Во Европа се бруто плати што би значело дека секој зема различно во зависност во која даночна група е . Словенија за обичен работник .. 700 .. 800 еур , Германија до 1200 еур. кога ќе одбиеш трошоци нема да ти остане ништо .. сепак секој со своето
Ама ова е стварно конфузно, исто како и тоа Лептокарја, во Скопје било ваљда ама незнам поточно шо е. А јас едина Лептокарја шо ја знам е во Грција и мислев за тамо зборат.
Шо убаво ме насмеа понеделнички и јас помислив дека прашуваш за европските примања, така да требало појасно да е прашањето
Дечки темава е конкретно да се споделат мислења за фирми што се преварантски, не за искуства. За искуства има повеќе теми како групите за вработување.
РЕСТОРАН ЕКВИЛИБРИУМ Работам од дете, не знам колку работи сменети, сезонски, не сезонски.. но полошо искуство сум немала и се надевам дека никогаш нема ни да имам, затоа што не знам што може да биде полошо од ова. Да почнам со основното, платите за на било која позиција се едни меѓу најниските во Скопје, во оваа индустрија, ама платата за работа во шанк ( мојата позиција) беше смешна. Условите за работа се нечовечки, се работи со еден шанкер во смена, а има работа како за 3ца. Плус, не си само шанкер туку си и магационер (иако има вработено човек на таа позиција). И за време на твојата смена во најголемата гужва не само што треба да го услужиш буквално ЦЕЛ ресторан туку и треба да РАСТОВРАШ камиони и редиш магацини. Роба стигнуваше секој втор ден. Јас сум женско секој втор ден, понекогаш и секој, кревав и прередував по милион гајби, затоа што 45 годишното лигле магационер едноставно не можел да крева. Слободен ден е договорено да имаш по еден во неделата, но никој не ти кажува дека треба да молиш за слободниот ден и да се правдаш зошто воопшто ти е потребен. Бидејќи ресторанот беше во постојан мањак со вработени, немаше воопшто кој да не смени, така да цело време се позајмуваа вработени од други ресторани/локали, за да може ние да земеме слободен ден. Ако се најде некој добро, ако не, нема да имаш слободен ден. И ова кажува многу за една фирма. Менаџментот е најголемо дно дна, јас бев изненадена дека толку ниско интелегенти луѓе можат да водат нешто. Не знаев дали да се восхитувам или не. Да почнеме од газдата, кој е еден од поодвратните луѓе кои воопшто некогаш ги имам запознаено. Газдата не разговара со вработени. ВООПШТО. Во 8 месеци работа, мислам дека само еднаш си кажавме здраво, на состанокот за договор околу платата, толку. Позитивна енергија за него е измислен, чуден и апстрактен поим. Намќор во филм дека води успешен ресторан, а ништо поврзано со него или ресторанот не е успешно. (не)МЕНАЏЕРКАТА ( се смеам додека го пишувам ова) е толку ниско интелегентно суштество што се прашував како преживеала 40 години на овој суров свет. Таа има речник на 14 годишен исфрустриран тинејџер, се обраќа на сите вработени со краво, дебел, свињо, глупак/ глупачка. Настрана од тоа се не неколку од вработените без нивно знаење им имаше земано телефон и разгледувано по пораки, слики и слично.. за да има што да се оговара нормално. Другите вработени исто така ужас, не можам да зборувам многу бидејќи не сум ни сигурна дали е некој воопшто останат од тој персонал ( 2023), ако е барем дел.. БЕГАЈ. Секогаш се прашував како овие луѓе универумот ги собрал на едно место, мислам дека законски забрането треба да биди да има толку глупоќа, лицемерие, оговарање, сељачизам на едно место. Накратко кажано паметно нешто нема да слушнете од никого. Што ќе слушнете од колегите: Коментари околу вашиот физички изглед ( упатени од врсници на татко ми), коментари околу тоа од каде потекнувате ( тешко вас ако не сте од Скопје), прашања за приватниот живот ( некој што дури ни сам себе си ги немаш поставено), недолични шали, навреди. Секој секого оговара при прва прилика кога некој не е тука. СЕКОЈ СЕКОГО! Плус колегата од шанк имаше ментално растројство, најверојатно биполарност и манијачко однесување, и многу беше тешко да изградиш позитивен колегијален однос. Цела среќа што не држевме заедно смена, затоа што ме плашеше. Уште тек-тук ме наоѓа по социјални медиуми од нови профили ( на кои што го немам блокирано) и ми пишува. Страшно. Мене во моментот ми се случуваа некои животни промени, плус бев студент и премногу зависев од приходот и ми беше страв да напуштам и да менувам работи заради помислата дека може да останам и без работа некое време. Првата прилика кога ми излезе друга сигурна работа- напуштив. Со овој памет сега немаше да постапам така, ама веќе помина тоа. Затоа го пишувам ова за да не се излажете и вие, бидејќи Еквилибриум се смета за посреден и поурбан ресторан па тоа може да залаже. БЕГАЈТЕ! ШТО! ПОДАЛЕКУ! И бегајте од се што не ви одговара, ви ја црпи енергија и ве измачува. Немој да бидете како мене!!
Јас сум уверен дека таквите вработени се такви само затоа што издржале долго време на такви места и односот на менаџерите и газдите кон нив ја создале таквата огорченост, оговарачка, лешперска природа, начин да се соочат со очајот во кој се наоѓаат. Затоа мој предлог, како што и форумџиката напиша, при првото чувство дека колегите на новото работно место а и самото работно место е такво какво што беше наведено погоре, веднаш давање отказ и полека заминување да не станете и Вие како тие таквите кои местото им го изело духот а и мозокот за разумно размислување.
Другарка стално аплицира за садомијачка овде и вика баш убав ресторан многу и е криво што само праќа цв а никаков повратен одговор нема, ќе и го покажам ова во текот на денот, да ја расположам малце мизерија ако е приватно, треба да се иживуваат мислат, море никој да не им работи, да молат за работници треба!
Свака ти част што си усшеала да издржиш толку, ќе те прашав зошто не си дала отказ порано ама си ја навела причината. Само да си знаеш секогаш ќе има работа зошто сите бегаат од државава ради вакви услови. Ни за плата не вреди да останеш кај те третираат како гад. Тебе законски ти следи еден слободен ден во неделата, си требала тоа време да им викнеш инспекција.
Сите знаеме нели како функционира инспекцијата во Македонија, ќе отидат ќе си се најадат за без пари и ќе си заминат секој на своја страна.