Мислам дека не е прашање за тука. Провери во темата Огласи и/или Барање работа, таму се пишуваше. Направи срч на форумов, ќе ти излезе тоа што е врзано за прашањето.
Јас сум една од присутните на презентација на Волмарк која беше одржана пред неколку дена. Потпишав договор за купување производ. Не оставив никаков паричен надоместок со напомена дека ќе го исплатам во готово, кога ќе биде доставен производот. По неколку дена кога подразмислив, заклучив дека таквите производи не вредат толкава сума на пари и сега сакам да ја откажам нарачката. Дали некој има слично искуство и дали може да ме советува во врска со постапката за раскинување на ваков договор? Однапред ви благодарам.
Мораш да го прочиташ договорот за да видиш какви ставки во врска со откажување нарачка има. Законот вели дека можеш да вратиш производ, меѓутоа ти си потпишала документ.
Со самото тоа што некој те тера да потпишеш ДОГОВОР за купување (стан и кола не се рачунаат) е доказ колку се мутни работите. Првпат слушам за нешто такво. Ти мора нив да им се јавиш и со нив да се договориш зато што вие сте двете страни кои имаат увид во тој договор. Во секој случај, не верувам дека може да внесуваат ставки кои се спротивни на законот кој вели дека ако ништо друго имаш право да вратиш порачка/купен производ, мислам во рок од 14 дена. Ако стои нешто спротивно на законот, тоа е значи криминал.
Трезор груп, фирма на перпетуум мобиле е, напорно, одговорност, смени, доста си одат од таму и често имаат огласи гледам
Корпа мк Достава на храна слично на болт/убер фуд. 12часот се јавуваат за во 13 да се оддржи "интервју" објаснување. Одиш и чекаш 45 минути да ти вратат повик да ти објаснат каде точно да те примат вканцеларија
За сите позиции ја поминуваш истата селекција и обука. Епа во Белград плаќаат смештај, храна и превоз. Тестови имаш секој ден.
Здраво, сакам да прашам дали некој е вработен во „Инвенио“ странска компанија во автомобилска индустрија, лоцирана во ТИРЗ Струга кај аеродромот. Да сподели искуство околу плати, работно време (дали се работи сабота, недела, државни празници), превоз, храна и слично. Во овој крај конкуренцијата е голема, ги има „Магна“ која нуди одлични услови за работа, како и „Костал“ во Охрид. Однапред благодарам!
Здраво, видов во темава дека се пишувало за Неуромедика во лоша конотација па ме интересира дали сеуште е така? Поточно за административен работник, објавиле оглас ама немаат наведено плата. Знаете ли можеби колку зимаат?