Не баш Сепак не знам точно како што нудат Али вака генерално за услови ви фирмата, од што ми кажувала другаркава коректни се.
Некогаш ми иде да аплицирам и да отидам на интервју со намера да ги снимам кога ќе ме прашаат вакво прашање и убаво да им го покажам местото.
Како соработници се многу коректни и професионални. Но за тоа каква е атмосферата за работа не би можела да кажам.
А зашо поставуваат вакви прашања?Не сум била никогаш на разговор за работа.И ми нема рационално објаснување ова. Демек ако сме у врска или брак, нема да работиме као шо треба?Не сфаќам.
Веројатно прашуваат тоа за да знаат да не има шанса да забремениш наскоро, па да ти плаќаат за породилно, особено ако скоро се вработиш...
Не се разбирам, фала што ми појасни . Ама во секој случај, ако си на породилно, нема да им работиш, па веројатно и затоа прашуваат, иако како што знам, нелегално е :/.
Е па така е, ама тие си гледаат колку профит ќе имаат од тебе, а ова им ги нарушува плановите и желбите. Не ги оправдувам, да не ме сфатиш така, онака само кажувам што мислам дека мислат...
Toa e точно, не сакаат да се замараат со вработување и обучување на замени за 9 месеци. Ама законот си е закон, нема тие што да сакаат и не сакаат. За жал кај нас се е можно.
Никој ама апсолутно никој не смее да те прашува за твојот статус во однос на брак, дечко или дете! Согласно новите критериуми не смееш да ставиш ниту слика на CV за да нема дискриминација на изглед. Јас се соочував со такви прашања и на едно интервју си реков, ако они немаат срам да прашаат ќе си добијат тоа што им заслушува... На прашање дали сум во врска брак им одговорив и двете - се разведувам од маж ми дека сфатив дека сум лезбејка... Секако ова беше лага бидејќи не сакам да работам за фирмата која на интервју се дрзнува да ми поставува вакви прашања....
Дали сте биле на интервју во група? Дали сметате дека се во ред ваквите интервјуа? Некој х кандидат да Ве прашува за претходни работни места, искуства..? Имаше оглас, беше наведено што се бара, а не што нудат. Исконтактирав и ми вратија да си аплицирам и притоа не ми одговорија на прашањата кои што ги поставив(?), па ќе биле сите кандидати на едно место и меѓусебно ќе сме си поставувале прашања. Ако имате искуства споделувајте.
Газдата на Ројал органик југо и на ред други фирми, си отворил нова Агрострмош и секако пуштил огласи за вработување. Се сомневам дека е сменет начинот на кој спроведува интервјуа. Обрнете внимание доколку барате работа и праќате ЦВ.