Зависи за што имаш аплицирано,за информатичари знам дека од 500-600 евра па нагоре(зависно од искуство и квалификации). За дата процесинг(customer support) 300евра е почетна,на третиот месец има тестирање,ако го поминеш првото покачување е 100еур,понатаму пак имаш тестирање и покачување.
Ај и јас да споделам едно негативно искуство (се разбира од многуте). Пред околу 4 - 5 години, бев во потрага по нова работа и одев на повеќе интервјуа. Добро знаеме какви се процесите во Македонија, дека најчесто не ти се ни јавуваат да те известат што одлучиле, НО има и полошо од тоа. Позицијата беше Маркетинг и административен менаџер (нешто отприлика така, не се сеќавам како гласеше точно). Еве го дури и огласот: http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=666802#.XzbvQegzZPY мислам дека беше тој. Се закажа интервјуто, ми дадоа адреса - кај поликлиника Јане Сандански (Скопје, Аеродром). Стигам таму, и иако ми е познат реонот не можам да ја најдам зградата, вртам кругови и веќе доцнам, а на телефон не можам да ги добијам. И ете ги тие вртат па дур се објасниме кај се, одвај се снајдов. Инаку беа сместени во нова зграда, која што личеше дека сеуште не е населена и ме фати страв. Беа сместени најгоре. Стигам до станов, од истата врата излегува девојка (претпоставувам од интервју), облечена многу непристојно. Хеланки скоро проѕирни, нападна шминка, ама ај си викаш добро. Влегувам во една канцеларија седнувам и ме пречека тако звани „директор“. Ми вика за потребите на клиентот бидејќи е од Индија, ќе зборуваме на англиски, не разбира македонски воопшто. Викам нема проблем. Дојде и „клиентот“. Интервјуто почнува, две три обични прашања и следи: - Do you like fashion? (точно така поставено прашањето). Викам не разбирам како е ова релевантно со работата. Па дали имам дечко, работата била поврзана со патување дали ќе ме пуштел да одам. Викам каде тоа треба да патувам? И ништо конкретно не одговара. И слични прашања како во изминативе постови на темата. Веќе бев убедена дека се ненормални и си заминав. Се враќам дома, гледам понуда за пријателство на Фб. Викам кој е човеков познат ми е, гледам слики, читам коментари и тоа да ти бил „клиентот“! Испадна дека разбира македонски многу добро, не е од Индија, туку е ром од Куманово. Навистина немам ништо против ромите, но зошто да ме лажат? Ај да видам до кај ќе одат го прифатив на Фб, ми пишува на англиски. И најфино најкултурно му пишав дека нема потреба да лажат и да глумат лудило и дека ќе ги пријавам. Одговорот беше: Вие македонците затoа сте толку назад зошто имате предрасуди за „цигани и педери“. The end.
И случка број 2 (пократка од првата ). Во преговори за работа со еден „директор“ - се директори, нема кај да се свртиш. Почна да ме прашува дали сакам тесни сукњички и кошули, дали така се носам на работа. Не се сеќавам на фирмата, само знам како заврши, исто како и првиот случај, се испокарав ги избришав и толку. Криво ми е што не сум ги пријавила негде ама кај да ги пријавиш не знам.
Пошта Делко дооел. Се што ке кажат на интервју ке ве излажат. Као плата првична толку а ке се покачи,како не,никој не ве погледнува.Обука нема кој да одржи.Ако не замолите за основни услови никој не ви приоѓа.Хаос владее таму,психијатриска болница не им е равна.
Некој искуство со IFF International? Нешто не ми штима, како е можно толку малку да има проекти за англиски јазик, ветуваат ветуваат проекти еден куп, а досега само два дена имам работено...и тоа од почеток на Август нема ништо....не знам како да им речам да ми ги исплатат тие два дена, бидејќи мислам дека ни тие два дена нема да ми ги платат...
Κаκо е можно тоа да не ти платат...?! Јас досега со неκое сκρомно ρаботно исκуство немам ништо неплатено, освен стаж два месеци...смешно............
Па нивниот изговор беше дека под некои 20 часа дека не плаќаат, а јас само 9 имам....чекам месец дена да им почни нов проект (кол центар е од дома) ама чекајќи јас почнав во мк и работа да си барам. следствено дека нема ни да можам за нив да работам, ако си најдам работа....на состанокот едно велат, демек ќе бидиме турбо дури, нема да има прекини, а вака ништо нема, штама....само со италијански јазик имаат многу, другите јазици по еден проект англиски ниту еден...
Не е до нив...Утешителен е фаκтот што знаеш деκа имаш паρи за земање... Ќе те виκнат и ќе имаш успех ви ρаботата...ти посаκувам многу сρеќа понатаму во ρаботата и веρувам деκа ќе ги смениш мислењето. Пρужи им уште една шанса...ма дај...
Искрено да ти кажам барај си друга работа и не очекувај од нив да си стојат на зборот. Сум работела таму не се сериозна фирма не си го губи времето. Имаат редовно проекти на германски, додека на англиски се хонорарно и ги викаат само кога имаат потреба. Исто така и многу доцнат со плати , мој совет бегај од таму
Аххх, ко не знаев порано. Јас сепак да си ги побарам парите оти ништо нема да земам на крајот....ако и овој месец нема никаков проект, јас ќе му пишам да ми пуштат пари.
Требало некако поинаку да се договорите за плаќање, со оглед на тоа што проектите се неконстантни. IFF има и во Италија мислам, знам дека таму исплаќаат кога сумата ќе надмине 200 евра, згрешиле ако не ти кажале или ако не си прашала.