1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преведување од дома

Дискусија во 'Барање работа' започната од bluberry, 18 април 2012.

  1. katyimpossible

    katyimpossible Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Јас имам искуство, но со руски јазик :worried:
     
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    За сите оние кои мислат дека го знаат англискиот(или другите странски јазици) перфектно, а притоа не ги студирале:

    1. И јас мислев дека знам англиски јазик перфектно, се дури не се запишав на филолошки. Тогаш дури сфатив дека ништо не знам. И сега откако дипломирав, сеуште сметам дека треба уште повеќе усовршување. Вие што си мислите дека знаете англиски само затоа што си ги разбирате омилените песни, можете да изгледате филм без превод, или си разговарате на фејзбук со другарчиња од странство - се лажете. Јас имав другарка која беше американка, па имаше двојка по англиски во средно.
    2. Било кој јазик на светот е "сложена материја", преполна со правила и граматики кои со гледање филмови или со неколку степена курс не може да се усоврши. Точно е дека вие ќе преведете, ама начинот на кој е преведено нештото треба да е добар. Една реченица може да биде преведена на 100 начини. За разлика од јазичарите, ви го знаете само едниот - најпростиот начин.
    3. Преводот и не е така едноставна работа. Земете и преведете некој стручен превод и да видиме на што ќе личи. Или текст каде што има поговорки или идиоми. Нас специјално не учеле како се преведуваат тие на македонски, и како треба да ги замениме со наши поговорки или изрази ... и обратно се разбира.

    Секогаш ми одело на нерви кога ќе ми речеле: "Па што се запиша на англиски јазик, глупости, сите ние си знаеме англиски, не треба факултет за тоа." Верувајте, ми рекле сто пати така. А затоа што такви коментари ми се испод ниво, одбегнувам да им ги објаснувам сите овие работи што ги спомнав погоре. За да научите јазик, треба некој да ве научи, нели? А кој? Пак филолозите што според тоа што го прочитав до сега "се на исто ниво со вас, па дури и некогаш полоши".
     
    На Meckicja, Nausicaa, Mimi123 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. strongy

    strongy Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    И јас го делам истото мислење и не му обрнувам внимание на тие што го потценуваат мојот факултет. Јас се гордеам со тоа што дипломирав на филолошки, но за жал сега е многу тешко за работа. Ако случајно знаеш некоја фирма на која и треба преведувач PLEASE сподели. Фала.
     
    На Sherryl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Јас познавам одлични преведувачи кои не завршиле филолошки, а има и такви кои завршиле еден јазик како главен јазик, а работат со друг јазик (главно англиски) и одлични се.
    Далеку од тоа дека го потценувам факултетот, ама не би тврдела дека само таму може да се научи јазикот.
     
    На Meckicja и glosipgirl им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Па Ариел, не е финтата да го научиш јазикот ако преведуваш. :) Штом преведуваш, јазикот значи ти е веќе на завидно ниво, и го разбираш така добро, го владееш на сите можни нивоа што постојат (разговорен, научен, публицистички) и немаш никаков проблем. Далеку од тоа дека нема луѓе што завршиле, пример Машински, и знаат англиски подобро од некој од Филолошки, ама дека тој што знае подобро, подобро и ќе преведе... Малку потешко. Мислам дека преведувањето е занает што се учи, а никако не се знае ако знаеш англики.

    Знаете, осет за преведување, или имаш и го доградуваш, или немаш. :D Некои немаат и никогаш нема да го добијат. Осет за преведување е да го опипаш стилот и тонот на кажаното во изворниот јазик, и да го кажеш истото, со истиот стил и тон на јазикот на превод. Тоа не секогаш значи буквален превод... Најпрост пример е англиското WOW - многу јасно дека нема УАУ да биде и на македонски, како што многу пати сум го сретнала. ;)
     
    На rossonerka, GordanaL, WildCherry и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    ^ ОК, не сум се изразила како што треба, ајде ќе парафразирам да бидам појасна, иако верувам дека повеќето ме разбраа. Знаеме каква е конкуренцијата на филолошки и колку треба да знаеш за да се запишеш, ама не би рекла дека не се учи, макар и да го дефинираме како надградување.

    Да дообјаснам, се согласувам дека да го знаеш јазикот и да преведуваш добро се различни работи. Во тој контекст тврдам дека има многу кои завршиле филолошки, а не ги бива за превод, како што има и други кои не завршиле филолошки, а ги бива за превод.

    И не е така само на филолошки, туку и за многу други факултети и струки, само не е тука местото да зборувам за тоа. Тоа што сакав да го кажам е дека не со диплома, туку со знаење треба да се удираме во гради и да не се лутиме ако некој друг успеал да достигне ниво на друг начин додека ние сме студирале.

    Да не бидам погрешно сфатена, не поддржувам неквалитетен превод, само сакам да кажам дека формалното образование не треба да се изедначува со квалитет. Тажно, ама вистинито.
     
    На Nausicaa, do-re-mi, glosipgirl и 8 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Ако е за така има и луѓе што од хоби научиле многу за медицината... Па ај нека прават операции :D
    И сите знаеме компјутери, ама не сме информатичари.
    Не знам дали моментално бара некоја фирма преведувач, ама и да бара мислам дека не плаќаат многу, за жал. И јас сум невработена.
    BTW, ако некој знае како да се стигне до работа за преведување филмови за на телевизија и слично, нека каже :)
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.988
    Дипломиран толкувач сум и целосно се согласувам со постот на Ариел. (и не ме интересира воопшто
    преведувањето и толкувањето, но тоа го сфатив доцна) :D
    Жалното е што на катедра ПИТ, како и на повеќето други факултети, дипломира и тој што треба и тој што не треба (односно не знае 3 реченици да напише точно).
    Уште пожално е што на ПИТ има едвај 2-3 професори кој искрено пренесуваат знаење, без да те гледаат како (идна) конкуренција.
     
    На glosipgirl, Ariel и Jewel им се допаѓа ова.
  9. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Доколку некој му треба превод (англиско-македонски и обратно) нека ми пише во ЛП :)
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Медицина е специфична гранка, ама знам одлични програмери кои не дипломирале. Знам и такви кои дипломирале, ама врска немаат.

    Како и да е, секој си има став, изграден врз основа на искуство.

    Прво - доволно видов додека студирав, иако тогаш не постоеше ПИТ, имаше наставна и преведувачка насока и се разликуваа само во 3 испити. Ама нема врска, тие што ги среќавам денес по кабини и не се од ПИТ, сите се повозрасни.

    Второ - сум соработувла со многу преведувачи, и од најдобрите двајца кои за хонорар од 10000 денари дневно треба да ги ангажираш минимум две недели однапред затоа што се „распродадени“ едниот има завршено француски, а преведува англиски, а другиот нема филолошки воопшто, а поминале тестови, на кои за жал многу филолози испопаѓаа.

    Инаку за тие што сакаат да почнат да работат превод - видете по фирмите што преведуваат - ЕСП, конгресен сервисен центар, фидбек, итн, прогуглајте малку и пратете CV. На почеток ако немате друга работа и можете да издржите нафатете се и за помалку. Цената се качува со тек на време, а занаетот со работа се пече. Знам луѓе кои пред 10 гидини почнаа за ептен малку пари, ама сега вадат многу добри дневници.
     
    На do-re-mi, glosipgirl, MSkorpionka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Навистина жално е што на кој како му текне си става "оглас" дека врши преводи.
    Аман бе луѓе, преводот не е играчка!
    Срам да ви е што ги спуштате цените, веќе ќе почнеме и по 10 денари од страна да преведуваме.
     

    Прикачени фајлови:

    На Bescheiden, senza.parole, Anne.B и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Навистина ми се повраќа кога читам преводи на филмови, серии итн. Тоа се луѓе кои “перфектно“ (по нивна оценка) го зборат англискиот и добиваат преведувачка работа пошто нудат ненормално ниски цени. А истите тие “перфектни“ познавачи на англискиот прават грешки од типот "I didn't went" и сл.... :^)
    Треба и те како факултет најмалку за да бидеш преведувач, а и талент не е на одмет и по малце осет за логика.
     
    На senza.parole и Doozy им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Читам дека преведувачите (т.е тие кои завршиле студирале на јазици) се лутат, зошто лаици за поефтини цени им ја *крадат* работата.

    Јас потполно ве разбирам, сфаќам и се сложувам.

    Ама, што очекувате во државава наша?

    И јас имам завршено Економски, ама секојдневно гледам како некој со Туризам, Градежништво, Информатика се вработил во банка, сметководство, комеријалист и многу други примери?

    Каде јас да се лутам и жалам?

    Кога е таква работата, и јас утре ако најдам работа како преведувач, ќе ја прифатам.
    И имам преведувано за поефтино, признавам. Фирмата беше презадоволна од мене, а јас си преведував од дома, парите си ги добив поштено на картичка, бев уште позадоволна.

    Времево стана борба, кај и да е да најдиш, да се упикаш, а не да гледаш каков факултет имаш. Што е жално, ама тоа е реалната ситуација. Затоа во државава се оди надолу.
     
    На Nausicaa, Kala22, Mimi123 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Јас како тип кој ја застапува теоријата дека работење на интернет е нешто најнормално во развиениот свет, а и ќе биде кај нас кога тогаш (за 50-100 год. :D), можам да ви дадам совет да барате работа на некој од многуте freelance-рски сајтови што постојат. Гледам дека бараат доста луѓе за превод или native speakers на англиски, така што ако мислите имате до тој степен познавање, можете да аплицирате. И јас сум екстра околу англискиот јазик, но сепак си имам професија, а тоа е програмирање, така што преведувањето го оставам на вас. :) А тие што преведуваат титлови на филмови ја користат следнава финта: ако филмот е на англиски, наоѓаат превод на српски/хрватски и после тој превод го преведуваат на македонски и демек оригинален е преводот, а е чист “фалсификат“. :lol: Фина работа е преведувањето кога ќе размислам, не е лошо. :)
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    И јас на бизнис-администрација сум, па од средно преведувам. И да се заврши филолошки, сепак е потребна техничка обука. Има огромна разлика преведување филм и сл. и преведување книги на пример.
    Се тоа може да се научи. Но проблемот е, кај да се најде работа кадешто знаеш дека ќе ти платат на време?! Дури по една година ми платија само мал дел од сумата. |(
     
  16. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Девојки , ми треба преведувач од англиски на македонски . Матријалот е некои 40 тина страници (има и слики) од областа на медицината и хемија . Кој е заинтересиран нека ме исконтактира во лп ,за да се договориме :)
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Не се работи за тоа кој каков има факултет завршено а каква работа моментално работи, туку со каков квалитет го сработува тоа што го прифаќа да го сработи за одредена сума на пари. Преведувач може да биде некој со да речеме економско (во примеров дури и пожелно е ако преведува стручна литература од област на економијата, финансиите и сл.) доколку умее правилно, убаво и разбирливо да го преведе текстот тогаш нема проблем, а не it's raining cat's and dogs(=истура дожд) да го преведува со „врне мачиња и кучиња„ :^) .
     
    На Silver.E и Sherryl им се допаѓа ова.
  18. greencandle

    greencandle Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    јас знам шпански англиски француски српски (македонски :D )
    ако му треба на некој слободн нека ми пише во лична порака ако му треба
     
  19. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    во случајов (преводи на филмови) мислам дека не треба факултет :?: јас сум само 13 години и порано си гледав со превод ама поради многуте грешки сега гледам без превод и се' разбирам, па дури мислам и дека можам да преведам некои филмови (ако не се со некои стручни изрази)..

    да не помисли некој дека барам работа, случајно ја начекав темава :!: :D
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.759
    Пол:
    Женски
    Мене ми треба совет, по можност од колегите преведувачи.

    Денес во 5 часот попладне ми дадоа 10 страни А4 формат за превод од англиски на македонски јазик, со стручен текст од областа на градежништвото и земјоделството, значи имаше секакви тешки термини. Со повеќето од нив прв пат се сретнав. Имав рок од 8 часа да го средам преводот, и да го пратам. За цена кога зборувавме, ми велат 100 денари од страна затоа што е обичен превод, не треба судски печат.

    Е сега, утре ќе се договориме за цената, а треба и да ми платат веднаш, па да си прашам јас, која би била пристојна цена од страна? Според мене, 100 ден. е смешна сума за целиот труд и време што ги потрошив јас. Без разлика на тоа што не треба печат, сепак јас изгубив цел ден за ова и вреди да ми се плати повеќе од 100 ден. Некој совет?