Да, успехот се мери според продажбата. Да, има повеќе ралични начини за контрола на квалитет на разговорите. И да, еден сектор од нашата компанија има за цел да ги презентира производоте и понудите телефонски на нашата база. Под тоа не се подразбира дремење и малтретирање по телефон. Клевета е дека обуките не се платени. Дури и на еден ден да дојдете во нашата компанија, ќе бидете и пријавени и платени. Да не го споменувам коментарот за „претпоставените“. Ништо од напишаното не е „мислење“ туку само шпекулирање кое може да одврати потенцијални квалитетни кадри. Нашата компанија во овие 10 години порасна 10 пати, има скоро 200 вработени и веќе испративме колеги во пензија. Имаме 100 дечиња за пакетчиња оваа година. Доколку ве интересира нешто повеќе за нашата компанија, повелете пишете ни на info@topshop.com.mk и ќе ви излеземе во пресрет на секој можен начин. Но, не е во ред да се пишува само за да се напише нешто, нели?
Ана, има цела тема за вашата компанија. Побарај ја. Различни луѓе, различни мислења и искуства. Толку имам да кажам
Како да се сфати името на компанијата во дел од форумот Преварантски фирми, каде да НЕ се вработиме ? Исто така, во твоето „мислење“ обуката е неплатена - што е казниво со закон исто така е клевета.
Има ли некој правник на форумов да ја подучи @Ana_G што е клевета и кога може да се тужи некој за клевета??
@Ana_G, А нели ќе беше многу попрофесионално директно да го исконтактиравте тимот на Фемина во врска со спорното мислење и да побарате да се избрише наместо вака јавно да се препукувате со членките?
Освен ако за обука, не го сметате оној месец почетен, прв незнам за толку пари. Тоа е платено, да Јас зборам за онаа обука, како да се продава и учење на стадиуми за продавање. Тоа не беше платено Порано, можеби сега да.
http://forum.femina.mk/threads/Продажен-агент-во-студио-модерна.15025/page-2 Еве темата. За клевета не може да докаже кој е зад профилот. со години не се докажа кој го прислушкувал премиерот, они ке најдат кој е зад профилот. Бев на судење за клевета на ФБ 100 евра казна, и тоа падна на Апелација. Еве да го поучиме правникот до Вас. Лично и субјективно е мислењето за газдите. Очигледно газдарицава се налути Ако сржи нешто приватно, ќе си пријавите во трудова инспекција, па ќе се провери дали даваат минимална плата по закон, дали дале к15 за годинава и девојките кои во моментов се на обука дали потпишале договор да ги вратат парите за обуката и дали има М1М2 обрасци за нив изготвено Плус, ако тужи не значи дека ќе добие, сигурно ќе има сведоци кои ќе кажат дека не е ова клевета. Па противтужба ќе се удри...
Не е само заканата колку што е неукоста.. клевета зашто некој изнел сопствено мислење и искуство од некој работодавец на форум мислам ти се молам!!! Некој може да му било супер и да е презадоволен од студио Модерна а под истите тие услови за некој да е омаловажување, напорна работа и малце пари.. Се е субјективно такада муабетите за клевети, тужби ви се глупави и неиздржани
Ма немој молим те.. Што не е точно? Дека дремат на телефон? Па дремат.. Операторки се, ќе дремат. Девојката напиша како таа ја доживува вашата ценета фирма. Ако тоа не ви се допаѓа, тогаш најдете начин да си ја подобрите работната атмосфера.. Можеби кога вработените би биле попродуктивни би имале и пари да најмите ВИСТИНСКИ правник.... !!!
Абе аj бркаjте работа. Или тапа продажбата деновиве па наjдовте време да читате форуми? Како и да е, темава е и повеке од потребна со оглед на злоупотребите на работниците во земjaва. На што ке личи ако една по една се jaвеа сите фирми или институции што сме ги спомнале? Или муабетите за политичари и jaвни личности? Па производи од кои не сме задоволни? Треба сега сите да се спуштат на ваше ниво и да се закануваат со тужби? Не изиграваjте мали деца. Наместо антирекламава што си ja направивте со закани, подобро уплатете си реклама и спремете некоjа наградна игра па да видите како ке ве фалиме тогаш
Ми има логика дека е вистина тоа. Многу ѕвонат, и ги молиш да не те бараат, дека не ти треба тоа што го нудат, и пак продолжуваат. И замолени беа да не се јавуваат, затоа што го реметат нашето работно време... знам мајка ми ги молеше да не ѕвонат оти има состаноци тој ден... тие упорно. За жал не се тие криви, некој ги тера, нема друга логика.
Патем госпоѓица Студио Модерна да каже од каде ги вадат броевите на тие што им вртат.. бидејќи пред година дена го погодија баш мојот број... А до тогаш немав направено никаква нарачка преку нив, а фиксниот е сокриен од именик.. Треба да ве тужам јас сега?
@Ana_G кај се изгуби, што направи со правникот?? Или сеуште се консултирате околу тужбата.. јер је сериозна работа клевета на форум..
Купуваат листи од фирми што го имаат твојот број. Си има во договорите со мали букви, дека фирмата има право да го прави тоа. Па затоа се јавуваат не само овие, туку и продажни агенти од сто други фирми. Со едни такви се расправав за ова - одбрана сте за специјална понуда, на мобилен. Не сакаа да кажат како тоа го добиле мобилниот број за да ме одберат баш мене. Наградата беше - понуда да си купам перница. И оние што се јавуваат за да те поканат во ресторан и да ти дадат магнетче па да презентираат понуда. Ист принцип.
Тешко таа работа, бидејќи освен ако списокот не го купиле од банка некоја, т-хоум, one или тогашното вип бројот никаде не беше излистан.. Ни во договорите со ниедна од горенаведените фирми не беше дадена дозвола за користење на бројот во маркетинг цели.. Нели има квадратче таму да штиклираш...
@Ana_G ако напишаното е невистина докажи го спротивното, десет години викаш ајде сподели мислење за Студио Модерна, сите сакаме да чуеме. Клеветиме а? На кој начин и каква штета нанесовме на вашата фирма? Јас сега ќе го контактирам администраторот да те избрише тебе, за ограничување на слободата на изразување и информирање!
@Ana_G, да не скокаше на форум како бесно зајче и да се расфрлаш со закани и да заќутуваш луѓе кои сакаат отворено да разменат мислење за лични искуства од работа со вашата ценета фирма,можеби и угледот ќе си ви останеше така висок, на нивоУ, ама прибидејќи ти драга моја се закануваш јавно и замолчуваш дискусија еве,и мене тужи ме за клевета,оти ти не си зајче и не скокаш на форумот ко бесно зајче и не се закануваш и замолчуваш. Прашај го правничето дали има случај и во ова. Ќе ти оставам податоци без да се мачиш да ги бараш од админите. @RainBow објасни му на момево молимте дека тука фирми не се рекламираат. Или бар наплатете и ја рекламава што си ја удри.