Доколку си незадоволна почни да бараш работа на друго место. Платата баш и не е некоја солидна па да си речеш ај вреди да се работи и за време на викенд и прекувремено. Они доколку не се свесни за ова досега, нема да се сменат ни во иднина. Има многу што би работеле за тие пари, па и од таму нивната негрижа за правата на вработените.
Здраво, Точно е дека се работи за Еуробио Агро Фантаси Вчера првпат налетав на овој форум сакајќи да дознаам нешто повеќе фирмава во која бев на разговот. Искрено се изненадив позитивно кога пребарувачот ми даде присуство на оваа фирма во групата ПРЕВАРАНТСКИ, бидејќи и самата имав некое чудно чувство. Јас би се надоврзала за овој тип, со наочарчиња, дотеран се марка, не живее тука, во Германија. Бев на разговор во петокот, канцелариите им се карши Министерство за финансии. Типот е многу неодреден и во огласите и во самиот разговор. Имаше оглас за повеќе позиции и мислиш се отвара нова фирма, кога тој на интервјуто ти збори за спојување на 2 позиции во 1, просторот е некако несреден, не знае две реченици да спои околу тоа со што се занимава фирмата, кога влегов во канцеларијата се изгуби на 5 минути и немам намера да се појавам повторно. Браво за оној кој го осмисли ова и браво за сите кои пишуваат. Воедно, ги охрабрувам сите кои имаат искуства да ги поделат придонесувајќи така за добро на сите.
Би сакала да наведам и еден тип, типичен психо. Прочитав претходно дека пишува и под друго име, кај мене беше Филип Тасевски као директор на Тим поинт. Типот као аутопилот одговара, секој втор збор му е-вработена си ок мислам лудило. Не ми е јасно како на сајтови за вработување се закачуваат вакви психопати, ова дури ја навредува и фирмата, иако верувам нема никаква врска со неа.
Лелеее тој е еден ист човек што го прави ова со години , само го мења името и називот на фирмата. Ама една реченица да напише доволно е да познаеш дека е он. Батали го не си го троши времето..
Анализи и искуства во текстуална форма на српски јазик за (легализираната) меѓународна измама наречена мулти-левел-маркетинг (MLM): https://mlmprevara.wordpress.com/ https://mlmprevara.wordpress.com/2018/03/14/sta-je-multi-level-marketing
Очигледно е истиот. Сега на фб во групата ЖДМ една членка објави скриншотови од разговорот преку меил со него. Абе буквално истиот начин на пишување све исто. Јас стварно не разбирам дали е тој психопат тежок пошто веќе скоро сите го знаат и пак објавува огласи и на истиот начин им пишува...
Нешто за Неделковски Козметикс некако чудни ми се не ми фаќа око Објавиле оглас али не пишале кои се работни задачи и сл. дури нема ни мејл да пратиш цв туку само на овој број оставете име и презиме и колешката ќе ви се јави за интервју Малце ми се како преваранти незнам. Ако некој има некоја инфорнмација фала
Decki sto mislite za firmata Support & Solutions center vo Skopje, sega se vikaat EBTS pro assist vo GTC do Gino. Dali ima nekoj iskustvo so ovaa firma? Momentalno baraat razni lugje sto zboruvaat razni jazici bidejki rabotat za sirok pazar. Ve molam pisete ako znaete bilo sto za ovaa firma. Fala
Дали беше повикана во Микросам, и доколку да што содржат тестирањата, на кој јазик и дали има задачи? Доколку знае и некој друг нека пише некој информации
Не, не бев тогаш за програмер, за друго аплицирав. Инаку нон стоп вртат огласи за програмери не знам зошто толку не можат да најдат или толку им се "убави" условите
Ако збориш за Support and solutions center/Katoen Natie јас работев таму 2години. Има добри услови за работа,на македонски пазар се од 2016,на почеток бевме само 9 луѓе, меѓутоа со време се вработија доста луѓе ако не се лажам сега се преку 100 луѓе. Редовни се со исплаќање на плати,имаше и 13та плата заедно со К15. Менаџерот е едно исфрустрирано суштество со комплекс на виша вредност,а навидум е културен господин со интенационално образование и искуство,исто и помеѓу тим лидерките има одредени ликови кои се со страшни комплекси,и манири и однесување на сељанки. Инаку генерално луѓето се фини.
Добар дел од вработените да не речам 80% и беа жени(сега не знам).Не те ставаат од сам почеток како тим лидер,пример почнуваш во тимот и како ќе покажеш резултати и нели доколку има прилика да бидеш унапредена.Колку се сеќавам додека јас бев таму имаше и 1 машко тим лидер.