1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преведување од дома

Дискусија во 'Барање работа' започната од bluberry, 18 април 2012.

  1. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Се плаќаше од страна 1 долар- е па тука е проблемот. Нема филолог :!: со одлично познавање на јазик кој би прифатил превод за 1 долар страна!!! Затоа велиме дека ни ја земаат работата. Еквивалент на кажаново би бил ако како филолог кој солидно познава завршни сметки прифатам работа како сметководител за 1000 денари по фирма, кога реалната цена за оваа услуга е 5000 денари. Би се согласил сметководителот (конкуренција)????

    Не велам дека ако си филолог знаеш да преведуваш, имам „колега“ со завршен правен факултет кој е одличен преведувач, но со тарифа колку филолог и не прифаќа ценкање ниту пак ја руши цената на услуги на филолозите. Од друга страна, има филолози кои не знаат што бараат од професијата, но сепак се обидуваат да ја работат...

    Следен пат, кога ќе ви се понуди превод за смешна сума размислете за другата страна на паричката, дел од „солидниве преведувачи од онака“ имаат резервна професија, а преводот им е хоби. Нам оваа професија ни е примарна и ја обожуваме и мразиме лоши преводи и ценкање за цена и намалување на вредноста на нашата работа заради споредни фактори.
     
    На Li0ness, Sherryl и wizardess им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    ^ Јас конкретно,не пробав да преведувам од хоби,туку заради пари.Не знам дали е грев,што си сакал дополнителен приход,всушност вината нека се бара од другата страна,не кај нас.
    Конкретно сестра ми е филолог-преведувач,и нејзе и ја нудат истата сума.За истата фирма 1 долар страна.
    Ете нека си направат они ценовник-за филолози поголема сума,за нас помала!
    Зошто тогаш они прифаќаат и други а не филолози,нека си стои тогаш во огласот филолог и точка.
    Се додека не стои,не гледам причина зошто и некој друг да не се обиде :?:
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Не покажувам со прст кон некого, напротив. Вината ја гледам во праксата да се ангажираат лица кои не се филолози, а како резултат подоцна истата цена им се нуди на филолозите. Конкретен пример за ова е фактот што пред 6 години страна превод МК-АНГ и обратно беше 5-8 евра, денес, како што и самата кажа е 1 евро, дури и помалку.

    Нормално е компаниите да нудат помалку пари за иста работа, без разлика на квалитет, но од друга страна, како оправдание дека им требале пари непрофесионалци прифаќаат да преведуваат.
     
    На Darya му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.336
    Едно евро од страна е реално премалку.

    Можеби доколку санува збор за превод од Англиски на Македонски извршен од страна на лице кои не се занимава професионално со преведување, па пополнувањето на слободно време и истовремено усовршувањето на јазикот, ќе си го искомбинира со преводот.
    Ок е тогаш,или што би рекле две добра во едно.

    Доколку станува збор за обратен превод, од Македонски на Англиски, тогаш навистина се потребни поголеми знаења и одзема повеќе време. Секој кој сака професионално да се бави со тоа, цената од едно евро е неприфатлива.

    А во однос на тоа дека некој кој е дипломиран филолог и поседува печат автоматски го познава и јазикот подобро од некој кој има друга диплома или струка воопшто не се согласувам.
    Не само во однос на англискиот, туку и за германскиот какви киксови сум гледала.
    Сеште чувам некои документи кои порано сум ги дала на овластени суски преведувачи(англиски и германски) и си се чудам како тоа они успеале да дојдат до таа диплома, до тој печат.

    И никој на никого не му краде работа.
    Се доколку не е наведено дека е потребен овластен преведувач, а не само лице со одлично познавање на јазикот, сите се еднакви на пазарот на работна сила.
    Секој со својот квалитет.

    Некој учел факултет за тоа...е фино де.
    Некој учел друг факултет и пак успеал да го усоврши јазикот до ниво потребно за да најде некое работиче.
    Квалитетот ќе се издвои од толпата и ќе си ја добие заслужената награда.
    А останатите ќе бидат предмет на исмевање или евтина работна рака за некои нискобуџетни полупрофесионални работодавци.

    Никогаш не сум се занимавала професионално со преведување.

    Сум правела услуги за блиски, но не и некој вид на професионално или полупрофесинално преведување.
    Ми имаат посочено да се зачленам на некои од овие сајтови и да почнам да преведувам или да земам некои проекти.
    Но како што кажав професионалното преведување одзема многу време а и енергија.
    Покрај работата, студиите и другите обврски не можам да најдам време и за тоа.
    Уствари ментално би се исцрпила..а не дека нема да најдам време, а и финансиски не ми се исплати.
     
    На Aleksandar1212, Nausicaa, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ако јас преведувам од дома ,а не сум филолог иако го знам Англискиот јазик многу добро и го учам од 6 годишна возраст,па ако сакам да преведувам од дома не значи дека на некој му ја крадам работата.Баш би сакала да најдам некоја работа да преведувам од дома каде што ќе го користам моето слободно време.
    Сега моментално преведувам некои текстови од македонски на англиски и обратно кои што се издаваат во интернет списание.Тоа го правам волонтерски чисто за да го усовршам јазикот и за да го користам времето за нешто корисно.Вие кои што преведувате за пари од дома би сакала да ве замолам да ми посочите каде би можела да се обратам и да почнам да преведувам текстови бидејќи моментално не работам ништо,а стварно тоа би ми дошло добро како кец на десетка.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Последен коментар на темава.

    Преводот НЕ Е пополнување на слободно време!!!! Превод е професија!!! Преведувачот е мајстор, а не калфа!

    Знам дека кец на десетка доаѓаат пари кои се заработени од хоби и слободно време, а бонус и јазик усовршуваш, ама аман!!!

    Мора да сфатиме дека не може да не бива за се, особено не за јазик. Колку и да е усовршен јазикот, и да го уште од раѓање не може да ја знаеш граматиката на универзитетско ниво, исто како што не ја знаеш граматиката на мајчиниот јазик на универзитетско ниво иако си роден/а во Р.М. На правен/економски/електро/медицински, а најмалку во средно се учи граматика на двата јазика на соодветно ниво за превод.

    Мој совет: преведувајте си филмчиња, документарци и слично каде што има сленг и нема многу да се забележи дека сте боси во јазикот :!: бидете подготвени за јавна критика и исмејување на сајтовите за преведување.

    Од мене толку, со среќа преводот од дома и ви посакувам да заработите доволно пари за да отворите компанија во вашата сфера на работа и професија. Поздрав!!
     
    На Natence88, Doozy, ElenaRbd и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    Преведувачот according to me е еден вид на уметник - не е се во знаењето на јазикот - има нешто и во креативноста, познавањетонаправила итн.итн

    Погледнете го преводов:http://blesok.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=1298&avtor=%D0%A5%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD+%D0%9C%D0%B5%D0%BB%D0%B2%D0%B8%D0%BB&naslov=%D0%9C%D0%BE%D0%B1%D0%B8+%D0%94%D0%B8%D0%BA&fb_action_ids=10150887983292537&fb_action_types=og.likes&fb_source=timeline_og&action_object_map={%2210150887983292537%22%3A10150614774866247}&action_type_map={%2210150887983292537%22%3A%22og.likes%22}&action_ref_map#.UJjid67nL4s

    било кој што знае англиски од средно и од курсеви не би успеал да го преведе ова на ваков начин па што сакате кажете 8)
     
    На bumbi, awl и wizardess им се допаѓа ова.
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Зошто ти смета тоа што сакам да преведувам и се чувствувам подготвена за тоа.Не значи дека ако немам завршено факултет не го знам јазикот доволно за да го преведам правилно она што треба да се преведи.Јас учев и на факултет две години англиски,така да верувај дека доста добро го познавам јазикот.Ако ја немаш основата на јазикот колку и да си го учел џабе ти е се.значи јас не мора да сум филолог за да преведувам ако го сакам тоа и ако се пронаоѓам во таа бранша.ОД каде знаеш колку јас ја познавам грмаатиката на македонскиот јазик,па и на англискиот? Јас те разбирам дека се чувствуваш омаловажена и дека мислиш дека ти ја земаме професијата,но верувај не е така.Зошто би не исмејувале и критикувале ако си ја вршиме работата онака како што треба без разлика дали сме филолози или пак имаме доволно познавања за јазикот.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се допаѓа што денеска може секој да стане ОВЛАСТЕН СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧ.
    Е сега, не буквално секој, но секој кој познава било кој странски јазик и дипломирал на сеедно кој факултет.
    Не е во ред некој кој дипломирал да речеме на правен факултет, да му ја земе работата на некој кој студирал јазици.
    Сметам дека ова во најкусо време треба да се среди.

    Не знам како се платени оние без печат, но овластените судски преведувачи (Зборувам за оние кои соработуваат или работат како директни преведувачи на адвокатската уличка) се платени по најмалку 150 денари од страна.

    Англиски, германски, италијански, српски, бугарски, хрватски и албански се 150 денари кон преведувачите и 300 денари кон странките за страна превод.

    Шпански, грчки, словенечки, полски, шведски, норвешки и словачки се 200 денари кон преведувачите, а 300 кон странките за страна превод.

    Потоа арапски 300-400 денари кон преведувачот, а 500 кон странките за страна превод.

    Како најскап јазик е данскиот за кој мислам дека имаме дефицид од овластени судски преведувачи. Чинам дека се само двајца од Скопје. Тој е 500 денари кон преведувачот, а 700 кон странките за страна превод.

    Разликата од парите за преведувачите и парите кои ги даваат странките е заработката на самата фирма.

    Ова е горе-доле ценовникот во сите канцеларии на адвокатска уличка. Цените се исти за превод од македонски на странски јазик и обратно. Преведувачите ги држат истите цени и кога преведуваат шаблони (Како изводите на пример) и кога имаат стручен обемен превод.
    Со тоа што во зависност од големината на материјалот се прават попусти за странките (Да не им дојде многу скапо) но тука преведувачите не се оштетени.

    Е сега многу од преведувачите сами ги спуштаат цените по страна за превод сакајќи да ја задржат странката. Работат многу, за малку пари. Си прават штета себеси, а и на останатите преведувачи.
     
    На Nellie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.336
    Темава се придвижила во насока каде било каков обид за разумна дискусија би бил залуден.

    Јас сваќам проценка на сопствениот капацитет и знаење во една област, како што е познавањето на странските јазици.
    Но категоричното отрфлање на идејата дека било кој друг со различен вид и степен на образование го поседува истиот или евентуално повисок степен на знаење, можам само да ја наречам тврдоглавост.

    Етикетирањето како бос некој кој во слободно време пишал дека врши некаков вид на превод, без разлика дали е професионален или не, е потценувачки и кажува многу, но само за тој што ги изговорил зборовите (т.с пишал).

    Како и секогаш, сарказмот испливува на површина кога има недостаток на соодветни аргументи.
     
    На Aleksandar1212, Nausicaa, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  11. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски

    Сосема се согласувам со тебе, поубаво не можев ни самата да го кажам :clap: И немој некој да ми каже е јас учев во средно и на факултет, знам да преведувам. Друго е кога ви е некој си изборен ради реда, а сосем друго е да ти е главен предмет, да читаш дела на англиски на пример, да ја изучуваш културата на самата земја, а не да решаваш fill in the blank задачки.
     
    На Ana.Jones и awl им се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Awl, сето тоа што го кажуваш е убаво, ама кога би живееле во идеална држава.
    Вака се` е снајди се па живеј.

    Сите се борат за место во општеството, и нема правда.
    Колку побрзо го сфатиш тоа, толку полесно ќе се прилагодиш.

    Не мисли дека само во вашата професија се случува тоа- зарем мислиш дека нема со други факултети во банки, во институции каде што треба да работат економисти, а има вработени со секави факултети освен со економски?
    Или што да каже некоја која завршила факултет за моден дизајн, а работата и` ја зема некоја која завршила обука во “Кочо Рацин“?
    Што да каже некоја која учела средно или факултет козметологија, а работата и` ја зема некоја приучена пак со некаков курс која си отворила свој салон?

    Тоа е.
    Кој како си ја наредил. :)

    Можеме или да мрчиме, или да се трудиме и ние да си заземеме некое место под сонцето :) .

    Инаку конкретно сите што преведуваат сепак прво преведуваат нешто пробно и секако дека ако не ги бидува нема да бидат ангажирани.
    Најчесто овие преводи се неформални и во најголем случај се за некои интернет сајтови.

    Сепак за да се објави некоја книга треба да биде лекторирана, а да се преведе некој документ треба истиот да има печат од овластен судски преведувач.

    И не треба да се лутите ако за ваквите преводи цената е таа- најчесто овие сајтови немаат многу финансии, а секојдневно се објавуваат повеќе вести и што би било кога би плаќале по 300 денари од страна?

    На крајот на краиштата за оние преводи кои се повеќе платени никој не ви го зема местото ;)
     
    На Nausicaa, Ana.Jones, DAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ова не е превод, ова е препев. Ни многу од ПИТ не би можеле да го преведат така. за тоа треба да си имаш талент за писател, всушност, како да составиш нова песна од веќе дадени зборови.
    Кога сме кај цената на преводите од дома, слушнав дека на тендерите на владата се плаќало по 55 денари од страна. Вистинска срамота :!:
    А што се однесува до преведувањето на стручна литература, тоа треба да си се остави на луѓе кои магистрирале на англиски јазик за таа област, или пак на стручњаците од таа област. Јас без двоумење можам да кажам дека иако немам дипломирано на мојот факултет имам одлично познавање на англискиот јазик и сум сигурна дека подобро би превела парче литература кое се однесува на компјутерските науки од некој кој е моја генерција на ПИТ.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    Како и да е ... и за препев треба преведувач, зошто не секој поет знае англиски (герм,француски....), но и не секој преведувач се разбира од поезија. Но, дури и да треба поет за превод на песнава..што ќе биде тогаш со преводите за филмовите чија тема е научна фантастика кога треба да се измислат цела палета на зборови од страна на преведувачот за оние работи што ги нема во секојдневието. :!:
     
  15. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Ја читам темава и стварно не ги разбирам цените кои овде се посочени дека се земале за страна превод.
    Имав потреба од стручен превод на англиски јазик изминатиов месец и се распрашував за оваа тема. Знаете дека не најдов цена под 300 ден. страна! Така да мислам дека овие цени кои се овде напишани од 1,2 евра по страна јас не ги сретнав, а контактирав со повеќе овластени преведувачи.
    Го предадов тексотот за превод и го добив преведен и за тоа дебело платив.

    Но, претходно бидејќи го познавам Англискиот јазик, јас сама си го преведов, но ме убедуваа дека требало да го преведи областен преведувач, дека тој имал различен пристап, познавал стручни термини итн. Потоа се покајав за таквата одлука. Знаете зошто бидејќи, кога ги споредив двата преводи мојот и преведениот, можам слободно да кажам дека голема разлика воопшто немаше, разликите беа главно во стилот и начинот на поставување на зборовите но разлика немаше.

    Па мое мислење, по искуството кое го имав е дека тој што го знае јазикот може да преведи секаков текст од секоја област. Па зошто на некој да му плаќам толку пари, доколку со ист квалитет можам да најдам некој кој не е овластен преведувач а го познава јазикот многу добро. Уште еднаш нема да се обратам кај овластен преведувач, мислам (без навреда) дека многу си ја имаат преценето работата и наплаќаат премногу. Од сега исклучиво сама ќе си преведувам или доколку немам време ќе се обратам кај друг кој зема помалку а го добивам истиот квалитет.
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    јас си се држам на ставот дека квалитетниот превод никогаш нема да биде наплатен едно евро тоа е смешно и за мене непрофесионално. а тој што бара превод сам си знае дали сака да плати 5 евра и да има стручен превод или 1 евро од било кого. и јас имам преведувано од дома човекот ми понуди сам знаеше дека сум одлична со јазици и сакаше да му преведам универзитетски материјал. нормално прифатив не кажав цена ми беше познаник. на крајот бев платена 250 евра а незнам колку точно страни преведив незнам дали ни дали беа 100. јас бев презадоволна макар што ми одзема многу време и многу труд. но со оглед дека немам решение за судски преведувач и др таква титула сметам дека цената беше ок.


    така да кога мене ќе ми треба нешто за превод ако некој ми спомне дека наплаќа 1 евро од страна нема да го ангажирам сметајќи дека не си го цени трудот или нема доволно познавање.

    од тогаш немам преведувано немам време а ако ми побара некој сигурно нема да биде под 200 до 300 ден страна.
     
    На Ognenija, Hopeful и awl им се допаѓа ова.
  17. anooo

    anooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    decki daj kazete kaj da se obratam za prevod od albanski na makedonski nekoja agencija za preveduvanje :(
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    За жал, кај нас реалноста е таква, потценување на знаењето и трудот. Најчесто луѓето мислат дека преводот е едноставна работа, седни и преведи го, ко демек некоја домашна по биологија пишуваш. За да се сработи превод, треба да се ангажираат сите мозочни клетки. Треба да се проучува темата и терминологијата. Очите ми паѓале од преведување, додека студирав, пусто за да се извади некој денар. И сеа дипломирав. И шо сеа? Нигде не треба преведувач? Не, во секоја фирма имаат некој „универзалка“ шо го бива за се. И после тоа ќе добиваме преводи од стилот на: How do you do? -Allright, преведено: Како го правиш? - Се со десна.
    Или: I'll take a raincheck. преведено: Ќе одам да го проверам дождот. :worried:ilent: :doh: :@

    Епа ќе добиваме, ко некој син на мајка „знае перфект англиски“, а кутриот штотуку завршил втор степен на курс и нема поим од стручна терминологија.
     
    На bumbi, Li0ness, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.400
    Девојчиња, една моја пријателка има потреба од превод на некои текстови во врска со право, кои и се потребни за постдипломски. Во моментов има околу 20-30 страни, од кои 10-тина се за до следната недела, ама најверојатно ќе и треба помош и понатаму, бидејќи штотуку почна, а им даваат доста преводи.

    Значи ако има некој заинтересиран за превод, пишете ми ЛП, со цена - колку би чинела страна превод, и 2-3 збора за вашето искуство со превод и особено дали имате искуство со правни термини.

    Едит: се работи за превод од англиски на македонски јазик.