Јас не знам со кој памет потпишале Спогодба? Зошто кога гледаш дека добиваш отказ од денес за утре и јасно е ко ден дека потпишуваш за они да се заштитат. Да, колективна тужба, ама овие потпишале Спогодба.
Аиии страшно. Баш аплицирав и имав можност да се вработам таму сега во јануари но на крај се одлучив за друго место. Сум избегнал куршум значи.
Срамно но веќе видено кај нас за Нико лаб! Него,мене вчера,замислете вчера сабота,ми се јавија да одам на интервју во Санте хоспиталпа има ли некој искуство со Сантевци,немедицински персонал?
Епа така е вошка кога ќе се најаде тешко е.(сељачка фирма, од чистач во шупа што седел до газда) Лапнале тендер од државата, си одат по одмори цел месец на фамилијарен одмор во турција, ќерка му неписмена изиграва шефица, татко и купува станче. Башка фирмата ја наследил од некој друг човек, ама не ми се верува дека ќе ја додржи од толку луѓе што ги имаат проколнато. Не се некои и нешто да вредат па да ги збориме и да пишуваме има многу такви ама цицаат пари од државата од наши пари.
Има некој искуство со Big business solution - во зградата спроти Љуц се? И ме интересира за XDT MARKETING SERVICE? Тие се во Автокоманда
ХЕЛЛО ПОСТ или ДЕЛКО што беа порано. Ќе ти ветат се и сешто, основна плата која демек ќе се покачува+ превоз. Превозот ќе го "заборават",па треба да се караш,расправаш, здравствено плаќаат од друга фирма којзнае како, често нема одошто има и те праќаат да работиш во друга фирма крајно одговорна работа, а во таа фирма ти се "пени устата" се средено, бонуси земаат а ти се мачиш. А работиш со нив. И ако се побуниш ти вика газдарицата не си требал да прифатиш. А инаку даваат преварантски оглас за магационер и кога одиш таму нема врска. а веќе си се договорил да почнеш. Избегавајте ја оваа фирма во широк круг.
Здраво, се надевам дека не ти пишувам доцна и дека не си се вработила таму во меѓувреме. Јас работев во тоа училиште скоро една година. Пријавена бев само последните три месеци. Плата мизерна. На рака ми даваше директорката 4000 денари, а кога ме пријави ме плаќаше ДУРИ 18000. Во потоксична средина не сум работела (повишување тон на наставници, недолично однесување со вработени, доцнење на плата, не давање слободни денови, денес кажано едно-утре друго, манипулирање и лажење, доаѓање на инспектори и полиција секој втор ден да разговараат со директорката, тужење со бивши вработени, фалсификати на документи итн. итн.). Најтопол совет, воопшто никој да аплицира за таму. Вработена најдолого беше една колешка 2 години, па сега ти види дали би сакала да работиш некаде каде најдолго вработен работи само 2г. Ни еден вработен не им остана, затоа имаат огласи цело време. Таргет им е вработување на млади девојки со мало искуство кои лесно можат да бидат манимулирани и малтретирани. Се надевам дека ова ќе помогне на некој. Поздрав и секое добро.
Доколку се работи за истите „газди“ на Берлиц школото потврдувам се што кажа погоре. УЖАС! Среќа јас за кратко сфатив како стојат работите па само 3 месеци работев за нив.
Некој да сподели искуство во осигурителните компании како е? Дали сте задоволни од услови и плати? Виена Иншуренс груп,Кроација , и сл
Добивам впечаток дека пола огласи се наместени, пола се преварантски, и моето искуство е такво. Испаѓа ова на среќа ако начекаш, исто како да си добил на бинго. И јас така нон-стоп аплицирај за ваму, аплицирај за ваму и сум добивал само рачки од тапан. Едино СЕТЕК за во правна служба ме викнаа на интервју и беа коректни, но не ме примија најверојатно поради тоа што реков дека за прекувремено нема да правам проблем и дека не смеам да одбијам, но и работодавачот не смее да одбие да ме исплати за тоа. Е тука малце ми падна сомнително, не ми личат на преваранти ама од голем број туѓи искуства што сум слушал скоро сите истото го кажуваат, стално со исплата на прекувремена работа има проблеми. Исто така на ова да пазите, ако некој нон-стоп има оглас обично е знак дека таму нешто не е во ред, не секогаш ама во повеќето случаи е така. Па не може нон-стоп на некој да му бегаат работници, не е дека нема луѓе туку едноставно условите што ги кажуваат се едни а после испаѓа нешто сосем друго. Знајте си ги правата како работник, инаку ќе ве користат како ќе стигнат и во прва прилика одма ќе ви дадат клоца, ем нема да видите ни скршен денар. Како што велеше еден професор на Правен Факултет - отворете си ги очите за да не ви отворат.
Дали некој има информации или искуство со фирмата за транспорт Мајанца Шпед? Бараат агенти за логистика гледам
XDT Marketing Service ти е најфејк фирма што постои. На интервју ми кажуваа како тоа имаат редовни муштерии и како комуницираш само на англиски. Но, кога почнавме со обука, почнаа да ни ги кажуваат правилата како не смееме да зборуваме на македонски никако. Мора да се кажуваме со лажно име и презиме и мора да кажуваме дека сме од Лондон. Менаџерката е (со извинување) ментално пореметена и вреска постојано по сите. Плус немат никакви клиенти, туку рандом ѕвонат на луѓе од Европа, па кој ќе ти де падне тој; што значи ќе мора да зборуваш со "клиентот" на српски, хрватски, чешки...И во текот на целиот работен ден одринат е звучникот на full, за нели во случај ако некој презбори на македонски да не се слуша, за да не ги разоткријат каде всушност се лоцирани.