Како се сптавувате со нејадачи? Ништо неќе да јаде ни месо ни риба ни јајца ни зеленчук ни овошје. Јафе само пецива, банички, пити, палачинки, мафини, и инстант каши од хип, чоколино, медолино. Само до 8 месеци јадеше се од тогаш навака ништо неќе. Неможам веќе да правам по 5 јадења на ден. Имам пробано и да ја оставам гладна џабе плаче ке си седи гладна
Сегде го носевме, детски психолози, детски нутриционисти џабе. Не најдовме никакво решение, очајни сме. Во германија со ваквите деца работат доктори, тука кај нас сите се со одговор "абе ќе порасне се ќе почне да јаде"
Го носевте на психолог заради нејадењето? Какви совети добивте од таму и од детски нутриционисти? Дали му се одразува на здравје нејадењето? Јас би побарала помош од странски стручни лица. Почнете од солидстартс видете дали имаат некои обуки за поголеми деца. Претпоставувам дека се работи за дете поголемо од 3 години чим веќе сте посетувале психолози. Прашајте ја и мајкатаката на инстаграм чисто за совет, работи со поврзана проблематика па можда може да ве насочи. Читајте странски форуми и мислења и видете дали има некој што работи онлајн од странство за советеување за да ви помогне.
3.5 години има. Многу малце да не кажам ИЧ се рабори во Македонија со деца нејадачи, сите одговори беа мал е ќе почне да јаде. Еден многу познат да не кажам најпознат детски психолог кај Симпо дури ни кажа што и да ви кажам нема да почне да јаде до 8-9 годишна возраст. Нутриционистот ни даде совети но само како по книга, теоретски ништо. Преку странски форуми се едуцирам, таму родители пренесуваат искуства. Во германија на пример ова го имаат сфатено како голем проблем кај децата и со вакви деца работи цел тим од логопеди, нутриционисти, детски педијатри, детски психолози...
А има негативна последица по здравје? Анемија, неухранетост кога го мерат на систематски? До кој степен е тоа нејадење... ?
Имате на солид стартс литература и планови за деца до 6 години, во однос на нејадење и повторно пројадување. Ако имате мака вреди да се проба, јас сигурно би ги купила, можда има и некоја членка што ги купила па нека ви ги прати, ако не купете ги и пробајте, мислам дека имаат и стручни лица за консултации, пишете им.
Сега по сега нема негативни последици. Висина и тежина е во граници на неговата возраст. Јаде само 3-4 јадења и толку. Не јаде месо, овошје, зеленчук... Има денови во градинка не јаде ништо до 16:30 додека не го земам, значи до тогаш ме чека со чаша вода.
Исто сега на 5г почна плус нешто да јаде ама голем е и почнаа заканите за јутуб, таблет да играат улога. Ама во градинка е на леб и даље јаде грав и макарони со црвен сос... Дома е пак каде каде подобрен ама затоа што станавме строги, на 3ипол што и да направиш немаш како да го уцениш. Не си сама...
Да, не си сама… Моето е 2.5 годинки нема начин што не ми е пробан дури и тв, телефон да јаде, приказни, уцени не разбира, може кога ќе потпорасне ќе се разбереме некако. Исто јаде три јадења тие се и количински многу не јаде. До 1.5 година јадеше се, кашички, парчиња, после полека едно по едно ги исклучуваше. Проблемот е што не ни пробува кога ќе виде, вреска и бега. Барем да проба ете и да плукне. Брат ми беше ист, јадеше три јадења ама количински многу, еве сега на 13 години се си пробува (пак не јаде се ама пробува). Не знам не сум паметна, на моменти се помирувам на моменти ми е страв, крвта му е океј ама сепак… Не оди на градинка, мислев кога ќе почне може ќе јаде со децата ама тешко значи…
Фала на поддршката ептен ! Добро би било некоја мајка која го надминала овој проблем да го сподели нејзиното искуство.
Мајки очајно молам за совет, тодлеров има 2 години и 2 месеци, не знам што период ќе беше само сув леб да се јаде друго ништо не сака. И нормално благи работи за кои се караме. Ве молам за совет дали е период, дали давате суплемент некој се плашам дека крвна слика ќе си расипеме...
Прво ништо благо да нема во домот, посебно не на негов дофат. Остави го не го моли за јадење, после некое време сам ќе побара, ама благо никако не му давај. Можеш да пробаш да му кажеш дека ако јаде од ручекот ќе добие десерт.
Mozes b vitamini da davas ima i od alkaloid i od pico i dr, moze ke mu se otvori poveke apetit. Probajte shetajte nadvor podolgo da se izmori pa mora da jade. Selakvi periodi ima sega moze ke saka suv leb posle moze ke saka samo mandzi ili meso, menuvaat ne se sekiraj samo upornost i trpelivost. Probaj sedni go na malo stolce i davaj im na mecinjata pa posle nemu ili druga licnost da go narani
Дај му нешто хранливо,на пример двопек и бисквити да топи со чај . Најдобро да го прегледа лекар и да каже ,секое дете нема ист метаболизам и тоа е нормално.
После 2 години скоро сите се такви. Не сум сретнала мајка на дете од 2,3 години што не се жале од јадењето на детето. Период е. Можеш б комплекс да му дадеш да пие.
До каде стигнавте со јадењето? Моето во Септември ке полни 4 години, наместо да го прошируваме списокот на намирници што ги јаде тој ги намалува. Сега јаде само овошна каша која му е единствен здрав оброк, чат-пат јогурт пола филџан за кафе ке испие, тост, кроасан и млеко и бисквити. Не сака да проба воопшто ништо, ако го убедам ке плукне, вчера седнавме во игротека со другарка 2 нејзини деца и 2 мои, им нарачавме пилешки прсти и помфрит сите јадат се тркаат он нејке ни да проба, му пикнав компирче му дојде како нагон да поврати и го плукна, на враќање купивме тазе печен кроасан од пекара со крем пола го изеде и млеко го убедив да испие ама му го правам матено како нес, во чаша со какао, мед и му ставам малку чоколадо (ова е ново нешто од пред 1 недела што го прифаќа). Тестенини не пробува, ни јајца ни готвени јадења. Јадеше салата за ручек па почна да јаде само краставичка, па само патлиџан, па само кромид и полсе веке ништо, готово не ни пробува.ЈАдеше помфрит сега не пробува. Месо риба да не збориме. супа не, не му бранам никаква храна да форсирам само здраво ама тој не сака ни да проба. Грицки јаде, зачинети чипсови, лут чипс, не купувам дома да има постојано да кажеш од тоа не е гладен, не давам дома, ама ако донесе некој или му купи ке јаде и тоа од најлутото, а готвен ручак не сака да проба.Цеден сок ке испие голтка и ке каѓе доста ми е, чоколадо ке изеде коцка две и ке каже не сакам. Активен е турбо, висок е, не застанува по цел ден, не спие од 2 години на пладне, и цео време е активен. свежо овошје не сака да проба, воопшто ништо не сака, веќе не знам што да правам.Му давам мултивитамински сируп, молерс, б комплекс прашок и молам господ да не се разболи.НЕ спијам веќе ноќе, кошкмари имам дека ке се разболи, дека не знам како да го чувам, сите околу мене се по мајки само јас не знам детето да си го нахранам. Дајте некој совет ве молам,
Ќе полни 6 уште малце, полесно ми е затоа што можам да го уценувам со таблет, тв и слично. Можам да го убедам 1 тањир леќа да изеде АМА ако го ранам јас и цело време е со гадење од негова страна, ориз почна сл пилешко исто јас ако му дадам, полнети пиперки почна да јаде, телешко со компир манџа му е прифатливо. Абц мачкан на леб уште јаде и овесот со јогурт и банана. Ништо плус од овошје и зеленчук не јаде патлиџан нејќе да проба, краставица проба гадна му била, праска гадно му било, јаболко јаде бар едно на ден форсирам. Ми ги попушта нервите, сакам еднап да седнам во ресторан и да ручаме без негодување..надвор не јаде ни пица, ни помфрит, ни ништо едино шпагети болоњезе ако го убедам. Малце е подобро не викам не, ама уште сум на маки веќе немам нерви. Инаку сокови дома не купуваме не пие воопшто, сладолед благо ретко давам и салами не купуваме веќе и не јаде освен на пица дома кога правиме. Соковите кога ги исклучивме бар почна јаболкото да го јаде