Да одмогне блв нема сигурно, а дека ако јаде блв после нема да се сопре исто така неможе да се гарантира. Мојата јадеше блв па пак не е којзнае каков јадач, а исто мислам и на @IRBBB. Ама еве на @LiquidLuna мислам не беше блв и исто не е некој јадач. (ама ве издадов) Така да правило нема, секако со блв имаат подобар контакт со храна и ред други предности (меѓу кои дека може да превенира пребирливост), ако сакаш да пробаш go for it. Горе гледам пишувале дека после година ипол-две почнале со пребирливоста, обично тогаш и почнува до 1ипол-2 години го рачунаат повеќе како селективно јадење, а не пребирливо. Не сум пишала одамна, градинкава нас ни направи промена, не огромна ама веќе не ми е толку стресно јадењето. Можеби и оној сирупот имаше влијание. Не можам да кажам во моментов дека ми е проблем седнување на маса. Не дека нема периоди или денови кога јаде помалку или не го јаде тоа што не сака, ама има и периоди кога јаде колку мене. Е тука е и мојата грижа на совест, затоа што немам секогаш подготвено храна, па детево јаде некогаш ќебапи (еднаш изеде 7, да 7 ќебапи со лепче, дури и буковец проба ), гиро ми смачка еднаш(без сосови), за пржени компири не правам муабет, ама тие ни се на забранетата листа. Не постои манџа што не ја јаде, јаде леќа, грав, грашок, компир манџа, месо секакво, риба секаква, спанаќ и блитва, ориз, леб јаде секогаш и не и бранам, ако ние имаме "посебен" дел за благо во стомак, она има за леб. Е зеленчукот и овошјето ни се слаба страна. Зеленчукот колку толку некако се протнува во ручек, а овошјето се конзумира исклучиво во смути и тоа банално овошје, банана и јаболко, капини нема шанси, или повеќе од 2-3 малини или јагоди, ги осеќа и не го сака.
@Mucika те молам сподели кој сируп го даваш? Сум пишувала и порано живци искинав со јадењето. Менито моментално е палента, јајце, јуфки, тарана, грчки јогурт, млеко со биксвити, лебче мачкано со павлака или еурокрем, тост, пржено лебче помфрит кифли. Толку. Ништо друго не ми јаде. А да и шмукалчиња. Пред некој ден заигран отвори уста за мандарина ја исплука, а блага беше ја пробав пред да му дадам. Играчка банана јаде а му дам нормлана банана ми ја турка со раката. Манџа!? Месо!? Па не памтам кога последно јадел. Градинка е само на леб а и не се трудат нешто многу да го најадат. Не знам од што му е убава крвната слика.
Ооо не. Барем кај нас. Од сам почеток сме на блв, сам јадеше со раце, нозе од 6 и пол месеци, со прибор целосно после година и некој месец, одличен старт имавме, после беше анемичен, намали на јадење, па заби и не знам, има(ше) периоди на буквално тотална незаинтересираност за храна. Денес, две и пол години, сам јади со лажица, вилушка, сечи со нож, пие од секаква чаша, директно од шише со обична устинка. Ама со рака не допира лепче намачкано со нешто, па ако треба и нека умира за јадење. Чоколадо не допира ако не е завиткано во книже и постои и најмала можност да му ја извалка раката. Смоки? Научна фантастика, освен да му даваш. Овошје, само банана и боровинки, бананата исечена на тркалца намачкана со путер од кикирики, а боровинките со лажица ги срка. Порано јаболче, мандарина, малини каснуваше, сега нема шанси да си ја валка раката. И кај нас 'заканата' со градинката 'пали'. Претходно го носевме во помала градинка од сегашната и многу ја мрази градинката, персоналот, сѐ поврзано со неа. И ако му речам дека ако не јади сам, ќе го носиме во малата градинка кај малите бебиња, дека во големата градинка не примаат деца шо не јадат сами, тогаш каснува. Ама неретко се случува и во такви случаи да побара вилушка за да јади намачкано лепче со вилушка или пак прееееедолго да го набљудува лепчето, да мисли од која страна да го фати за да не се извалка. И обавезно до него кујнска хартија и влажни марамици мора да има и на секој обид да се допри лепчето, се бриши по 73747483 пати. Овој е некој психолошки момент, траума. Каде и дали ние имаме згрешено, не знам. Во градинка јади исто сѐ шо е со прибор, на мачкано лепче им викал 'јас вакви глупости не јадам, ако има јогурт сакам да пијам'.
Не грешите никаде. Моето дури на 3ипол почна да фаќа намачкано лебче во рака,а сега на 4 и некој месец уште се обидува да избегне(очекува јас да му дадам) но е далеку поразбран му кажувам и да се извалка со павлака може да ја лижне од прстот или да се избрише. Веројатно ова го има кај сите деца.
Да се пријавам и јас - со марамиците на секое јадење Ги дига рацете во вис и дури не го избришам нема шанси да продолжи да јаде. И точка да има капнато, извалкано, бара да го избришам.
Well baby го давав, вчера го потрошив второто шишенце и сега прекинувам. Само да знаеш не го комбинирај со молерс се дуплираат некои витамини, зборни со матичен секако. Сега и со градинка паузираме па што биде нека биде. Не знам дали некоја коинциденција ни се потрефи. Не можам да речам дека сега јаде се или дека е јадач, пак си имам резерва, ама сум далеку поопуштена, а си сменив и мајндсет дека не е толку страшно да јаде леб и компири секој ден ако тоа и душа сака. И сега зеленчук порано што сум пробувала да го маскирам во полпети или намерно сум правела турли тава, не се ни замарам да правам, од време на време ако направам некое варивце за нас ок, инаку морков, боранија, брокула, карфиол, тиква, ништо од тоа не јаде. И мандарината не би ја каснала, ама па затоа ќе и ја исцедам. Претходно и за тоа се стресирав требала да го џвака овошјето, многу шеќер имало во цедениот сок. Сега обавезно и цедам и го мешам со вода па ем вода испила ем некој витамин од овошјето. Или секогаш ставав урда како поприфатлива варијанта во кајгана или палента и не ја јадеше, сега и ставам сиренце и си ги јаде.
Сум пробала да му дадам цеден сок не сака. Само вода пие. На еден роденден се залета по сокче се скисели и го остави. Во палентата обавезно му ставам јајце од препелица. Пробав да му камуфлирам мелено месо во палентата ја исплука хаха. И јас се смирив малку за јадењето се едно исто му вртам што јаде ама па се е тесто. Смути му правам дома не сака. Ќе прашам за сирупот убаво што ми кажа пошто давам и молерс.
Поголеми сте биле од нас периодов, ама сакам да прашам како сте сега? Иста ли ви е ситуацијата или дајбоже некоја фаза била? плс израдувај ме мајка Старо е мислењево, од мака сите мислам ги исчитав во темава.
Пу пу да не урочам, ама оди накај подобро. Пак е пребирлива и ако не и се свиѓа нема да јаде, ама па почна да збори и кажува што сака да јаде па бараме алтернатива, најчесто јогурт, кисело млеко или леб. Почна да јаде манџи и месо, дури и преферира месо пред се, па фала богу не се бркаме веќе околу маса. Не научи да јаде мирно скроз, ама свесна е дека се руча на маса па ако е ептен гладна седи со нас и чека. Има надеж.
Јас не можам нзс да и' најдам на ќерка ми. Една недела не ја ни погледнува мусаката, друга недела јаде и репете од неа. Колку пати пица или палачинка со крем сме и' нуделе, 90% од времето не пробала ни залак. Кое дете не сака пица и палачинки?? Ручек со сè и сешто да бира, она сува кришка леб јаде. Едино со сласт што јаде и не одбива е пржено јајце со сирење. И благи црни маслинки, тие и се нај нај омилено нешто. Ваљда како ќе расте ќе развие палета на вкусови, ваљда е период само.
По мојава теорија, до година не ни знаат што прават. До 2 години повеќе тестираат отколку што стануваат пребирливи. После 2 години станува посериозно. По мене овој период од година до две, кога веќе разбира е клучен. Обиди се да не се нервираш, биди трпелива и тогаш кога нема да сакаш биди смирена, затоа што се прима. И нуди храна, не престанувај да нудиш. Грицкај овошје викни го да грицне и детето, макаш во манџа нека мака и оно, се што правиш ти со храната треба да прави и детето. Башка што после година се на исто рамниште со нас, освен луто и благо, друго може се да јаде и од зачини и од структури и форми. Секогаш кога јадете нешто по дома нека јаде со вас, и ако има јадено пак нека седне со вас, не мора да јаде, нека седи и нека ве гледа, нека учествува, правете си муабет, понуди го ако сака ок, ако не пак ок. Некогаш ќе јаде, некогаш не, колку порано го прифатиш ова полесно за сите. Нас воопшто не ни изгледа денот како што замислував за јадење, ама последниов месец проба мандарина и јагода! What? Некој да ми кажеше ќе речев нема шанси. Надвор на лулашки она јаде круша и јаболко! Пак, what? Пред една недела се враќавме од пазарче и она јадеше пиперка свежа како сладолед Ок, после си доби и цела топка сладолед. Ама тоа е тоа. Тоа го сакам јас, да јаде пиперки и да јаде сладолед. Да јаде манџа и нека јаде леб, и ако одбере лебот да го мака во манџа, а да не ја изеде манџата и тоа е ок. И нормално некоја храна сега ја сака утре не ја сака. Палента во животот не сакала, на неколку месеци и давам пак, пак не сака. Спанаќ/блитва/штавеј се давеше во нив, сега не ги сака, ама јас пак од време на време и ги правам. Ручекот е за сите нас ист, ако она не сака си останува со 2-3 лажици до вечера, тоа е, не давам замена, не правам бекап ручеци, не и нудам нешто друго. Ако е гладна ќе јаде. Се случува да не сака и кога не гледа дека ние јадеме после 10-15 мин да присака, затоа викам трпение. Истото е и за доручек и вечера, ако не го сакаш оброкот, нааајверојатно не си гладен, следно јадење е за неколку саати.
Mnogu ubavo kazano majka, alal ti vera za trpenieto. Mene nervoza me faka koga ne saka da jade ona sto sum zamislila i onolku kolku sum zamislila. Ama toa e moj problem, ne nejzin.
Моево, ни палачинка ни пица ни бутур. Живее на леб со грчки јогурт, некогаш леб со Еурокрем, тарана, јуфки, шпагети, се само со сирење, чат пат јајце со молење, млеко со бисквити (последно и тоа одбива) пржено лебче, кифли од силбо и чоколино. Купени вафли јаде, домашни не сака да ги погледне. Овошје ништо, зеленчук ништо месо да е скраја далеку. Едно време ѓомлезе јадеше сега не сака да го погледне... Што да ти кажам живци искинав... Само нудам и пробувам да камуфлирам нема шанса. Пробав млеко со бисквити и со банана да му сматам во млекото и му кажав има и банана, проба кога рече плаче... Хорор дома мислиш детево го малтретираме. Едно време шмукалчиња јадеше бар нешто овошје ќе внесеше сега ни тоа не сака. Ако ми веруваш ми иде да се фрлам од негде. Не сака ни да проба, бар да проба да не ѓу се свиѓа ќе разберам, не сака ни да проба, со сила не оди. Играме со овошје играчки му викам како се каде бананата? Па ми покажува јаде као му нудам во моментот банана ајде му викам како со играчката ма нема шанса, одма не не вика и ми ја турка раката... Чаре не најдов уште. Градинка само на суво лебче е и на бисквити.
Еј здраво Еве сме. Остај ги, не знаат шо е убо Пица, нутела, компирчиња, чоколаден пудинг мисловна именка Ќерка на 2г и 4мес прв пат проба салата на пример. Нудена 200 пати, било каква. Има повеќе работи што не сака ни да ги проба. И мал милион работи што не сака ни да ги види Веројатно сфати дека нема бекап ручеци и дека ко ќе јадеме сите, собираме од маса и толку, и нема да се молиме со саати сигурно. Па сега гледам дека помалку пребира, пак има некои испади ама поретки се.
Мојот не сакаше пица и палачинки до кај 5 години. Нутела уште не сака, има 8 години. Нит чоколади не сака нешто многу. Сладолед јаде од ванила, крем само бел (има еден Луна на витаминка со екстра млеко тој му е омилен и Крем од Лотус Бискоф - од колачиња). пица исто почна да јаде на 5/6 години не памтам точно и сеуште јаде само маргарита (тесто, кечап и кашкавал). Бургери и ќофтиња само домашни (или евентуално ќепаби во Вкусно во Охрид ги јаде). Сеуште на 8 години јаде споро и сеуште пие смути сабајле за да внесе овошје. Манџи јаде секакви, нездрава храна пребира (супер за нас). Овошје и зеленчук свежи пребира. Од зеленчук свеж јаде краставица и понекогаш зелка или морков и цвекло рендани; од овошје јаде јаболко и понекогаш јагоди свежи ако не се во смути. Пред некое време проба компот од праски во Веро имаше промоција и вика леле многу убав вкус сум пропуштал. И сега чекам праски па да видам дал ќе пројаде. Како расте проширува репертоар ама количински малку јаде на оброк и оброците долго траат.
Дали некоја од Вас побарала стручна помош, искуства ? Како ги пребродувате тие периоди и колку траат. Ова со нашево не се издржува. јаде само пржени кришки, компири, тост, панирана риба и корнфлекс.
@zorana* јас имав таков проблем со нејадење еден период. Јас давав тоа или врти глава или плука. И кренав раце, оставив тајнир пред него, си реков сакаш јади сакаш остави. Сам со раката си земаше и си касна се. Беа тестенини со бел сос и брокула. Ама се изеде, и брокулата и сосот. Е сега лом се направи ама ако, пери машина за тоа не берам гајле. Види пробај остави го само да јади. Можи ќе упали.