Коментарите колку што разбрав се од интервјуата. Инаку за мисла е секако толку различни фирми на иста адреса... Од сабајле ме викнаа
Пак значи биле, па виделе. Не можеш да знаеш какво е внатре ако не отидеш нели? Затоа ми беше прашањето дали работеле во некоја од фирмите. Секако прави заобиколување на закони штом цело време основа нови фирми, а се со иста дејност...
Девојки, тоа е тој истиот, под различно име му се водат фирмите, кога бев на интервју самиот ми се пофали дека има неколку фирми, тежок преварант, немојте да се излажете и да отидете на интервју... прочитајте, имаме пишувано доста за него на темава. Ќе ви ветува сѐ и сешто, веројатно си бара некој што ќе се потпишува наместо него, што ќе го стави во прљави бизниси, а он да остане чист, а згора на тоа си бара атрактивни кандидатки... за швалерај... ѓубре!
Постои ли закон во државава за овој? Дали некој го има пријавено? Што мислите да го пријавиме овој манијак
И што дека ќе пријавиме? На девојки им завршија слики во група полна со манијаци, им се јавуваа ги вознемируваа и уште не можат да им излезат на крај. На една од жртвите не можеа да и помогнат бидејќи не била малолетна. И ти очекуваш дека некој сериозно ќе сфати манијачење на разговор за работа? А и да го пријавила/е некоја/некои, досега ќе се чуеше дека имало разврска....вака може џабе пријавувале.
Не велам дека нема фирми кои работат во сабота. Но сметам дека сериозните фирми ќе те викнат на разговор во работно време и во работен ден да видат колку можеш да го прифатиш процесот на работа и останатите вработени. Очекувам ако некој отишол на тој разговор за работа во сабота, начекал празни простории и со газдата секако.
Овој е врзан со познати криминалци, има јак грб, башка жена му е судија... да се плашеше, немаше ова со години да го прави...
ако некој уште на интервјуто ти се испонаша не очекувај да биде поразлично кога ќе влезеш на работа. Интервјуто за работа не е само ти да се претставиш, туку и да препознаеш какво работно место е, дали ти одговара или не.
Искрено сакав да отидам чисто малку да го потпрашам за фирмите....ама сега некако немам желба ни за тоа
Тоа е јасно, на неколку бев и токму поради тоа и завршија многу брзо интервјуата Иако има многу што се мед и млеко, па дури отпосле си го покажуваат вистинскиот лик.
Ако фирмата работи во сабота нема да начекаш празни простории затоа што тоа е работен ден и работно време за таа фирма.
Факт е дека никогаш не можеме да знаеме ако не видиме/пробаме и дека не секогаш првиот впечаток е вистинскиот. Факт е и дека секој има различни очекувања, така што не треба веднаш при срце да се земаат сите коментари. Искуството на другите можам да го земам во предвид, но морам јас да проценам за конкретно работно место. А во случајов повеќе работи укажуваат на тоа дека нешто не штима.... Дефинитивно не одам
Сега го најдов ова со конкретни податоци https://m.mkd.mk/makedonija/politik...dupreduvaat-na-ushte-eden-skandal-soprugot-na