешто оти не го терам со сила цела чинија да ја јаде. Ако не сака ми вика мама дава, и мама пак дава еден сат оти храната ја чува во уста и не ја голта, дури голтни ќе заспијам. 3 + сме и мислев дека како расти ќе менува ќе бара сам овај абер нема. Од бебе е ваков. Се јас да му давам, нема желба не е фокусиран со храната, исклучувам и цртани и се, ја дроби на маса никако да полни во уста, гладен е оти бара. Чипс смоки јаболко гумени јаде во еден здив не дека му давам често но тоа знај да си го изеди. Ниедно јадење не го бендисува. Сабајле зедов бурече си велам ај малце да се омрси може ќе се разјаде и пак истото. Во градинка слабо јаде, велат некогаш нејќи ни да проба, дека не каснува многу и се оди бавно.Бавно џвака, друго се со заби би изел оти многу гризи. Сите ми велат сам ко ќе побара и ко ќе побара не е уклучен за да јаде ако ме разбирате не ужива. Бевме на гости и бебка година и пол се изеде на масата шо имаја поставено, мојов две смочина касна и сокче се напи. Не знам шо е проблемот, храна менувам често да не не го бендиса, ама пак ништо не сака. Можи само лебче со Еурокрем. И не можеш друго да дадеш овошно јогуртче, пудинг нешто да биди сито, не јади. Сега и овошје слабо ми јади, исто сецкам и давам залче по залче.
Има ли некои детски психози шо помагаат за нејадачи деца или некои профили на интернет шо ги следите како детево да почне да јаде, не дека е пребирлив значи не бира нешто било шо да го сака и да му дадам него ми е дисконектиран со јадењево, не е вклучен, не јади со ќеф, како робот ми е ако ме разбирате, само седи му давам ќе отвори уста одвај ќе џвака еден сат, не пофти да земи со рачето, нема ќеф, не јади со сласт.
@Lisandra психолози обично работат со деца што имаат сензорни проблеми при јадење, пребирливи и слично. Инаку и мојот споро џвака не е тоа проблем. Проблем е малку ако јаде и ако има проблем со текстури и слично. Ќе пробуваш различни работи да даваш и тоа е тоа.
Мајки, едно прашање од мајка која не е на форумов. Се работи за бебе кое за една недела ќе направи 7 месеци и не знае уште да ја голта храната , поточно кашички му дава, ја плука. Таа после 6 месеци почна со пробување на вкусови бидејки каде што живее не дозволуваат до 6 месеци ништо освен млеко. Да напоменам дека е на формула, докторите викаат имајте трпение покасно ќе почне да јаде , има такви деца. Но мајката е вознемирена.Некој совет или слично искуство ако сте имале.
Ако нејќе каши ќе почне пасирано и БЛВ, моето не сака мазни текстури, јас пасирано давам од почеток(5.5м почнав, сега е 7, јаде и парчиња според блв)
Темава ја приметив уште на почеток, ама од мака со двајца нејадачи во исто време ич не ми се пишуваше. Сега мислам дека најтешкиот период е зад нас. И е неверојатно олеснување. Ама сочувствувам со сите. Been there, done that, and in a way… still doing that. Првото дете, ќерка ми 4 години, до 2 години јадеше многу малку количински, ама многу балансирано. Од втората година почна по малку се да одбива и дојдовме на крај на само неколку намирници. 2 години ова беа сите 5 намирници: макарони (само еден вид оние класични прави) без ништо, чикен нагетс, помфрит, пржено лепче со јајце, корнфлекс. Никогаш 2 работи заедно. Зеленчук = 0. Од овошје само зелено јаболче. Парче кашкавал once in a blue moon. Шат пат оние грицки за деца, долги пуфулети ги викаат тука, стапчиња. Од благо, шат пат кроасан, неколку пати мафин во 2 години, киндер јајце или киндер чоколатце и смартис. И сладолед. Обавезно коцка темно чоколадо со висок процент на какао, еднаш до два пати неделно. Баш пишував во друга тема. Пред 5 дена, седнавме да ручаме. Дома мусака за два дена спремно, за госпоѓицата пржено лепче. Последниве месеци толку бев разочарана што престанав да ја нудам од нашето пред да и го дадам нејзиното. Она така гордо и дрско одлучи дека не и се јаде, си стана од маса, си ја зема чинијата и си ја фрли храната во канта. Тоа е однесување кое не е прифатливо. Пишав и претходно ем и спремам посебно ем ќе ми фрла во канта. Бев пред нервен слом. Фрлање храна најмногу мразам и многу се трудам да не фрлам. Од тогаш јаде се што ќе и дадам. (5 дена) ама за неа огромен прогрес. Е сега поради претходно искуство со вакцини каде не беше најсреќна, кажав дека ако не јаде ќе оди на вакцина. И тоа ми упали во моментот, или можеби едноставно и дојде моментот на преокрет и да пројаде еве не знам, ама еве 2 дена веќе не сум спомнала доктор, а таа си каснува без многу негодување. Морам да признаам дека заплашување со доктори и полицајци ми беше ноу ноу и затоа еве 4 години за ништо не сум пробала така, ама беше очаен момент и само си реков јебаај га, ќе го средуваме тоа од после. Последнава година ипол работевме со неа многу, со вклучени психолози и мислам дека изградивме солиден фундамент за здрава конекција и дека ми верува. Никогаш претходно не сум ја лажела за ништо и мислам дека полесно ќе го решиме ова со докторов отколку храната. Е сега ќе биде долг пат, пошо е навикната на неколку вкуса и неколку текстури, и за многу работи ќе треба се одново, ама… спремна сум. Второво дете, син ми 16 месеци, до 15 месеци беше добри 98% само на цицка. Ни блендано, ни пасирано, ни парчиња ништо не го занимаше сем цицката. И дека веќе голем, почна физички и ментално да ме исцрпува по цел ден и цела ноќ на цицка цели 15 месеци. Стегнав заби го одбив и од следниот ден беше ново дете. Сега јаде се. И се што ќе види дека ние “мелеме” се сака да проба. Пред некој ден додека сецкав варено цвекло за него, тој веќе џапнал со рачето од цвеклото од туршијата и џвачка. Пошо јаде само последниве месец ипол и со него сеуште воведувам нови намирници. Ако ви е некаква утеха, со големата нема што не пробав. Све политички коректно можно и ништо не успеа. Целата надеж ми пропадна кога почна во градинка и немаше никаква промена. И двајцата јадат количински помалку, ама никогаш не сум инсистирала за повеќе. Битно ми е да имаат поздрави три оброка на ден. Дозволувам грицки и често им земам детски, па и благце понекогаш. Сладолед, летово и почесто. Не сакам да сум мајка што забранува, па кога ќе бидат со други деца да не знаат што попрво да пробаат што дома не е дозволено (а детската психологија и функционира така). Единствено дома што не давам е салами, чајни, виршли и сл. ама оти ниту ние јадеме, па ретко се купува. Ама негде ако имаат прилика да пробаат нека. Веројатно и дојде моментот, што да ви кажам освен да стиснете заби, ќе дојде и на вашите.
Со поголемиот имав проблем до лани. Сега има 12 години. Почна скоро се да јаде. Само млечни производи не сака (освен кашкавал). Сирење не сака да помириса. И од овошје диња не јаде. Ама помалово ми е проблематично. Он си јаде, ама пребира. Млечни производи во никој случај. Макарони јаде без сирење. Риба не јаде и јајце (само сварено и само белката). Од овошје сака само диња и лубеница, а од зеленчук само краставица и компири. Од манџи само компир манџа и грав. Од други јадења само ориз со копани. Месо сака. Тоа е добро. Компирот го сака пржен, па така веќе не му правам. Вчера правев мусака и не јадеше. Компирите биле варени.
Ова со ќерката, буквално како да се читам себеси за син ми, од А до Ш... Јас некогаш се тешам што ручекот му е мусака, полнети пиперки, грав, леќа и компир манџа, па си викам ај колку толку барем не јаде ептен нездрави работи. Имаме уште пола година до 4, па ќе издржам до тогаш
Јас сум сум била picky, ма не пили, нејадач прва класа. Во 90тите. Ма не авиони, не војници.. Во уста чував и плукав кога не ме гледаа. Така да постоеле. Само немало фемина да си споделат мајките. Мајка ми секогаш ми вика среќа имаш мини поли покет не е на тебе. А сега јадам се, освен боранија и магдонос. Има надеж мајки, чекајте 30 години да наполнат
Мене не ми е јасно како нешто што го јаделе после некое време не го сакаат. Малово сега 4год. буквално се јадеше до 2 год. Сите намирници ги вкуси некои за мене гадливи тоа си ги јадеше. Манџи сарми полнети пиперки ориз со сласт го јадеше. Сега јок. Не знам не ми е јасно зошто.
Исто! До 18 месеци скроз се. И после толку. (Сите ми велат период е ќе помине ама 3 и пол години има сега) Бисквити и млеко, лебче, смоки и тоа е!
Дали блв начинот на исхрана може да влијае на понатамошното хранење на детето? Изгорена од првото,ќе дувам и на ладно за второво Ако има некое искуство дека со блв воведување на тврда храна ,лотоа ќе нема проблем со јадење кажете ми,додека не сме почнале со немлечна исхрана. Живци искинав со големиов,4год има очекува некој друг да го храни,да го опоменува да џвака,јадењето трае по 1 час. Он е баш како робот,што пиша некој погоре,он не ужива во храната,како да не знае кога е сит а кога гладен... Мислам дека пробив една финта за пројадување,ама ќе тестирам и утре на појадок . Сакаше дедо му да му даде со лажичката,викам сега ќе те сликам и во групата од градинка ќе те пратам,па нека те викаат мало бебе дека не јадеш сам. Се налути,ја зема лажицата и за 5мин беше готов.