Пребирливи јадачи - picky eaters

Дискусија во 'Дете' започната од Mucika, 20 август 2023.

  1. zorana*

    zorana* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2023
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    14

    Мојот наполни 4г сега во Јули.
    Во градинка почна да јаде скоро се дома иста приказна јаде само ориз, пржени кришки, помфрит, пире, макараони, чинкен нагетс.
    Од овошје само цеден пороткал пие, друго ништо, зеленчук ништо не јаде. Месо преслабо само чикен нагетс.
     
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.660
    Допаѓања:
    27.115
    Пол:
    Женски
    Да те утешам. Во јануар ќе полни 7.
    Јаде само макарони со сирење и јајце измешано, нагетс без ништо да ти се згади, тост само со крем сир, рвена леќа стриктно изблендирана да нема ништо да и засмета на јазик, какао и сок од јаболко, банана и авокадо. Тоа е целото нејзино мени доручек/ручек/вечера. Значи да плачи човек, коси да си кубе. Градинка беше гладна до 4 саат, сега прво одд што ќе носи во кутивче? Значи полудевме. Највисока е во група, слаба како прачка, крвта и е топ, енергија има како профи спортист и мислам дека на сончева енергија ја полни.
     
    На franca и Milkiway им се допаѓа ова.