аухх здравје боже иако сега за сега сум сеуште мала за автомобилче ама би сакала да полагам и да возам едно вакво ауди во тај стил
Имам возачка но сеуште немам свој автомобил. Инаку во план ми е да си купам и да го остварам овој сон. Не мора да е некоја голема, којзнае колку скапа кола, туку едноставна и модерна, добра за низ град и лесна за паркирање. За автобусите можам да кажам дека воопшто не ми се омилени. И колку што можам избегнувам да се возам во нив.
Сеуште немам желба за возење, а немам ни возачка, можеби еден ден сега не.. Не живеам во кој знае колкав голем град па сегаде се стигнува за 15 мин најмногу, што значи слободно можеш да излезеш пешки. Е сеге имам проблем мојот мрзливко никаде не оди без својата кола па кога сум со него се возам со кола, а кога сум со другарки често одиме пеш, а ако некогаш некаде доцнам тогаш со такси.
За превозно средство прво на листата би го ставила автомобилот. За секоја пригодна, дали е итно или не, колку далеку треба да се патува, на одмор, секојдневно - автомобилот за многу употреби. Автобусот ретко користам, ако одам во град или сега од средно ке биде секојдневно употребуван, и тоа со два автобуси накај училиште, со два автобуси за назад, ке ми се стужи така секој ден.
Кола имам, за возачка ќе почекам една година па ќе ја возам колата. До тогаш такси и автобус (имам слободна бесплатна), па и ако повеќе ми одговара автобусот ќе се возам со тоа и понатаму до факултет пр., зависи иако колата останува за сите други прилики
Скоро секогаш со автобус и тоа градски зашто од работа ни плаќаат слободна што да ви кажам све знаете-к а т а с т р о ф а......среќа што се возам 15тина минути а вторник и петок не ми се влегува До скоро си имав и кола и често одев со неа кога ја земав во ск-бидејќи не е само моја ама неодамна моравме да ја продадеме ,а на дечко ми колата многу ми е тешка за возење па си преферирам со автобус да не направам некоја беља се надевам дека ускоро ќе си имам нова кола...оти обожавам да возам...возам веќе 8 години и не ми е проблем...со такси ретко оти сега како што е изгор-не фала
Во нашето мило и мало гратче не е развиена гратската автобуска линија. Така што јас никогаш не се возам со автобус. Училиштето ми е блиску, одам пеш. А ако врне со такси. Автомобил не возам, мала сум. За каков автомобил сакам, искрено незнам, до тогаш има време, рано е, а и сега не сум некој манијак по коли не се разбирам баш Онака за до центарот ми е блиску, пешки одам. Ама на пример имам една другарка што живее подалеку, и понекогаш кај неа одам со такси, ама претжно пеш. Сакам повеќе да пешачам! Ах, да. Јас сакам да возам велосипед ама и тој не спаѓа
Се возам со автобуси, и тоа државни.. Веќе сигурно знаете како е внатре, поготово ВТОРНИК и ПЕТОК. Пекол во буквална смисла на зборот ... Пензионерите баш тогаш наоѓаат да одат на пазар и да ги вршат своите обврски. Ајде, можеби и би прогледала низ прсти (и јас имам и баби и дедовци, меѓутоа далеку се разликуваат од следниве од подолу наведениве)доколку не знаев дека некои само така си користат прилика и без врска качи се, симни се и тако даље кроз цел ден Тоа најмногу ме иритира. Да не спомнам дека постојат и многу безобразни, па дури и старци, кога гледаат автобусот фул дека е ќе се прилепат за некое девојче онака одпозади па можете да замислите како изгледа... болни луѓе има дефинитивно Патем, со задоволство би си земала некое BMW
До пред некое време редовно користев автобус, 4 години средно секој проклет ден се дрнкав по автобусите на ЈСП, и животот ми се стужи. На факултет на почетокот ме носеше брат ми, не од што сакаше туку уз пат му беше за до работа, потоа си се заљубивме со Петко а тој вози, и од тогаш до сега дали 10-тина пати сум се качила во автобус. Кога Петко несака да ме вози негде и морам со автобус. Возачка немам, а многу сакам да возам, кола „имам„ ќе ја позајмувам од Петко, но ете се токмам две години и никако да земам да полагам, само одложувам. Но планирам следната пролет кога ќе завршам со факултетот да полагам зошто нели сега по огласиве за работа бараат и возачка. Сум се возела и со воз, но некако многу ми е напорно, се дрнкаш неколку саати, и кога ќе се симнеш мислиш морска болест си фатил. И со брод имам пловено, интересно искуство само уште не сум летала со авион, некако ми е така малкуцка страв . А сега ми текна дека и за тоа каква кола сакате е темава, епа за почеток додека научам да возам како што треба би била задоволна и со едно Југце, делови на кило да купуваш има а и башка евтини. А може и едно Пежо 206 цц, многу ми е срцкасто . Како ми ја погодиле бојава, баш како за мене .
Велосипед и ролерки . Такси - во најитен случај . Градски автобус - не ни имаме некојси посебни ,така да ..не ,а и кога би имале не би се возела ,многу ми смрди (посебно на жештиниве ! )
Па пешки ако идам до негде кај шо ми се фака 3-4 километра ги идам пешки.. Или со автобус.. а за вракање навечер 3-4 по полнок со такси.. не ми е баш безбедно местово на живеење.. Не искачам на стикли и затоа одам пешки .. На автобусот се навикнав веке тоа е .. вторник и петок војна.. ама како они така и ти со нив хаха.. Таксиво не е такси сеа.. за 2 мин возење 100 денари ма немој молимте .. ке одам 20 мин ама 100 ден за 2 мин не давам
Најчесто пешки или со такси.. Живеам во помал град каде автобусите се користат најчесто само за релација град село па така немам потреба од автобус, а возачка имам но не возам за жал
Многу пешачам, сакам да пешачам, убаво ми делува, и во лето кога е претопло и се знојам одејќи, и во зима си вдишувам ладен воздух и ладам глава. Само невероватна мрза сум и практикувам на кратки релации или кога ме шета кучето. Инаку автобус.. сакам да се возам и во автобус, иако некогаш на пола пат искачам од што ќе ми се снеможе. Ехее колку размислувам во автобус, да си земев некое тетратче со мислите што ми надоаѓаат книга ќе напишам. Премногу пати ми се има случено да се занесам, и да се симнам една станица подоле од посакуваното.. Такси кога ептен брзам и навечер, после излегување бидејќи да возам сеуште не знам, во план ми е летово или почетокот на есенва да земам часови, и едно мало слатко количе доволно ќе ми е.
Или сум со мојата кола или со такси, автобуси мразам значи не можам со нив, а воз уште помалку, еднаш со воз се имам возено и никогаш повеќе.
Со бус се возам секој ден...зависи кога како фатам гужва иначе со пензионериве не се издржува абе фул е автобусот нема кај нога да стаиш на прсти ке стоиш ти се чини ама имам школски билет така да не се замарам напред да се качам да вадам карта
Често одам пешки кога треба да стигнам негде, најубаво ми е си ја разбиструвам главата Навечер моите ме носат и земаат од град. На училиште одам со комбе бидејќи е надвор од мојот град.
Во мојот град користам најчесто такси, всушност најчесто пеш си одам, но кога веќе дискутираме за превозните средства, а во Скопје каде што студирам ги користам автобусите од ЈСП.