Искуство со Taskforce? Ќе се проширувале и бараат многу вработени, солидни услови имаат. Некако е too good to be true
Зависи каде (Скопје или Битола) и што ти подразбираш под солидни. Мислам дека нудеа некои 22 илјади за три смени, е сега имаат различни позиции, но сепак мислам дека е малку. пс. Со сигурност не се преварантска фирма, не знам дали прашањево е во соодветна тема. Јас толку знам.
Познато ми е од некаде, ама не знам од каде. Беше, ти се јавија, имаш абер? Прашав гугл, не знае ништо за нив. Порано се викале вака, сега поинаку, може девојчето има некаков сомнеж.
Баш поради тоа дека неможе никаде да се најдат. Нудат 500€ почетна плата, условите им се океј. Премногу добро за да биде вистина
Како и на сите што им пишувам по темиве за работа, така и тебе, оди ако те викнале, види си, прашај си без срам што те интересира. Нема да се венчаш со фирмата, ако не ти чини, да си отидеш е најлесно.
Каде виде оглас за оваа фирма? За флекс кредит немате некое инфо? Имаат огласи за менаџери во филијали во повеќе градови... Ама прв пат слушам за нив....
Флекс кредит имаат веб страница, си пишува кога/што/како е регистрирана фирмата, ќе ти се отворат на гугл податоци за нив, типично фирмиче што дава брзи потрошувачки кредити какви што се накотија последниве години. Друго ако те интересира ќе си прашаш директно кај нив, ако ништо друго ги имаш сите контакти на располагање.
Фала ти на совет, тоа веќе ми е отворено и видено, но со оглед на тие пишани 5 реда на страната, нема никакво инфо за вработени, менаџмент и слични информации,и затоа сакам на форум да прашам дали некој веќе има лично искуство со нив, да сподели свое видување и впечатоци.
Имаше на кариера или некој сличен вебсајт пред месец дена, а и на нивниот сајт има отворени работни позиции за директно да аплицираш
Zdravo, moze li malku povekje informacii za Flaco, kako znaes deka se uapseni ili mozzebi e pretpostavka ? Kade mozam da istrazam
И претпоставував дека се истите овие Еуробио и Ројал Органик. Инаку, пред неколку месеци видов отворена стечајна или претстечајна постапка за Ројал Органик, ама до каде се не знам. И едната и другата на огласите се опишани како странски, а врска нема. Нудеа големи плати, а оставаат впечаток на вчера основана фирма што регрутира севкупен кадар. На Гугл само огласите за вработување им стојат, ни веб страна, ни референци, ни ништо. Мислам и менуваа седиште од Скопје во Куманово или такво нешто, може грешка сум. И овие страни кои објавуваат огласи МОРА сериозно да ги проверат фирмите за кои проверуваат огласи.Се сомневам и дали тековна состојба им бараат.Сериозно, некој може сериозно да настрада од ова.
Во право си. На огласите коишто се дадена на кариера мк, ги има и матичните броеви на Ројал Органик и на Еуробио Фармаси. Со истите на страната на УЈП лесно се доаѓа до Решението за основање и лесно се согледува дека Еуробио е компанија основана на ист принцип како Ројал Органик, 100% истиот човек/ луѓе стојат позади очигледната измама (ги прикачувам информациите што ги симнав од интернет за поцелосна слика). Последната слика е од МВР билтен за измама (за Ројал Органик). Има и други red flags, и ова веќе го зборувам од лично искуство. Испраќаш ЦВ, за 2 дена одма те викаат на интервју, брзо брзо за нареден ден, уште немаш појма за која позиција, и тука те врбува девојката што работи таму, прави филм дека газдата е МНОГУ зафатен, цитирам - веќе го собрале тимот, ти вика глеам НЕШО си работела сметководство (огласот сеуште е отворен, кога го праќаш ЦВ-то го праќаш за СИТЕ отворени огласи нема опција да одбереш на што аплицираш). Ти закажува интервју за нареден ден (Даме Груев бр. 5 кај министерство за финансии) за брзо побрзо, па ти терај си го денот после...итн. Е сега го пишувам ова, бидејќи некој таму ја искористува очајната ситуација на многумина што бараат работа, те залажуваат (а им успева, многу луѓе немаат искуство со преварантски фирми), ќе ти го потрошат времето, нервите, никој не те гледа тебе како вработен, туку само им требаш да фигурираш на непостоечка и непотребна функција (на основа на твојата позиција- ЗАТАЈУВААТ ДАНОК, ги полнат џебовите, затоа МОРА да ја пополнат со некој, БИЛО КОЈ). Нема да стекнеш ни искуство, нит па ќе видиш конкретна работа, а и ништо чудно да те тераат да направиш нелегални работи - коишто дополнително ќе те загрозат лично, и ќе те држат во рака.... Не знам дали исплатувале плати барем во минатото, ако има некој факман со дополнително време- може да им отиде месец два, да им го купи лажниот филм, да им собере парите за 2 месеци (бидете убедени дека со плата ќе каснат дооолго време, читај тактика за да те видат колку си очаен и до каде може да те врбуваат). И уште еднаш, за луѓе коишто бараат трајно вработување и немаат време за зафрканции (исто и дома како ќе објасните ваков гаф - се вработив, и за еден месец не се вработив, ме излажаа, значи не се работи веќе само за себе, туку и за фамилијата, родители, маж, пријатели итн.). Се надевам дека дадов придонес, дека не е злато се што сјае. Поздрав
Се согласувам тотално со тебе за се што напиша бидејки и јас на некој начин се зафркнав со овие среќа што мозокот ми велеше дека ова нешто не штима. Отидов на разговор се фино се океј филмови тој што се прави газда ти кажува дека ќе треба да се патува дрн дрн дали ќе ми дозволи дечкото па го интересираше за моите родители ....да имаше некое министерство одма ќе го пријавев После разговорот кога дојдов дома одма почнав да барам на нет за овие и мн информации дознав дека биле во стечај па отворил др.фирма со др име и др адреса ,должи пари . Иста ваква фирма има и карши железничка во новите згради . Пазете каде аплицирате и пред да аплицирате во некоја фирма прво изгуглајте малце и бидете сигурни дека се е во ред.