Здраво на сите. Ќе може некој подетално да ми објасни искуства од работа во Мелон Солушнс, Адвокатско здружение Бранко Кузмановски и Таскфорс? Читав коментари но беа кратки, доколку има некој искуство нека ме извести. Ви благодарам. Поздрав.
Темава во последно време отиде во сосем друг правец. Посоодветно е можеби дел да бидат кај огласи за вработување, па да се праша за работните услови какви се, отколку да бидат дискутирани тука заедно со преварантските фирми, а притоа се работи за добро познати субјекти и протоа нема никаков коментар дека некој вработен или кандидат бил оштетен или изигран на било каков начин. Интерес за работни услови не треба да биде дел од оваа тема.
Познаничка работеше и не беше задоволна, купувал машини, а им крател на вработените од плата за да си ги исплати како "казна" затоа и си напушти иначе на минималец се. Ова ти зборам пред година и пол како било, а не верувам и дека е нешто сменето.
Игротека Дримленд- се договарате за една плата и ти кажуваат едни обврски на интервјуто. Кога ќе почнеш е сосема поинаку, баш ништо како договорот, плата дупло помала(се договараш за 8 саати работно време, на крај те ставаат 6 и плата на пола демек 6 часа се пола работно време од 8 часа, па според тоа и платата е половина) Работев 1 недела и за се си одговорен чистење тоалет, простор, играчки , затварање и вклучување аларм , миење садови, работа на каса,услужување по масите и потоа собирање и чистење на масите (келнер), чување деца... Се. Дадов отказ бидејќи случајно прашав за платата повторно и испадна дека е 9 000, значи кога почнав не ми кажаа. И 2 месеци се јавував за тие пари од едната недела кога работев и ми рекоа 2 дена обука а другото платено (на интервјуто рекоа нема обука) и сега не сакаат и тие пари од таа недела да ми ги дадат. Не дека се многу пари, но работев многу и заработени се навистина. 9 000 за 6 работни денови неделно по 6 часа мислам дека е многу малку.
Малку е. Затоа никој не им работи, само бараат луѓе и никад нема да ги најдат. Нека читаат родителиве малце дека игротеките се новото робовласништо.
Незнам зашто некои луѓе коа не се способни да водат фирма ја отвараат таа фирма а не гледаат дека треба да ги исплатат вработените. Овој тип на луѓе спрема мене се неспособни луѓе. Треба како газда да се покажеш да исплатиш воедно и да си ја задржи фирмата и вработените. Ова испаѓа како да не е сериозна фирма туку заебанција. Доколку не си способен мани го клучот и не ги лажи луѓето да си губат време и да трпат за леб. Мсм срамота е. Не ги сваќам таквиите луѓе воопшто!
тие луѓе отвараат фирми со сомнителни пари, човек што заработил и отворил фирма знае како е да се мучиш и се исплатува.
Имам другарка што работеше таму како комерцијалист мислам, она што знам од неа е дека фирмата е сериозна, но нејзе и беше стресно, имаше знам доста планови за пишување, по некој планограми работење, патуваше по градови и не знам што уште да додадам..
И мене исто ме интересира за Агент за продажба и Унапредувач на пазарот. Погоре кажаа дека било мачно, ама барем дали се исплати? Во Пивара Скопје имаат доста добри плати за тие позиции и одговорности, ама за жал е потешко за влегување таму.
Ако земаш процент плус платата, исполнуваш таргети и фаќаш бонуси, се исплати. Ако си на фиксна плата, исто ко било каде да си продавачка.
Агент за продажба-Комерцијалист Унапредувач на продажба-Мерчендајзер За комерција веќе пишале. За Мерчендајзер ви дава некој тест да решавате и може да се одржи и надвор од канцеларија. Плата 18 000 им беше но не ти даваат кола мора пешки или со јсп да одиш од маркет до маркет и имаат премногу артикли и треба да сликаш кога ќе завршиш.