Girls вака. Ми се јавија од WD Company вероватно пошо не ги разбрав убаво на телефон за интервју. Ме повикаа утре у редот на Сити мол у склоп со Верото во тие згради. Имате искуство? Или да не трошам време. Прилично рано е интервјуто, па би сакала побрзо да ми кажете да знам да не се ебавам рано до таму. Thanks
Како бе прашувате вака? Ако ти каже некоја членка дека немала добро искуство, значи нема да одиш? После се жалиме како пропуштаме шанси за вработување, и сѐ било со врски. Оди, види како е, не чекај од друг. Ти и некој друг човек немате идентични квалификации и шанси за влез, секој има различна перцепција кон приликите во животот.
Не знам како си поминала на интервју и дали воопшто си била. јас бев на нивно интервју, дури и еднаш поставив прашање во темава за фирмата дали некој имал искуство со неа. Тоа беше пред јуни месец негде, само што тогаш канцелариите им беа во комплексот Гранд престиж бивша Алумина. Поминав месец дена таму. Продажба по телефон е како што претпоставував (имам искуство со слични фирми и интервјуа). Ти даваат списоци со броеви, најчесто фиксни и вртиш и им кажуваш приказна дека добиле награда по случаен избор по повод 5 години постоење на фирмата. Ако загризат на крај им кажуваш дека треба фабрички трошоци да покријат (читај да си го платат всушност комплетот - перница и покривка наводно германски производ од алое вера ака врска нема, чкарт производ за кој не добиваш ниту фискална).Јас бев пробно неколку дена продадов неколку комплети, 200 мкд ми беа давани од комплет како провизија еднаш во неделата кога беше раздолжувањето (немаш фиксен надоместок се додека не видат дека ти оди па да те пријават - подоле ќе ја објаснам и будалаштината со пријавувањето). Останав месец дена, интервјуто ми го правеше одговорната таму ја викаа Мари или Мери. Газдите се Срби, наводно фирмата е од Србија. Кога бев на интервју чекав 10-тина минути и ги слушав девојките што зборуваа по телефон и видов дека имаат готови списоци со фиксни броеви. Си реков во ред ајде да пробам, кога почнав јас си вртев од списоци кои ми ги дадоа повеќето свртени и по неколку пати со броеви од цела МК. Е сеа девојките бар неколку од нив си вртеа мобилни броеви на тепка затоа што на мобилен некој ќе ти крене и можда ќе продадеш, а на фиксни бореви од кои пола се непостоечки а пола нема да ти кренат тешко дека ќе продадеш. Таргетот беше минимум 3 продажби во денот односно да не бидеш под 40 продажби во месецот (наводно за 60 и повеќе продажби месецно имас 50 евра бонус). Е сега за пријавувањето, тие што се таму пријавени се на пола работно време пријавени - 4 саати, а работат 8, плус 2 работни саботи во месецот. Основицата е 12.000, пола на сметка ги добиваш пола на рака. Провизијата се исплаќа на рака исто и бонусот. Ако си пријавен провизијата за еден продаден комплет ти е 100 МКД, дека си нели си пријавен да не ти дојде многу 200 мкд од комплет. Ако си слаб со продажбите ти ја намалуваат платата. Договорите им се на 3 месеци, а за понатаму не знам. На прашање зошто се пријавени на пола работно време а работат цело имаш одговор дека фирмата имала лимит на сметката и не смеело не знам повеќе од колку средства да има на истата и затоа они таму се пријавени на пола и земаат пола плата на сметка. Не ми се веруваше дека тие што таму работат навистина веруваа во тоа. И последно, тие што ги прават продажбите имаат најмалку ќар од продажбата. Доставувачот од еден доставен комплет добива 200 МКД значи 5 да ги достави денес има 1000-че плус плата. Пази ја логикава пријавен има 100-че од комплет а доставувачот 200-че. Еден комплет е иначе 2.700 МКД. Од секоја направена продажба небитно од кого одговорната исто така има процент (колкав не знам, на страна што ги лаже вработените таму дека и она е пријавена на пола работно време со плата од негде колку нивната). А да и да не заборавам, мора да зборувате со најмалку 60 луѓе во денот иначе излага дена не сте вртеле, наводно газдите ги проверувале повиците (на крај од денот на лист ги запишувате продажбите и со колку луѓе сте збореле). Девојки немојте да се лажете за таму., нон стоп имаат огласи, за месец дена додека бев таму секоја недела имаше пуштено оглас и нон стоп доаѓаа на интервју. Ќе си го изгубите времето, ништо нема да заработите (иако ќе ви кажат дека лесно се продава и дека можеш до 20.000 и кусур да дојдеш во месецот). Ако не сакате цел ден да верглате текст во кој ќе лажете дека некој добил подарок што на крај треба да си го плати и ќе ги правите луѓето будали по телефон, едно големо НЕ за фирмата.
Мизерија.. Ми се ежи кожата од ваквите Лажат луѓе бидејќи едвај може да се најде нормална работа во скапанава држава.
За жал да, ваквите фирмички виреат и тоа многу, во продажба е така малку да паднеш и одма вратата ти ја покажуваат, ама овде конкретно јас сама да наоѓам контакти мобилни броеви од именик за да вртам зашто ништо не правам со фиксните, да мелам 7-8 саати по телефон дека добиле подарок што сами треба да си го платат и на крај да сум најмалку платена, е па не иде. Јас ја правам продажбата а доставувачот зема повеќе пари од мене ако го достави комплетот, логика упм.
Zdravo, da ne iam nekade pishano za iskustvo za rabota vo Ramstore, adminsitracija i vo Dominos? P.S Ako nekoj ima isustvo neka pishe
Dominos е катастрофа. Ако работиш во кујна, ќе работиш и како пица мајстор и како чистач. 3 во 1. 15.000 е плата ама спремај си живци. Во Рамстор платата е 12.000.
Читав коментари за фирмата Ројал Југо бев на интрвју скоро пред една година све се дог за интервју и следниот ден одам ѕвонам за да прашам точно во која зграда телефонот исклучен и викам ај и прашував наоколу и сите се чудат уште тогаш ми падна сомнително ама викам ај не се знае отидов таму освен што добив коментари дека на работа нема да смеаам по фармерки или панталони да доаагам туку мора во здолниште тука притисокот ми се крена потоа дали имам родители брака сестри и сл и дали ке се мажам и ми пукна филмот реков само фала на одвоеното време и си отидов потоа почнав да истражувам за фирмава мн информации најдов дека под др име била и дека е во стечај со огромен долг и не ми беше криво што не прифатив за работава ...има слична ваква фирма ама за некои машини канцеларијата им се наога позади зградата на еу и со оваа фирма исто има стечај ама во др град и сеа тука дошле во ск да отворат под слично име фирма исто така типот ко демек фин али мн сомнителен тип .Ви препорачувам пред да пратите негде цв побарајте малце на нет детали за фирмата или на ујп страната. Прочитав и погоре за Доминос ќе кажам само едно НЕ! Од лично искуство
Јас кога работев платата беше 10илјади ден и ајде чекав покачување ни денар плус не добив ,друго како што кажа феминката погоре дека одиш за пица мајстор ама работиш уште плус работи кои не ти ги кажуват на интервју за една иста плата чистиш вц ,плочки,кујна,комори,правиш пици сечеш пици и уште мн др раб...за шефовите да не зборам секој во свој свет ама и останатите колеги ...ќе рмбаш како црнец за без пари за празници плус ништо не добиваш ,нокни смени не се плакаат ...може нешто сеа се сменило али секој си има свое мислење и свое искуство
Можеби не е конкретно за вработување овој пост ама сепак се работи за преварантска фирма... Woolmark, Империал се вика фирмата. Пуштаат девојки на места кајшто се движат постари луѓе и девојките им приоѓаат и им даваат ваучери за наводно добиена награда по повод роденден на фирмата и ги викаат во некој ресторан да си ја земат наградата. Кога ќе отидат во ресторанот нема ни награда, ни бутур , ќе им речат седете сега на презентација и ако купиш производи од некоја сума е тогаш ќе ти дадат некоја награда... Обично постарите луѓе ги лажат со ова, затоа што продаваат постелнина и душеци со магнети и мерино волна и наводно тие магнети лечат болести на коски...Таква приказна им продаваат... Мојата мајка што е во години вака ја излажаа кажувајќи и дека реумата ќе и помине од некои магнетски папучи и дека на подарок и ги даваат...Ај да не раскажувам детали. И втора работа, истиве овие се јавуваат на цела Македонија на мобилни телефони. И кога ќе ти се јави ти вика - Ве одбравме по случаен избор... Од каде они имаат пристап до приватни броеви? Ни ги штити ли некој нас приватните броеви и информации? Газда на Империал, кој и да си - ако го читаш ова ти порачувам и ти ветувам дека ќе сносиш одговорност што си играш курташак со стари и болни луѓе. Во сите можни институции ќе те пријавам, а воедно и на социјални мрежи си објавен и многу луѓе таму се јавија со коментар дека биле измајмунисани на истиот начин... А, на женските кои одат по пазари и амбуланти да лажат стари луѓе и наводни ваучери да им даваат - да ви се плукнам на младоста што ја имате. Подобро чистачка да работам него луѓе да лажам по улици, пазари и амбуланти... Сите да се засрамат што се дел од таа превара... А и производите со магнети се ѓубре и не помагаат за ништо...
Исто и мед и сон, не знам дали е истата фирма. Некој познат твој што бил на презентација оставил твој број. Ми се имаат јавено, ги прашав од каде им мој број, рекоа некој што порано бил присутен им го оставил. Кога им кажав колку години имам, рекоа "Аа ништо тогаш", за повозрасни била презентацијата. Останав без душек. Инаку да биле стварно толку добри, легално ќе функционираа, со нормално место за продажба, како сите нормални што имаат продажни салони, не во некои ресторанчиња да држат презентации.