имам возачка, сакам да возам и ми треба кола....ама тато не ја дава ми ветија за матура штом положам, ех не после беше за дипломска....ете си дојде се по ред ама од колата ни трага ни глас....ај кога ќе се вработам ќе си купам едно на 4 тркалца и ќе возам затоа што имам и желба и потреба засега ги користам врвните услуги на јсп од прва до последна станица секој работен ден, а во меѓувреме менувам уште еден автобус за 3-4 станици....долга релација имам до факс.....иначе добро ги владеам броевите - 70% од линиите сум ги испробала...имам пријатели на сите страни на Скопје па често ги посетувам и засега добро се снаоѓам иако немам компас во главата, ама не е големо скопје нема да се изгубам ако многу се брзам се качувам во такси и преку ден, ама обично такси превозот ми е за навечер кога се враќам од излегување, ретко кога имам друштво за до мојата населба па си давам околу две стотки за такси сама и немам фобија, се е навика комбинирам секаков вид на превоз...во границите на можностите (сега немам авионска писта или хелиодром ) само ме нервира што до факс ми е 15 мин. со кола, а јас морам 45 минути да го вртам цел центар со автобус затоа што немам кола сега тоа има предност....сите тие патешествија и доживувања во јсп се незаменливи, но за тоа во некоја друга прилика
Се возам со ЈСП а слободната максимално ја искористувам хехе Живеам на такво место кај што морам со автобус да идам...(може и со кола ама не возам хуху а со такси мн е скапо) Автобусите ги мразам најмногууу посебно во петок со пензионерите бјак Ама тое е тоа, кога се мора..xD
најчесто користам автобус (пошто пред школо застанува, а и постојката ми е блиску ), а и такси често користам посебно сега во лето, порано знаев и со точак да си појдам до негде ама братучед ми ми го собра (леле колку е убав, со зелено, ќе ми го дајш и фацичкава ), сега на брат ми моторот го мерка таман му бил, а 7 год има , инаку знам и со ролерки да појдам до негде (поблиску, до кај некоја другарка, ако се рачунаат како превозно средсво ), а и патикиве вршат работа посебно за губење калории
Повеќе сакам да се возам во приватните автобуси, но ако ми се брза може и да влезам во државен, сеедно ми е. Ама најмногу мразам да се возам во државен автобус во петок, кои гужви се тогаш не е нормално. А за возачка и автомобил ми е се уште рано, ама кога ќе имам возачка би сакала некое Ауди да имам.
нити имам положено,нити пак мислам да полагам возачки испит! во животото мислам дека се можам да бидам само не и шофер Не ме бидува,еднаш имам пробано да возам и дефинитивно го убедив на татко ми дека возачка дозвола со моето име нема да види! ептен сум тапа за возење ...искрено,немам и некој мерак за да возам! кога ми треба превоз до некаде ме носи или дечко ми или тато! ако пак тие се зафатени тогаш одам со такси (во мојот град нема јавен градски превоз а и таксиот не е многу скапо) Инаку си обожавам и да си пешачам,и најчесто на работа одам пеш...(20 минути пешачам)...и така
Преку ден до град, до кај некоја другарка, до факс си одам со автобус а неретко и пешки особено кога времето ќе ми се погоди. Такси користам за искачање кога сум средена штикла фустанче едно друго некако глупаво ми е во автобус да се возам макар дала и 200ден за еден правец. Сега земам часови за кола па се надевам наскоро дека ќе се наполни возниот парк и ќе си возикам !
Ни самата не знам колку пари имам давано за такси..ако ги собирам ќе испадне со тие пари да можам кола да си купам. И еве сега почнувам да одам Авто-Школа и да се стави крај на маките мои. И мислам дека за девојче е најубаво да знае да вози кола.Има секакви манијаци и на таксистите не треба да им се верува.Мој заклучок:кола си е кола-најбезбедното средство.
За низ град со нозе или со такси За до друг град со автобус или воз само што многу се бавни возовите наши
Епа факсот ми е така подалечку па морам со автобус дури и два ги мењам, еден до центар и еден од центар до карпош... за автобусите имам само еден збор КРШ, а да не зборам дека у петок и не ми се влага па избегнувам да идам на факс у петок, освен ако полагам си идам со такси... ахх тие стари место дома да си седат ги пунат автобусине маскимално ама тоа е За искачање ако не сум многу дотерана си идам пешки, ептен ми е блиску, а навечер се враќам со такси, или ако имам друштво и пешки
Планирав да полагам за возачка, ама се откажав. Тоа ќе го одложам додека да станамсигурна дека можам да возам. За навака натака низ градот си користам такси. баш кај мојата зграда има постојка на една такси компанија па скоро секој ден или по потреба , се возам со нив. Накај школо исто така со такси одев, неколку луѓе се собиравме и одевме. Во новиве автобуси немам влезено, не сум имала прилика, ниту потреба. А и не сум човек што поднесува буткање и гужва, имам проблем со тоа. Исто така, често со точак си одам ако е блиску релацијата. Така ми е најубаво, поготово во преиодот рана есен.
Za izlegvuvanje vo grad koristam taxi, i ko ke se vrakjam doma mnogu docna....inaku koga stanuva zbor za preku den, obozavam da peshacam i ja koristam sekoja moznost da pominam kilometar dva na den so tek na vreme mozam i oslabam )))))
Превозно средство што користам најчесто е такси(за жал уште не сум полагала за возачка, кога ќе имам повеќе време обавезно), а би сакала да возам Rolls Royce Phantom Coupé ...аххх...
Најчесто со такси одам секаде,имам возачка веќе 3 години ама немам кола нажалост Инаку сакам Порше двосед да возам или некое Бмв
И јас возачка имам, а кола немам Коли беси дома, да ми ја дадт некогаш на кратко, а преголема желба имам да возам Се возам со такси редовно, од тие пари што ги има фрлено по такси, 3 коли ке купев. Ретко пешачам, од пуста мрза, или ми е жешко или ми е ладно, и не можам да го најдам задоволството во пешачењето Многу се нервирам за оваа тема
Јас напишав погоре дека имам положено пред 7 години и од тогаш не сум седнала да возам, али во последните две недели дечко ми се обидува да ме научи и морам да кажам дека сим невиден АНТИТАЛЕНТ за возење. Кога полагав баш добро си возев, али сега ужас. Ме фаќа паника кога треба да се разминам со друго возило, па си подзастанувам , а овој мојот само вика и се расправа, сум правела да чекаат коли позади, никој немал време мене да ме чека да појдам под рачна и такви слични ствари
Со што се возите ? Ги користите ли нашите автобуси? Колку сте задоволни? Од мала автобусите ми причинуваат гадење и или сум повраќала, или ми се вртело, сум позеленувала целата во фаца. Сега редовно си се возам со автобус до школо и назад, освен прва смена кога сум, па татко ми изигрува возач. Секоја среќа се симнувам на 4тата станица, повеќе не знам дали би можела да издржам. Порано одев со такси, стандард. Откако поскапе и ми зима 100 денари во еден правец, ставам рака на уста и шибам со 5че. Новите автобуси ме нервираат повеќе затоа што цела маса народ кон нив се упатува. Од една страна имаш пензионери кои дрндаат за буквално се непотребно, од друга страна тутма, ќеси, хаос. Возите ли автомобил? Каков возите, а каков би сакале да возите? Не возам, допрва ќе полагам. Мразам сообраќај, се плашам од автомобили и товарот кој го носат со себе.