Znaes dali za Nelt baraat vrski? Za deklarant na roba prasuvam. Mnogu mi e blisku, pa bi sakala da me povikaat, prativ CV.
Здраво девојки, Дали некој има искуство со Würth? Дали некој успеал да стигне до обуките во Белград? Каква е целата процедура?
Јас бев на интервјуата, имаат голем процес на селекција, почнувајќи од мало интервју по телефон, потоа тест на емаил, потоа два теста таму кај нив, технички и општи прашања (не баш лесни) и ако ги поминеш одиш на главно интервју горе во човечки ресурси кое трае 45 минути, ако не и повеќе. Многу прашања од сите страни, буквално под будно око си постојано додека одговараш. Поминав се, и на крај ми рекоа дека имаат обуки 6 недели во Белгад на нивни трошок, меѓутоа лично тоа мене не ми одговараше и ја одбив работата. Кај нив секој вработен МОРА да помине 6 недели обука во Србија. Услови за работа ништо не кажаа, ни плата, ни работно време....
Дали добивте информација околу обуката во Белград? Дали доколку не ја поминеш обуката односно доколку не ги положиш тестовите таму треба да им исплатиш одредена сума на пари назад на Würth. Единствено тој дел не ми е јасен
Е како така? Па бар нека кажат услови од старт, да знаат луѓето дали им се исплати да го одат тој пат. Што ако после таа обука, не ти одговараат условите? Труд и време по вода. Многу мразам вакви фирми.
За обуката конкретно кажаа само дека е од елиминаторен карактер, дека секој ден додека учиш нешто ново, наредниот ден имаат тестирање за проверка на знаење. Трошоците за сместување, јадење и пат се нивни, сместени сте во своја соба, апартман во хотел во Белград. Целта на тие обуки им биле да кандидатот кога ќе се врати биде бар 60% спремен за работа. Враќање на пари или нешто слично не ми спомнаа.
Точно, јас изгубив цел ден за на крај да ми каже нешто што според мене треба да го пишува во самиот оглас, за да можат да видат сите кои се заинтересирани дали ќе им одговара или не.
СПС инженеринг *генератори за струја *електроинсталации *енергетска ефикасност *упс батерии Преварати невидени, вработуваат луѓе и истите работат околу месец дена и потоа ги испуштаат со ветување дека се ќе им биде испратено а после некои време воопшто не не им се јавуваат и ништо не им испалаќаат... едноставно работиш еден месец за бадијала. А започнуваат со таа финта ајде еден месец пробно па потоа ќе те осигураме и слично, па дај ги документите па ова она.... Бегајте подалеку!