Здраво, Ме интересира искуства за приватното училиште Максимилијан. Прочитав дека се неколку пати спомнати во негативна смисла, меѓутоа објавите беа стари. Гледам дека повторно имаат оглас сега, па доколку некој би сакал да сподели искуство, би била многу благодарна. Фала ви ♥
Јас колку што знам Инвенио е компанија што има вработени што одат во други фабрики за сортирање на делови во други фабрики. Истата фирма е и во Скопје
Значи те вработуваат во Инвенио, а одиш на работа во друга фирма ? Бидејќи многумина прашав во Струга и Охрид, но никој нема слушнаното за нејзе, а огласите им се исти како во „Магна“ компнија во ТИРЗ Струга. Тоа би значело дека вработените од „Инвенио“ одат до „Магна“ ?
Не дека нема човек, ама не го плаќаат. Јас бев месец дена, збор немаше за вработување, само ти вика шефицата - учи, учи. Јас немам 20. А колешката со мене што беше баш 20, отиде после 1 недела. Не им седи никој без пари.
Да, бидејќи они се компанија што сортира делови за друга компанија. Али платен превоз и оброк имаш колку што знам јас. Одамна бев на интервју али за тоа се работи.
Ако е сеуште се газди сопствениците на Берлиц школото Снежана и Филип мислам беа тогаш не ти препорачувам. Пред многу години работев за нив во Берлиц и уште тогаш го „отвараа“ школото. Плата касни, па не ти ја даваат цела, па се молите, ценкате и така.... Они двајца се однесуваат баш како газди, односно како да ти се сопстевници и на тебе. Многу лошо искуство од нив двајца.
Ние сме соработници со нив, како соработници се мн коректни и професионални не верувам дека ваква сериозна фирма би биле некоректни.
Океј е, без притисок, превоз и јадење платено. Платата не е којзнае колкава, околу 20-21 зимаат. Ама така е како што ти пишала членката, вршат контрола на квалитет низ други фирми. Е обично кога ќе почнеш во една не те менуваат туку само по потреба може да се деси. Најчесто се оди 1,2,3 смена па слободните денови како ќе ти се паднат, може да се погоди и цел викенд дома да си. Платено ти е плус секако ноќна, празник и викенд. На 2 и 3 смена немаш шеф од инвенио туку таму се само од фирмата кај што работиш па слободен си.
Од искуство би ви препорачала да не си губите време со овие зашто не барат работници туку робови. Крајно непрофесионални уште од старт, праат интервјуа за работа на каса и добивате прашања од типот цитирам; дали си мажена ако одговорот е не ,дали си у врска. Примитивизам на ниво.
Дали некој можеби има информации за Casa porte имаат огласи, би сакала да знам колку се коректни и сериозни со вработените.
Па видов негативни коментари на твојот одговор. Луѓето се занимаваат со продажба на производи за странски пазар. Имаш приватно здравствено осигурување, обука од недела дена, плата од 29.500 денари и смена од 9 до 18 (тука имаш саат ипол пауза вкупно).