дали некој знае што всушност сака да се каже во песната, некако неможам да најдам што сака да каже авторот, а инаку песничката е убавка, ама коо не ја разбираш убаво ти губе смисла.што всушност се однесува на двајца другари разделени па здружени или....
Песната е за нив лично,односно за нивниот нарушен однос во незнамтамуколку години како и изразување за жалење за недоразбирањата што го предизвикале тоа.Затоа и се вика Shame,односно штета што никогаш не се слушнале еден со друг и поради тоа платиле цена,но као демек сега се свесни.И за сето тоа што им се случило можат да ги обвинат околностите,младоста лудоста,дека постојат повеќе верзии за нивната приказна,на Роби,на Гери и вистинската,но сега и да постоеле некакви причини веќе не се важни.И демек едниот сакал да му напише писмо за помирување( не буквално писмо за по пошта,туку си подготвил говор и сакал да го побара ),но зборовите му изгледале глупи,односно се плашел дека нема да биде разбран како што треба затоа што веќе и тој е изменет и не е човекот со кој некогаш бил толку близок,бла бла бла....ко баба ми што раскажува приказна го напишав ова,ама нема веза. Никогаш вака не сум прераскажувала песна. Ако сакаш буквален превод побарај си lyrics и преведувај си збор по збор.