Преварантски фирми, каде да НЕ се вработиме

Дискусија во 'На работното место' започната од AyaTey, 26 август 2014.

  1. Marti96th

    Marti96th Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Пуштив сабајле CV сега ми враќа во 9 саат навечер, ми пишува на не професионален начин, сакал да ме вработи, плата 36 800, службена кола и телефон, и да сум дошла на интервју во 5 саат во живо да се видиме. Меиловоте му се ко дете од 4то одделение. Го проверив името на фирмата во централен регистар и воопшто не постои. Така да немојте аплицирате кузнае каков преварант е .
     
    На Water555, tina2018, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    13.676
    Да бе, преку пишување сакал да те вработи и висока плата, хахаха. Преваранти еј.
     
    На tina2018, cresa-jagoda, teressa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Муабетов ме потсеќа на тој сељакот што преку чет од yahoo вработуваше и викаше дека ќе сме ги покажеле нашите орални способности... Гнаса
     
    На Shery и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. FitnessMama

    FitnessMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Можно е да е истата фирма, се бават и со изградба на станови, а може е некоја сосема друга фирма, но во секој случај изгледа како сомнителен огласов, пак некој преварант...
     
  5. FitnessMama

    FitnessMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Прочитај погоре што имам пишано, инаку мене прво ми понуди 40.000 плата, па после као почетна ќе биде 25.000, па партнер ќе ме правеше во фирмата, што сѐ не ми понуди (facepalm)
     
    На cresa-jagoda и teressa им се допаѓа ова.
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    5.103
    Добро овој психопатов веќе неколку години го тера ова. Ова заслужува да го пикнат позади решетки па на други да им испитува ОРАЛНИ вештини.
    Толку ли не може да го фатат од полиција кој е ?
    Како прво, добива цв-а со лични информации на луѓе, телефонски броеви и адреси на живеење
    Језиво е вака малку кога ќе си размислиш
    И јас имав искуство со овој, еднаш и никад више. И јас се јавив во полиција каде ми се смееја и ми рекоа епа не аплицирај повторно.

    И од тогаш освен ако не е некоја добро проверена фирма, ќе размислам 2 пати пред да пратам цв


    @Marti96th Пријави го. Ајде ти држам среќа може ќе реагираат некако од полиција
     
    Последна измена: 30 октомври 2020
    На Mime258, Bella •••, Bkalco и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.840
    Допаѓања:
    17.715
    Пол:
    Женски
    Само пријава во трудова инспекција за вакви. Може и финансова.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    5.103
    КОј има докази нека го пријавува. Јас се имам избришано дури и не го ни користам меилот на yahoo зашто ме потсеќа на тоа
    Ама знам како е, кога си очаен за работа и се наоѓа ваква будала да се изживува врз луѓе
    Ако имавме закони за заштита за работници, одамна ќе му го најдеа крајот
    Не сум IT ама верувам дека лесно ќе го најдат според регистрација на меилот, мислам АКО сакаат да го фатат...
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.840
    Допаѓања:
    17.715
    Пол:
    Женски
    Нема потреба. Им треба само физичка адреса каде да појдат. Не мора никакви докази. Фактот што ја нема фирмата во централен регистар е доволен.

    Зборот ми беше, полиција е погрешно место за пријава. Ама инспекциите и те како проаѓаат кога има пријава.
     
    На Marina*F, cresa-jagoda и tina2018 им се допаѓа ова.
  10. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Убаво рече АКО сакаат....
     
    На Shery му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FitnessMama

    FitnessMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Жена му е судија, врзан е и со ликови од минатата власт, има кој да му го штити грбот, затоа што сака си прави...
     
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    5.103
    ?? Од каде вакви информации?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pearl234

    Pearl234 Нов член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Feminki pozdrav!
    Bi sakala da ve prasam kakvo iskustvoto imate so baranje rabota vo momentalnava situacija?
     
  14. FitnessMama

    FitnessMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Лично се пофали
     
  15. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    5.103
    Добро, не ме сфаќај погрешно сега, ама дали совеста ти е чиста да го знаеш ова и да не превземаш ништо, макар и анонимно?
    Или еве ајде тука сме анонимни, кажи го кој е па ќе се најде некој што ќе му ебе матер (и покрај жена му судијка)

    И уште нешто, стварно е толку неписмен како што делува на меиловите?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. FitnessMama

    FitnessMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    А што да правам... немам намера да си имам работа со криминалец и преварант, затоа тука пишувам, да им отворам очи на другите девојки/жени... колку што гледам повеќето им се десила мојата ситуација, па никој не се изјасни дека нешто презел...
    Инаку да, тотално е неписмен, не знае да збори, два збора да врзе...
     
  17. Flafka

    Flafka Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со компанијава кое би сакале да го споделите?
     
  18. Dragonfly889

    Dragonfly889 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Зависи и каква работа бараш. Пред неколку седмици почнав на новото работно место, мене ми требаше од прилика 1 месец. На крај од 3 фирми каде аплицирав,две ми понудија работа.

    Ти посакувам успех и се надевам дека ќе најдеш тоа што бараш.
     
  19. Velja

    Velja Нов член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    8
    Здраво на сите, сакам да ви препорачам никогаш да не аплицирате за вработување во Златна копачка кладилниците и за тоа има добра причина, ќе ви го раскажам моето искуство од таму. Прво, не овозможуваат здраствено осигурување на работникот и не даваат договор, а исто така работниците ги пријавуваат на скратено работно време (20 часа неделно) а се работи 40 часа, исто така се останува прекувремено неплатено. Ова беше кажано на обуката од страна на Маја Јанева што држи обуки во кладилницата што се наоѓа карши Соборен Храм. На сред обука дојде една од човечки ресурси (после само 3 дена) и ја прекина обуката на целата наша група (освен на еден дечко кој продолжи понатаму) од причина што не сме ги знаеле шифрите на памет, а има преку 200 шифри. Зборам за шифрите, не за типовите кои се разбира дека треба да се знаат. Исто така обуката рекоа дека ќе е платена, но откако ја прекинаа обуката овие две гуски, рекоа дека нема ништо да ни биде платено. Е тоа се случува во вакви не-фирми за жал. Се надевам дека на некој моето искуство ќе му помогне. Поздрав
     
    На Pamela Daisy, *Amethyst*, Dandra и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    9.489
    Јас знам пријателка што работи таму и е задоволна, не е којзнае колкава платата ама основна 16.000 со празници и викенди до 20.000 ден. Три смени 9-16, 11-18, 16-23 часот
    Ако на тоа уплатно место не е добро, имате лоша обука тоа не значи дека секаде е така.