1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предавство (Betrayal)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од anuskaNESTLE, 9 април 2014.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    [​IMG]

    Серијата е драма, па обожавачи на драми, навалете, симнете ја, од-ма. :)
    Ја открив пред една недела, и имав еден ден слободен само за мене, дечко ми на работа, и седнав демек една епизода да jа ѕирнам каква е, и завршив станувајќи после 8 епизоди изгледани. :tmi:
    Утредента нормално одма ја завршив и можам само да кажам дека е прекрасна, одлична!
    Како и за серијата, приказната, исто и за глумците, изобилува со убав кадар на актери и актерки. Серијата има интересна приказна, брзо дејство, интригни сцени, се на се да заокружам - интелегенција, моќ, неверство, ривалство.
    Се е така убаво скоцкано, концентрирајќи се на две навидум среќни семејства, на главната улога Сара, која е фотограф, несреќно омажена (се чувствува запоставено од сопругот, кој е млад адвокат, амбициозен за нови битки и да биде нов магнет за насловни и новинари), која има афера со адвокат на едно моќно семејство, кој исто така има жена и деца.
    Иако изгледа како да ви ја раскажав целата серија, не драги мои, ова се се случува во првата епизода, па после приказната си продолжува.

    Штета најголема што има само една сезона, од 13 епизоди, од по 45 минути, нормално, типично, и воопшто не сум изненадена, се што ми било добро, е недовршено оставено и укинато...
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.567
    Пол:
    Женски
    Предавство ( Betrayal )

    Јас ја гледам на Foxlife. Не знам до која епизода е точно, но многу ми се допаѓа серијава. Едвај чекам наредна епизода да почне.
    Ми се допаѓа што брзо се одиваат настаните, нема влечење, нема преголема драма пред да се случи настанот како некое најавување.
    Сара ми е прекрасна, толку е природна што воодушевува.
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    И јас почнав да ја гледам серијава.
    Ми беше интересна од старт ама можев да ја гледам со размак се додека не почна да стануваат сумљиви овие љубовџииве. Е тогаш веќе не се станува без 3-4 епизоди, а времево што го немам ме убива али еве утре би требало да ја завршам :) Во неколку наврати може да се изгледа комотно :wasntme:

    Туку сакав да прашам: јас имам впечаток како да фалат сцени, дали тоа е до моите снимки или пак така си се снимени епизодите?
    Конкретно в очи ми падна моментот кога ЈМ и ѕвонеше на Сара пред судницата и кога маж и го виде. Така заврши епизодата ама што се случи тогаш? Како изреагираа двајцата?
     
  4. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Што мислите за крајот на серијава? Кого чекаше Сара во ресторанот?
     
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Јас мислам маж и (заборавив како се викаше :tmi: )
    ...ама сакам да викам дека бил тој геј-фотографот, понеутрално е така :lol:
     
  6. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Симпатична серија, интересно обработена.
    Во последниве епизоди почнав да навивам за Drew и мислам дека него го чекаше Сара на крајот. Детенцето колку им е преслатко, love bug. :hug:
    Ми се допаѓа цела приказна и брзиот тек на настаните. Нормално дека ја изгледав за рекордно време, ама се разочарав кога видов дека е само една сезона. :doh: Се снима втора или? :?: