Моето искуство е 2 месеци тест период на минимална плата, а потоа колкава ќе биде не се знае... работа по струка.
Не знам стварно, ај за прво работно искуство ок, ама ако веќе имаме некое искуство и образование, минималец е премалку. ...Каде се храна и превоз?
Така и јас работевцел месец без пари демек обука, а сама работев кој ми ја вршел обуката? ама младост лудост
Има некој искуство со работа во кинескиот ресторан star ocean и нивните штандови во рамстор и сити мол?
Немам лично искуство и не познавам некој што имал, НО знам дека многу често ги менуваат вработени. Дали е до работниците или до газдарицата, не знам.
Премногу е напорно и газдарицата очекува да си роб и машина, затоа многу работници избегаа така ми кажа близок другар што работел таму.
На секој објавен пост тука би додала. СЕКОЈА ФИРМА ОД КОЈА СИ ОДАТ НАЈМАЛКУ 3 ЛУЃЕ, И ФАЛИ НЕШТО ВО МЕНАЏМЕНТОТ. Пример, кај мене јас сум 5та нова во рок од 1 година. Не мора да значи дека секогаш е до фирмата, разбирам, но да се има огласи со месеци, не разбирам.
Немора да значи. Еве конкретно ние на работа имаме оглас кој е актуелен неколку месеци. Специфична е позицијата и до сега се нема јавено соодветен кандидат. На интервју ги викаме пријавените но за жал не одговараат. Е сега некој кој следи огласи би рекол дека нешто не е во ред но не е така, претходната која напушти се пресели од државата затоа даде отказ.
Членката мислеше на тоа дека когга ќе се вработиш во некоја фирма ако веќе има сменето доста работници значи нешто фали и нешто не е во ред , а тоа е најчесто прв месец млед и млеко, во вториот се покажуваат вистинските карти, а во третиот веќе си тероризиран на работа наместо да уживаш да можат и со камшик би мавале.Кај вас во фирма не можат да најдат асален човек, вие не вработувате било кој па да го отпуштате
Јас сум моментално во Техномаркет 4 месеци како работам..Платата ти е 15.000 со бонус од остварен таргет на продавницата кај шо работиш, сите имаат различен таргет али се зима плата 17-18к зависи од прометот.. Вака се коректни, плата секогаш точна на 15 немаат закаснето, за слободни денови имаш 1 неделно се работи по 6ипил саати една недела прва смена од 8-2ипол и втора од 2ипол-9. Работата не е тешка воопшто само е мене ми е многу досадно. Инаку далеку е од тоа дека е со врски, само наведи во цв дека имаш нешто искуство со луѓе па и во кафич да е, шом те викнат на интерју не те враќаат назад без да ти речат дојди пробај.
https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rab...2Y2QIIKJxtBlXMdWHCWQ9gXctZ14R3qPrh969z2Bt7Prs Има некој искуство со ова? Многу чуден оглас.
Se za hrana - preskoknete da rabotite za niv. Sajt se makedonski. Pass on. Mozete podobro od toa sigurno. Pred da pocni obukata ne vi kazuvaat sto tocno ke rabotite. Kako da prifatam, ako ne znam sto e?
Почнаа со пишување на статии и рекламирање, пред да дадат обука нешто нафрлија клиенти да сум барала, и имало уште ама не кажаа што. Ако ти фаќа око да одиш на ризик, и да ти се понашаат како сакаат повели.
Не ја пишува компанијата зошто ова ти е оглас преку агенција за врбаотување.Барај огласи каде што вработувањето не е преку агенција.
Здраво. Се надевам си добро. Имам искуство имаш пробна пракса, па во текот на праксата гледаат дали си за понатака, не сакам да коментирам или да навредувам некој, но сите што ги прашав во истата зграда и во останатите не ја ни познаваа фирмата. Ти кажуваат фиксна плата, но бараат и на процент да извршиш продажби на тави, козметика и други производи и има одредено колку нарачки треба да направиш, ако не успееш, ти кажуваат не ни требаш повеќе. Разговараш најчесто пензионери, или сакаат да си природен и амбициозен дека добиле некоја награда, а всушност треба повторно да платат. Имај убав ден. Поздрав.
Друштво, Некој да сподели искуство како е за работа во Виталија? Прашувам за работа во менаџмент/администрација/управа? Ве молам споделете искуство ако знаете, или пак знаете некој да работи таму. Многу ќе ми биде од помош. Поздрав!