Преварантски фирми, каде да НЕ се вработиме

Дискусија во 'На работното место' започната од AyaTey, 26 август 2014.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Па добро, и реклама која не чини многу пари, но начелно да, тие фирми што цело време објавуваат огласи, а не се шират и не растат, значи дека имаат голем турн овер.
     
  2. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Ne trpete luge za minimalec nikoj da ti se ponasa ni pod razno. Pa zar takva rabota ne se mozi da se najdi ima na sekoj cekor. Za minimalec neka si rabotat sami
     
  3. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    епа тоа ми е прашањето, како да проценам дали растат или е другото?
     
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Нема посебен начин. По пат на обиди и грешки :D Тоа што некоја компанија има голем турн овер, само по себе не значи дека е лошо. Можеш да прашаш ако ти се јават секако, зошто постојано се присутни на платформите за вработување, иако на пример бидејќи сум работела за големи аутсорсинг фирми и знам дека просто тоа е потреба, многу клиенти има и дури и еден човек да ти замине, може да биде проблем, и тоа е начинот да се освежуваат датбазите и секогаш да имаш човек кој може да ускочи. Ти си таа што мора да види и да сфати дали условите ти одговараат, независно од мислењето и искуствата на другите луѓе. Затоа стално ги обрабрувам луѓето да аплицираат, тоа е единствениот начин да видип дали нешто ти се допаѓа, ти одговара или не.
     
    На prashinka и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.103
    Пол:
    Машки
    Ако ви должат по основ на плата и придонеси, или не ви дале годишен одмор пред отказ а сте барале уредно користење на годишен одмор, или не ви исплатиле регрес за годишен одмор (К-15) пишете ми во порака подетално ако сакате ќе ви помогнам, многу се накотија вакви ,,фирмички" кои се блиски до некои функционери и мислат што ,,сакаат" можат да прават со вработените, мислејќи дека нема кој да им помогне правно, ептен често почнав во работното секојдневие да се среќавам со вакви слични ситуации кај други луѓе, затоа и ова го пишувам, нејсе, ако ви должат не им ги оставајте туку така вашите чесно и со труд заработени пари.
     
    На mira.mira, cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  6. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    7.959
    Би сакала мислење, како се пресметуваше одмор во отказен рок, пример давам отказ со писмена и усна изјава на 06.05.2022 и исто така дека сакам да го користам цел годишен одмор во отказниот рок. Кога е последен ден на работа?
    Малку сум збунка со датите.
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Зависи колку ти е отказниот рок и колку дена одмор имаш.
     
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    7.959
    30 дена отказен рок, цел одмор неискористен, 21 ден по закон како што знам.
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Ако е спогодбен договорот, треба да се потпише таков документ и сѐ се рачуна од датумот на отказниот рок. Исто треба да ти издадат документ за одмор, односно решение. Цела година не си била на одмор, како е можно тоа? Стар одмор се користи до јуни месец, како те оставиле така.
     
  10. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    7.959
    Не е за мене, за познаничка што има проблем, и мислам дека е околу 9 месеци во фирмата и сега сака да си оди ама не се баш "фини" во објаснување на сите услови, па чисто да има претстава да не ја прават будала.
    Јас не знам како некои фирми уште успеваат сплетки да прават и со одмори и со кратења од плата и се' друго...
     
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Технички, може и да не е сплетка бидејќи ако не работела цела календарска година може и да нема право на цел одмор. Имај предвид дека и онака годишниот одмор не се користи во целост туку се распоредува барем на два дела, летен и зимски. Исто е важно во тие 6 месеци дали користела слободни денови бидејќи тие се одземаат од вкупниот број денови. За да добиеш конкретен одговор мора да се знаеш точно што и како.
    пс. Закон за работни односи имаш и н аинтенрет, ако фирмата не е јасна, законот е јасен.
     
  12. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Познаничка работеше во еден ресторан пред 3 години, и често знаеја да им забушаваат со платите, да им доцнат. Таа даде отказ, ама последните 2 или 3 плати, никогаш не ги доби. Им пратиле само по 1 денар, да 1 денар, како придонеси за плата.
    Како е можно тоа?
    @Abel
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    Не знам како да ти помогнам, бидеќи не сум правник, сум работела во кадровско да речам :D па сум се бафтала со договори и слично, но дупките стварно не ги познавам, адвокат да прашаш @Forca можда знае
     
    На Forca и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.698
    Пол:
    Женски
    Ги знам лично газдите покудурени, старата газдарица жив преварант сопствениот брат го има изиграно за голем кеш. Живеат во близина кај што живеам никој не ги сака од околината. Преваранти прва класа.
     
    На Bebac и mari_sa им се допаѓа ова.
  15. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.103
    Пол:
    Машки
    Паричните побарувања од работен однос застаруваат за 3 години, моментално што и да кажам нема да и' помогне.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    Без отказен рок, без претходна најава и од причини познати само за раководството, НИКОБ ЛАБ остави на улица над 30 од своите вработени.

    Доктори, лаборанти, други медицински лица, возачи… кои минатава година беа во прва борбена линија во битката со коронавирусот како “признание” и “благодарност” добија нож во грб и останаа без работа и без месечни примања

    Дознале од “денес за денес“ дека остануваат без работа и без средства за егзистенција. Избрканите лица, жртви на неправедноста од фирмата во која посветено работеле како хумани работници кои ја избрале медицината за своја професија.

    Дел од вработените кои до завчера биле во редовен работен однос, а од вчера се оставени на улица, револтирани и понижени, ја контактираа редакцијата на КУРИР.

    „Ова е скандалозно и нечовечки. Вчера добив распоред за работа и дежурство, а денес немам работа. Ме натераа да потпишам спогодба, без претходна најава или предупредување. Ми пратија распоред за работа за еден месец, а не ми овозможија да сработам ниту еден ден од распоредот кој го добив. Немам ниту една дамка во работата, па да можат да се правдаат дека ме избркале поради некоја грешка. Причината не ми беше кажана. Едноставно, на дрзок начин, бев принудена да потпишам спогодба и да си одам“ – вели една од вработените со која разговаравме вчера.

    Редакцијата на КУРИР дојде до бланко спогодбата која раководните лица од НИКОБ ЛАБ буквално им ја наметнале на своите вработени.

    Како што може да се види, од лабораторијата не се ни обиделе да сокријат каков дрзок потег прават, па јасно потенцирале дека се раскинува договорот за вработување БЕЗ ОТКАЗЕН РОК.

    Како тоа да не е доволно, во спогодбата е вметнат и член 3 со кој избрканите работници се принудени да немаат никакви други побарувања по ниту еден основ, како што е можеби отштета за непочитување на првичните договори и законот кој налага отказен рок.

    КУРИР, по пријавата која ја доби, стапи во контакт уште со две екс-вработени во НИКОБ ЛАБ.

    „Да, вистина е. По година дена посветена работа, како куче бев избркана на улица. Срамно и понижувачки. Нашата професија се одликува со хуманост и грижа за пациентите, а ние од претпоставените добивме НУЛА грижа. Иако ништо не ми беше најавено, па не знаев дека ќе останам без работа така одеднаш, телефонски бев повикана да дојдам на работа иако тогаш не бев на смена. Навистина не знаев што се случува, па стресно го доживеав таквиот повик. Не знаев дека стресот допрва следува. На маса пред мене гледам спогодба, слушнав некои недолични коментари и да бидам искрена, речиси несвесно што правам, ја потпишав спогодбата. Ми беше објаснето дека немам друг избор“ – ни објасни нашата соговорничка.

    Второто лице кои дополнително го контактиравме ОДБИЛО да стави потпис и да остане без работа. Како што бевме информирани, во овој случај паднале и закани.

    „Веднаш помислив дека морам да се консултирам со адвокат за вакво нешто и како опција ми текна да побарам решение за одмор, денови кои ми следуваат и кои ги немам искористено. Не ми дозволија. Едноставно ми рекоа тоа е тоа“.

    И дел од другите вработени пред да потпишат наговестиле дека имаат за користење денови од одмор. Добиле уште еден срамен одговор дека „поднесените барања за користење на годишен одмор биле ИЗГУБЕНИ ОД ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ“!

    Како што дознаваме, добиле срамна “утеха“ дека ќе добијат потврди за годишен одмор кој можат да го искористат во некоја следна фирма каде би се вработиле откако беа оставени на улица од страна на НИКОБ ЛАБ.

    Не го добиле ниту одморот кој законски им следува иако биле “жртви“ и на други кршења на правила и закони, па работеле викенди и празници без да добијат дополнителен надоместок како што предвидува законот.

    Овој случај е скандалозен и нехуман чин од оние на кои хуманоста треба да им биде главна одлика поради дејноста со која се занимаваат.

    Надлежните, а пред се Трудовиот инспекторат, треба да ги засукаат ракавите и конечно да застанат на страната на работникот.

    Според информациите кои ги доби КУРИР, НИКОБ ЛАБ остави на улица околу 20 вработени од Скопје и над 10 од други градови. Тоа се нечии родители, деца на постари луѓе, хумани и посветени работници… Тоа се луѓе кои чесно во пожртвувана професија, го заработувале лебот кој им го носат на своите семејства!

    И тоа не е се! Како што дознаваат дел од вработените со кои остваривме контакт, тие нема да бидат единствени кои останеле без работа. Следуваат и нови вакви скандалозни спогодби.

    Македонските граѓани долго време живеат на работ на егзистенцијата, во постојан страв од кризите кои владеат во нашата држава. Да се оставаат вака безмилосно луѓе без работа е недозволиво, а вака составените “спогодби“ се вистинска дрскост.

    КУРИР по добивање на овие информации, вчера испрати прашања до НИКОБ ЛАБ, но од таму немаме добиено одговор!

    06 мај 2022
    https://lm.facebook.com/l.php?u=htt...ep5Jwk9E9yEgYolLNrglm5Fi-GjEFV4wOsOaJpDJ3oWy5
     
    На Aenarion, KittyAgnes и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    Кога беше кризата си корона и немаше доволно кадар да работи, бараа и под дрво и под камен луѓе. Сега пројде нема веќе толку работа и ајт на улица не ни требате.
    Сегде е вака не само во Никоб.
    Срамота
     
    На Anie93, duffi, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    8.753
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda
    Очекувано беше, Никоб-Лаб ако не се лажам се создаде затоа што видоа прилика за брз кеш поради пандемијата. Сега кога е малку посмирена ситуацијата, тие 30 вработени им се на некој начин вишок.Но настрана тоа, интересно е да видиме дали ќе има можеби колективна тужба и да видиме, какви се тие договори за вработување што се раскинуваат од денес за утре. Непотребно е да спомнувам воопшто дека е ова лудница, но се плашам дека ќе стане пракса.
     
    На PaLaVa, IRBBB, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Малку се вишок пошо короната умре, малку се врши премногу партиски притисок за партиски вработувања по приватни фирми и се бркаат 30 регуларни, за да се вработат 30 партиски ако сакаат да постојат како фирма.
    И не само во Никоб, истото се случува и во многу други големи фирми во кои е замешана партијата. Истото се случуваше и со прошлата власт.
    Денес буквално ако не си со партија не ти следува леб.
     
    На Spicy Senorita и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па како фирма за обезбедување отвара лабораторија на сред пандемија?
    Овие заедно со Систина и Жан Митрев се рамно на воени профитери, и сите што им дозволија милионски профити да прават насред криза од архивар до министер треба да се казнат. Ама да имавме бар минимум совесни обвинители и судии, и институции.
     
    На PaLaVa, prashinka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.