Јас откога дигнав раце, сам се среди. Премногу внимание обрнував на тој период. Во градинка се научи да јаде. (Знаат како учителките) Можеби ете мене тоа ми е било гратис стручна помош. Гледам сега по инстаграм има нутриционисти ама се се плаќа. (Доста скапичко). Железото како му е? не се задоволувај со долна граница. (Кај нас тоа беше клучот учителкитее ми посочија, не беше прениско ама сепак малку над граница)
Како бе мајка да го средиме железото? И суплементи пие со месеци, и капнав од готвење вакво такво јадење све ми плука, во градинка јадеше се, сега и таму прекина. Беспомошно се осеќам
Јас сируп за железо давав и витамин ц. Консултирај се со педијатар. (Ако е тоа проблем) Видете и трет крајник, и други можни проблеми. Опушти се и немај гајле гледно не останува. Ти среди се не мисли дека не е доволно тоа што си го јаде. Давај витамини.
Хемоглобинот и железото се на ниска граница. Ништо не сака да јаде ни во градинка ни во дома, како да има одбивност од храна Јаде само пржени кришки, помфрит, конрфлекс, панирана риба. Ќе побудалиме дома
2 години и 10 месеци. Цело време напредува со висина и тежина (не знам како изгледа дека пие многу млеко навечер) Нема здравствен проблем.
Млекото е генерално проблем. Во случајов станува за млеко затоа што е гладно преку ден. Колку млеко пие? И дали добива и преку ден?
Намалете со млакцето. Нудете почесто. Оставајте на маса. Пуштете нека ја фаќа храната дури и нека си игра со храната. Ако детето напредува и е среќно. Немате потреба од грижи.
Заспиваше со млеко и во текот на ноќта стануваше и бараше млеко (некогаш неколку пати) имаше вечери кога пиеше по 600-700 мл млеко за заспивање и во текот на ноќта Го намаливме млекото, заспиваме без млеко и во текот на ноќта му даваме разредено млеко. Проблемот е што многу сме ограничени со храна, само тие што ги сака ништо плус не сака да проба, како да се гади...
Тргни го млекото во текот на ноќта, пробај вода ако бара нешто, ако можеш и без вода подобро, ноќта за спиење е. Продолжи да нудиш и друга храна, не мора да јаде ако не сака, твое е да ја понудиш. Вклучи го во подготовување на оброци и јадете заедно. Остави на маса за ужинка јагоди, јаболко или чинија со малди моркови, пиперки, соодветно исечени на ленти, не мора да ги касне, ама шарените бои и мирисот може ќе го натераат да проба. Грицки и благо ако даваш, заборави ги и не ги купувај, исто и сокови. Не си создавај стрес за себе и за него, чим напредува и е здрав, ок е. Ако сте премногу нервозни може само арвезија да му створите поголема. Јас сум против играње со храна. На главни оброци се седнува на маса и се јаде, ако не сакаш стануваш и ќе јадеш кога ќе огладнеш или на следен оброк. Не е мало да ја учи храната допрва. Ужинката може да ја оставам на маса да постои, главен оброк не. Ако не јадела на ручек може да понудам за 45 мин пак од ручекот, ама да ја оставам да парави стани-седни, мрцни во вода, капни манџа, ми е најголема грешка што сум можела да ја направам. Мислам дека немаш простор многу за загрижување, исфрли се што сметаш дека не треба да јаде (обавезно ако има нездрави грицки и ужинки меѓу оброци), продолжи да нудиш разновидна храна и не очекувај да ја јаде, од 15 пати еднаш да касне е супер, нуди свежи ужинки од овошје и зеленчук, гответе заедно, наместете маса заедно, појдете на пазар нека си одбере некое овошје или зеленчук да може веднаш да го касне (пребриши го со рака ако ти е шубе). Направи му го процесот природен и интересен и ќе смени рутина.