Здраво форумџики! Оваа тема е за сите филолози Сакав да ве прашам да не знаете некој да бара превод или прекуцување на материјал . Дајте информации доколку познавате некој на кого му е потребна помош
Секогаш зависи на кој јазик и за каква содржина станува збор, стручниот превод секогаш е поскап. Мислам дека цените се 1500-2000 ден/час.
Блубери, и мене ме интересира истото. Барам некаква преведувачка работа, но тешко оди. А имам многу голема желба за книжевен превод или за титлање филмови. Ако може некоја феминка да ми помогне, би и ила бескрајно благодарна. А Блубери, се прашував дали се снајде во меѓувреме, затоа што поминале неколку месеци од твојот пост.
Само што дипломирав се пуштив во „поход“ за работа од дома, во тој вакуум период додека не најдов постојана работа. Пред 5 години ми успеа со праќање на CV до сите преведувачки студија кои ги најдов на нет. Првите што ми понудија работа- за превод на правни акти и стручна литература беа Арс Студио- имам информации дека постојано бараат преведувачи и за писмен и за устен превод. Не плаќаат премногу ама доволно е за почеток и за билдање биографија. Моја колешка пак, преведуваше книги кои и се допаѓаа (нормално, кои не беа преведени на македонски) и ги нудеше по издавачки куќи, неколку и беа прифатени по доолги преговори за хонорар ама и се исплатеше- и уживаше во топ книги и преведуваше. Исто така- за литературен превод- знам дека Магор бараат преведувачи од скоро сите јазици. Појди во кафе Магор- така ти е најлесно и побарај го Глигор- ако ме држи памтење од лани- и зборни за превод, убедена сум дека ќе има некој превод ад-хок да ти даде. За хонорар не можам да зборувам зашто веројатно се смениле работите од пред 3 години кога престанав да работам „од дома“. Ако сум пропуштила нешто пишете
И јас сум заинтересирана за оваа работа. Ама не за стручни преводи, зашто нема да се снајдам, нешто поедноставно, не ми треба за многу пари, не ми е битно толку.. Ама сега да не биде без ич. Инаку, мајка на другарка го работи ова, т.е она работи и од дома (стручни преводи од германски на македонски и обратно) и плус што оди на работа. А вака од дома, знам дека од некои преводи добива по 100 евра.
^ Те молам немој. Претпоставувам дека не си филолог/преведувач, а заради тоа „не ми е важно колку пари“, нам ни се крати од лепчето. (У случај да си, те молам не ми замеравај за забелешкава ) Јас веќе две години преведувам од дома, ама само јас знам низ колку маки и нервози пројдов дур да ја најдам работава. Среќа ми е постојана, па имам колку толку приход. Ама баш заради нестручни преведувачи кои се нудат дури и за 30 денари од страна да преведат колку да се рече, јас кога ќе побарам реална сума ќе ме направат мрдната. Задоволна сум од сегашната заработувачка, но се надевам дека во иднина ќе најдам нешто што подобро ќе биде платено.
Не, не сум, 15 години имам, затоа и така реков за парите, не очекувам сега јас 100 евра, сигурно ќе се задоволам со многу помалку. Инаку, може за едно три години ќе ти станам колешка.
Вие вака од досада да си работите, а има луѓе што имаат учено за преведувачи и само им ја бутате цената. Не е ова, ех кој не знае англиски, па преведувањето е боза.. Кој што си учел тоа нека си работи. Се додека се мешаме едни кај други ништо од државава
Блу сега ти изгледа лесно, ама јас салам си го испотив газот со еден правилник зимово, и тоа имав 10тина страници да преведам. Како прво, многу зборови на македонски воопшто не се ни преведени, па мораше да ги бараме во хрватски речници. Па да не звучи како србизам, па да има смисла, да биде точно правописно... Иначе, најверојатно, работевме за некој друг преведувач, кој само се потпиша на крај, а на дечишта од прв семестар на ПИТ им вети илјада денари кои никогаш не ги добив. Ако некогаш ги добијам, ќе частам од тие пари за да тргне работата. Последно и го преведував воведот на мајка ми за магистерската, ама не ми се допадна како го направив и го скинав. И реков да го однесе кај некој постручен од мене, и го однесе кај жена која работи 40тина години веќе со ова. Зборовите се тие, главните поими и јас ги преведов како неа, ама одма се сеќава разлика дали преведувало некое детиште или човек со искуство. Како и да е, веќе не се нафаќам да преведувам, ептен некој полесен текст кој нема да го наплатам како услуга за некој. Не сакам да ми се ашка името под некои неубави преводи, зш барем за ова сум многу педантна, сакам да биде асално и солидно. Имам уште многу фурни леб до таму. А од тие преведувачи за пола евро/евро од страна (реална цена според мене, барем 10е од страна), можам да им кажам дека првенствено, само се брукаат самите, си го брукаат јазикот, го брукаат факултетот и професорите кои ги учеле. Уште полошо ако не учеле за тоа и мислат дека знаат англиски. Па после ќе ,,врнат мачиња и кучиња,, по телевизииве.
Оф леле, ај да не почнеме ние германистите да зборуваме за поимот „превод“....кованиците нивни колку што се корисни и практични, толку животот ми го скратија Сите сме мислеле дека е лесно. Леле кога ми даде татко ми еден превод, „само“ 4 страни, аууууу Ебате техничките изрази, да не беше тој да ми ги каже стручните изрази на македонски, уште ќе го преведував. Doozy, преведувај си за себе, вежбај А твој потпис и онака сега не може никаде да стои официјално, така да одржувај кондиција
Феминки, барам работа како преведувач. Би можела да преведувам секаков вид на текстови и филмови, имам 3-год. искуство во оваа работа. Ако знаете некој или негде да им е потребен преведувач, ве молам пишете ми ЛП. Однапред фала.
Здраво, преведувам 5 год.веќе во фирма. Сакам да си најдам нешто од дома дасработувам ама не ми оди. Дали знаете некоја страна . Фала многу
апсолутно се согласувам. и јас сум филолог, имам на времето преведувано и секогаш сум давала максимум од себе. во безброј прилики, кога ќе прочитам нешто што е очигледно лош превод, реагирам , но попусто.
Обидете се на http://www.proz.com/ - има и дел за македонски јазик каде истите поплаки ги имаат и ги дискутираат во врска со непрофесионалните преведувачи кои преведуваат за бедни 50 ден. страна. Исто погледнете и на: http://www.translatorscafe.com/cafe/default.asp Инаку на тие сајтови можете од цел свет да најдете потреба за преведувачи на или од македонски, не само од Македонија. Мислам дека не треба да се предавате и дека не е попусто, но овие работи мораат да се објаснуваат на упростен начин секогаш наново пред пошироката јавност - меѓу другото и вака преку форуми. Наведете конкретни неславни примери (без да именувате конкретни лица) и напишете како на пр. одредена реченица или збор требало правилно да се преведат - за ова додуша можеби треба да се отвори посебна тема. Еве еден пример од титлуван филм: Сцената прикажува судски спор во судница, во еден момент присутните почнуваат да џагорат и судијата удира со чеканот велејќи: „Order, order in the Courtroom!„ преводот беше: „Нарачајте, нарачајте во судницата!„ - незнам со кој памет преведувале така... правилниот превод би требало да биде: „Мир, мир во судницата!„
имам видено и појак превод, само не можам да ја најдам сликата....вака нешто беше How do you do? all right преведено: какво го правиш? се сос десната? хаха
Ja пред отприлика година дена,имав најдено оглас и со оглед на тоа што ми требаше дополнителен приход,пуштив CV,ми стигна повратно дека најпрво ќе ми пуштат текст за да видат дали е ок преведен,дури потоа ќе следи преводот.Се плаќаше од страна 1 долар. Го преведов пробниот текст,ми стигнаа нови артикли,ама за жал почнав да заглавувам на пат,почесто одев,па откажав.Инаку,напорно е да.Имам солидно познавање на англискиот и не ми е проблем.Не се сложувам дека само филолозите можат да преведуваат од дома и дека им ја земаат другите работата.Во огласот не беше наведено дека мора да сум филолог,всушност мојата струка е со километри разлика.Ако е нешто поспецифично,тогаш во ред,ама конкретно во мојот случај не беше нешто комплицирано,се работеше за парафразирање,по нивни инструкции. Барем мене не ми беше проблем.