Да не ги опишувам интервјуата во детали, врати неколку страници или побарај на лупата. Накусо, манијачи млади девојки на интервјуа, ветува брда и долини и отвара нови фирми, најверојатно некој криминал си тера
Еве мене од толку интервјуа поминати досега само на едно ме прашаа, и тоа беше за работа во маркет. Останатите работни позиции ми се во tech компании, и никогаш ни суптилно, одокулу не ме прашале. Сите прашања биле насочени во врска со работата и претходните искуства.
Наоѓаат начин како да дојдат до информации, не се секирај. Договор на неопределено без прашања за мажачка, кредити или деца, тешко стварно. Освен ако не си фирленсер, на работни саати. Веројатно има и такви кои не прашуваат, сѐ до првото боледување за дете коа ќе го извадиш
По која логика? Или само муабет?? Крипто е нај-приватизација на нај-приватни средства. Ако сакаш и нема да има никој наследник, значи, ова е животот што го знаеме, комплетна своина со која само ти како индивидуа можеш да одлучиш. Дали инвеститор во нови за х10 месечно повеќе или “ќе спијам“ изборот е приватност- и сигурност. Животот и текот може општеството и државата да ти ѓи измени и креира индиректно, но, новости во подобрување на приватноста која никој не може на никого да им/му/и ја оспори, па ни држава. Ако сакаш да имаш држава треба да му/им/и/ дадеш приватност... или секој сам си ја зима или на некој начин, или ја напушта државата во поддржувачка држава каде приватноста и сигурноста е на првите места - нормално е. Онака, како совет ви давам. Незаконски може да биде напад на друг/а/и, но заштита на приватност е повеќе од легално. Си ја носиш иднината и сигурноста и приватноста на 1 см дигитално делче, и никој не може да ја злоупотреби или искористи на било кој начин без твоја иницијатива или план. Додека друг, трча во сеф во банка да плаќа месечно донации, поради материјални вредности, и се враќа или оди на улица пак да собере/одземе од некого приватност или повеќе за, глобални одзимачи на приватност во група кои ќе таложат свое одземено од друг, без приватност и делумно или повеќе со криминал. И државни органи се прават чукнати. Еден збор, биди си своја иднина, со приватност и сигурност, со едно 1 см дигитално делче. Толку. Friend for friend, tooth for tooth. Извини/те за вмешување во ваши приватни разговори и размислувања.
Криптовалутите кај нас се забранети само за користење како платежно средство, односно не можеш да купуваш или да примаш крипто наместо пари. Засега. Менување и копање не е нелегално.
П! Фирмата е tool и место за живот. Зар е полегално Англичанецот и Холанѓанецот кои украдоа преку 6 милијарди евра од приватници, кои ѓи немаа на свое пренесено? Нормално на суд се, но без легализација на фирма како tool за заштита, интегритет самите лица ќе си креираат, зар е прашање тоа? Ако никој не ти понуди не значи дека е забрането нешто што не постои, а потребно е и треба да се примени. Така? Ти мене ќе ми забраниш да ти дадам drop од 0.0004 BTC на приватна адреса што никој нема да ја види? Па зошто има рудници, само за одредени, кога поголемиот дел немаат никаква точка на допир со тоа што им се одзема од заедничкото?! Значи слободен криминал?! Ако има слободен криминал на крупно ниво, зошто би ти забранил некој на нешто невидливо? Дека крадеш струја која ја плаќаш со сметка на доставувач??? Па ќе ставиш/ставам агрегат. Ако одредени органи одземаат твој дел каде што си роден и ти следува припадност во државата и нејзиниот дел како материја, зошто да не одземеш приватност за себе која не е дел одземен од никого??
Таму каде припаѓаш постојат правила и закони на кои начини можеш да се стекнеш со приватност, не е како ќе ти текне. Таман работа да тргнеме сега сите земја да си присвојуваме
Не сум сигурна дека разбирам. Ако си член кој има сознанија за конкретната фирма, си работел, повели, сподели искуство, сподели која платформа ја користат за продажба или копање криптоваути, кои криптивалути ги продаваат, бидејќи темата е Преварантски фирми, а не криптовалути.
Здраво девојки. Мајка ми има понуда за рабпта во Еквилибриум. Дали некоја од нас или ваш познаник/познаничка има искуство со газдата? Или пак со работните услови...што како се плаќа, дали се работи прекувремено, за празници/викенд и слично? Секоја информација би била добредојдена
Одредена преварант фирма... ако ја изгуглаш ќе излезат 5 ѕвездички, а ако детално ги провериш кој ги дал рецензиите ќе се увиди дека тоа се сите 4ца вработени од таа фирма. Тоа е судир на интереси и се пријавува... прашањето ми е како можам поинаку/додатно да ги пријавам?
Нема правило... Богати земаат повеќе и повеќе, а тражат информации за подобар живот и подолг, ѓи бараат информациите и тајните од тие, што ќе ѓи платат еднократно или малце, или повеќето од тие што им зимаат, не дека никој не избегал од гроб, но никој не бил да не помине од таму, и да ја пријавиш фир нема кој, веќе сите ѓи утепале. (https://www.trustpilot.com/) (ѓи викаат партизански-преварантски фирми - без солиден план или никаков)
Бако Охрид. Бог да чува и да брани. Во еден месец четири вработени им заминале. Кога ќе бараш на огласи за вработување, стално ги има. Неможе сите што ќе се вработат да не ги бива. Мислам дека е до "шефот" во Охрид!
Ајде да споделам за СТЕД КОМЕРЦ-Фирма за хигиена фамилијарна моментално ги држат министерствата преку милионски тендер. Со години ги држат вработените со договор на два месеци и ги отпуштаат кога ќе му се присака на газдата без известување во истиот ден кога ќе ти заврши договорот. Фамилијарна фирмичка каде во најголемата криза фамилијарно се оди на месец дена на одмор во Турција секако со државни пари(наши), на ќерките се купуваат станови, а на вработените немаат да им исплатат минимална плата. К-15 има дваат по 500 денари,а вработените ги оптеретуваат на повеќе објекти. Шефицата (ќерка на газдата) детиште разгалено што нема врска ни од бизнис ни од ништо ги малтретита вработените. (Башка ни самата не знае колку е проколната) Во глобала ужасна фирма со никакви мизерни услови за вработените. Често касната со плати и немаат пари навреме да ги иаплатат. Зошто секако тендерот го потрошиле пред време.
Зошто има некои исти фирми кои нонстоп пуштаат огласи ама нонстоп! На пример на Вработување секогаш има огласи од Хилтон хотелот ама секогаш и во последно време Неуромедика и Слајц (Slice) а на Најдиработа скоро секогаш години наназад има од Супорт & Солушонс центер ама секогашшшшш! Те тера да мислиш дали се толку мнг во раст нонстоп па им требаат луѓе или нонстоп си идат луѓе од што се толку "добри?"