Кој закон?! Гледате дека се е испреплетено и поврзано.... Се знаат криминалците кај нас, тие ги носат законите, а за нив не важат.
Во право сте за се има закони ама законите важат само да обичниот народ за ваквите идиоти не важи. Јас кога бев на интервју на почетокот додека ми збореше мислев ок е ама кога ми рече ако те примиме на раб. Ваква облечена немој да ми доаѓаш(имав облечено ролка и фармерка) ми вика треба да ја преставуваш фирмата ќе облечеш некоја кошула и сукња станав и си отидов од тој ден го колнам сељак манијак! Немојте да одите на вакви огласи за работа прво провете на нет и на ујп страната дали има нешто за фирмата Понекогаш си викам среќа што додека ми правеше интервју имаше и уште едно девојче и ден денес се мислам нејзе нешто да не и се случило дали прифатила дали сватила каков манијак е
Законите се спроведуваат, ама само за обичните смртници. Тие што ги прават законите прво поаѓаат од тоа да има начин за нив да не важат, т.е. да има недоречености и секој да толкува како му одговара....
Здраво женски.Има ли некоја од Вас долгогодишно искуство во Бауер Инвест Груп.Ми изгледа сомнително.Ми се јавија да договориме за интервју.Од Куманово сум,затоа ми треба совет.Сум била многу пати во некои фирми но сум се разочарала .Ве молам за совет!!!
Бауер БГ е градежна фирма и газдата се вика Благоја и не е истиот газда на Бауер инвест груп. Е сега, двата називи предизвикуваат забуна, па некој мислејќи дека аплицира во градежната би аплицира тука.
Здраво ме интересира мислње за WD Company,гледам често имаат огласи на огласот пишува плата од 18.000-35.000 што искрено не ми е баш верно... Ме интересира дали има фиксна плата и здравството ако некој има искуство ве молам да ме контактирате
Се пријавив и на двете, Техномаркет ми кажаа дека е со врски, не се ни јавија, а Нептун барале машки за дигање и редење, нели во продавница. Ни тие не се јавија.
Колку што знам тогаш не избраа кандидат, па се пролонгираа работите. Да прашам дали само јас имам впечаток или фирмите малку "забегуваат" со минимална почетна плата? Какви ви се искуствата сега во време на корона ?