1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Превозни средства...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од teddybear, 27 август 2010.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    краток наслов ама еве ке подобјаснам каква ми беше замислата ...

    со што се возите ?? ги користите ли нашите автобуси ?? приватни или државни ?? колку сте задоволни ??
    возите ли автомобил?? каков возите а каков би сакале да возите ???

    се надевам дека ви се допаѓа,мислам дека не сум сретнала ваква тема а ако има сободно делитнете ја.

    јас еве да почнам, се возам со бус ... во државните ужасно е и едвај издржливо... а не е ништо подобро ни во приватнитенемам своја кола а кога би имала би сакала тоа да е ламборџини или поскромно ибица жолта или сива.

    инаку обожавам и да возам ролерки ама тие не се превозно средство.. :rofl:
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Теди имаш грешкичка во насловот :$ :)
     
  3. tigricaa

    tigricaa Нов член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    СРЕДСТВА

    Иначе јас користам автомобил(од Салцбург го мкнеа да ми го донесат) :lol: Пошто јас со авион дојдов тука
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Уште не ми е време за кола , ама скромна сум за такви работи :)
    Во школо идам со автобус .. приватен или државен сеедно .. што ми наиде . Тргнувам на време , некогаш и покасно и не би да чекам тоа или тоа , би закаснила така :D
    Кога се враќам од кај дечко ми се враќам со такси , кога се враќам од негде касно , со такси се враќам .
    Кога каснам во школо одам со такси .
    И кога носам штикли и ме мрзи да идам , таксито ми е превозно средство :D
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    фала верии... сега уште да ми кажеш како да го сменам ??? :*
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Немам возачка, а некаде споменав дека немам ни желба да полагам.
    Ги користам нашите автобусчиња - и тие на градскиот крвоток :D и приватните.
    Што да се каже? :^) Во тие дуплите кога има премногу гужва и стојам точно на средина, тоа кругчето ротира за некои 180 степени и секој момент очекувам да се прекрши на половина. Си замислувам надгробна плоча и натпис - Го напушти овој свет во ЈСП автобус 5ка! :^)
    Приватната 23ка јас милувам да ја викам Желче-турс. Се' е јасно.
    За цената на билетот е ок. Никој во Европа нема толку ефтин градски превоз колку нашиот. Половина евро, а те вози од еден крај на Ск до другиот.
    Сепак, автобусите се нечисти, повеќето стари и бавни. За пофалба се 3ка и 35ка, секогаш се попразни и брзи.
    Не сум се возела во ниту еден од новите автобусчиња, ама другарка ми направи кисела фаца. Седиштата биле платнени, а тоа е најлесниот начин да се шират микроби и болести.
    Епа кога веќе ја привршив оваа автобуска одисеја :rofl: (се извинувам за должината на постот, просто сум инспирирана), кога е премногу ладно или премногу топло си се возам со такси. Напоменувам дека од дома никогаш, никаде не ме развозува никој. Ја немаме таа навика.
    Инаку сакам да си купам такво баги на три големи тркала и да си го возикам тоа низ град во убавите сончеви денови. Многу ми е привлечно (а е воедно единственото на кое можам да одржам рамнотежа од семејството мотори). :lol:
     
  7. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    343
    немам уште возачка за срамота сум но во скоро време ќе имам и сакам да имам кола а немам.значи секогаш патувам некаде со другарка ми таа има кола,или подолго са воз до скопје....а во скопје најчесто патувам пешки зошто со кола некаде и тешко да стигнеш на време поради големата гужва
     
  8. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    97
    Јас стално си одам пешки и немам проблем околу тоа бидејќи живеам во мало место.Инаку автомобил немам,а би сакала да имам и тоа многу.
    Автобуси исто така кај нас нема за низ град,а кога ептен ми е потребно се возам со такси!
     
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Кога бев средношколка користев автобус, на факултет ми рипна стандардот и се возикав со такси :) ,се шалам , се собиравме повеќе девојчиња и ни се исплатеше таксито.
    Сега користам такси, а наскоро се надевам дека ќе добијам возачка па ќе си се возам сама :)
     
  10. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Најчесто и на блиски и на подалечни дестинации се возам со такси...ич неможам да пешачам,Сите пари на такси ги дадов значи понекад мислам дека таксистиве се збогатија од мене :D :D а понекад и татко ми ме префлува до негде кога има потреба.Сеа почнав обука да земам за возачка па во најбрзо време ќе почнам и јас самата да си возам,само уште тато една кола да ми пецне ќе ми фали :lol:
     
  11. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Никогаш со автобус не сум се возела се разбира понекогаш одвреме навреме но не памтам ехее откога не сум влегла во бус.Во средно се собиравме повеќе соученици и со такси накај школо а потоа на факс исто така,така да редовна сум со такси,досега една убава кола ќе купев да ги собирав парите...Сакав да чкртнам на темава поради тоа што си има една гоолема желба :) имам возачка веќе 4 год но немам кола :( моите родители возат како и брат ми но не стигнувам јас на ред и имам огромна желба да си купам бидејќи ми е здосадено да се трткам како ќе стигнам ваму како таму па имам ли за такси па немам време да се качам на бус ќе доцнам...оф Домашните имаат големи трошоци околу сметки студии наши па не стигнало на ред,а јас се чувствувам неблагодарно па да барам да можат сигурно веднаш ќе ми купат..ваљда :D и така :)
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Како студент автобус, патував до Скопје секој божји дееееен. Сум се возела и во воз, траект, метро, авион. А сега возам автомобил- Тојота ;) . Без кола неможе да ми почне денот, одсабајле развезувам деца по градинки, па на работа а и таква ми е работата динамична да 8 часа несум врзана на компјутер туку одам и на терен. Како и да е набивам километража, набивам :lol:
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Возачка немам. Можда ќе полагам некогаш, ако дојдат подобри времиња.
    Кај нас тука јавен автобуски превоз ми се чини и нема. Кај ќе одиш жити се низ Охрид со автобус? Можда од Влашка Маала до Воска.
    Татко ми мноооооооогу ретко ме носи негде. Ако е некоја екстремна ситуација. А такси? Ретко се возам. А ноќе влегувам само ако имам друштво.
    Иначе претпочитам пешачење.
     
  14. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Со автобус се возам.Приватен,државен,кој и да налета се качувам.Имав шанса и да се возам во неколку од новите автобуси.Добри се,но кога веќе имаме убави и модерни автобуси зошто и улиците да не ни ги направат.
    Со такси се возам кога се враќаме од Центар накај дома и нема бус.Не ми се случило сама во такси да се возам.
     
  15. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Кога сум дома бидејќи сум од мало место одам пешки,некогаш и брат ми ме носи некаде,зависи,кога си идам од кај дечко ми со такси.А инаку кога сум во скопје користам автобуси и ич не ги сакам :worried: а не ретко и такси и парите дадени за такси никогаш не ги жалам :)
     
  16. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Абе автомобил... си седнеш ко човек и си одиш кај што ти душа сака 8) Абе сега го меркам ...а да му ја здувнам негде :)
    А гарант ќе му ја здувнам сега ......
     
  17. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Даа кола си е кола!Леле во средно скиснав со автобусите секој ден мн мачно ми беше!Ептен сега ретко се дешава или ако не е тука колата или ако немам пари за такси :)
     
  18. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Сега скоро си купив нов точак со тенки гуми и доста брзо вози. Летово се изнавозев, ама дечко ми е толку мрзлив што не сака да чуе да се вози со точак. Он сака фино лепо да си се качи во кола која ја гледа како очите. Цела му е изнамирисана, исполирана, што ти знам јас, а средувањето и перењето му е цел ритуал. Јас немам возачка, ниту пак желба за полагање. Низ градов е лудило, па на факултет си одам со автобус и ги користам услугите на ЈСП :lol:
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Немам возачка, ниту желба за возење, страшлива сум, ама мене брат ми ми е личен шофер. И дечкото. Ретко одам пеш, макар и до најблиската другарка, посебно сега на овие горештини. На факултет одам со автобус, мини автобус, од фирма од која навистина сум презадоволна, ама сепак, автобус е автобус, некогаш е навистина мачно и жешко, во зима ладно.
    Е сега, другите превозни средства, воз, еднаш сум се возела,и имам желба пак, ама немам време да ги посетам Скопјанкиве мои ;) :lol: . Авион, не би се качила, освен со целосна амнезија, така :$ :lol:
    Кога бев помала нонстоп бев на точак, сега ми е искршен едниот, а тој од брат ми нема гуми целоооо летоооо( го смрзило да ги залепи) па така и на тоа не се возам. А требаше бе летово. :fubar: Одприлика тие јас ги знам за превозни средства :rofl:
     
  20. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Во градски автобуси се возам многу ретко, повеќе преферирам такси или па ако имам време и пешачење.
    Но автомобил си е автомобил. Скоро ми купија нов автомобил па сега почесто си се возам со него :)